Џафери во текот на денот се очекува да донесе одлука за иницијативата за референдум


Претседателот на Собранието Талат Џафери ја добил иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за одржување на референдум за поништување на Договорот со Бугарија и се очекува во текот на денешниот ден да донесе одлука во врска со уредноста, откако ќе ја разгледа, информираат собраниски извори за МИА. Доколку одлуката добие „зелено“ светло, тогаш тој треба да ја проследи […]

Девет европски земји планираат големи вложувања во ветропаркови во Северно Море


  Девет земји членки на организацијата „Северноморска енергетска соработка“ во текот на следните децении планираат големо зголемување на производството на електричната енергија преку офшор електраните на ветер, како дел од напорите за борба против климатските промени и за постигнување независност од увозот на фосилни горива, особено од Русија. Германските власти соопштија дека членките на организацијата […]

Битиќи: Соработката и солидарноста е патот во справување со климатските промени


  Вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи се обрати на отворањето на Втората конференција за глобално програмирање на Зелениот климатски фонд, што од денеска до четврток се одржува во Инчеон, Република Кореја. – Не е само енергетската криза што влијае на повеќето економии на земјите во Европа, туку се […]

Во четврток и петок температури над просекот за овој период од годината


До петок времето ќе биде стабилно со позначаен пораст на температурата. Особено топло ќе биде во четврток и петок, кога дневната температура ќе биде над просекот за овој период од годината, информираат од УХМР. Во сабота ќе има локална појава на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во недела ќе дува силен […]

Вмровски удар за Арсовска: директорите на „Градски паркинг“ и на „Дрисла“ поднесоа оставки


  Бојан Христовски, досегашниот директор на ЈП „Градски паркинг“-Скопје, како и неговиот колега од ЈП „Дрисла“ – Скопје, Јане Мицевски, преку Фејсбук соопштија дека дале оставка од функцијата директор.  Во само два дена, градоначалничката Данела Арсовска остана без тројца директори, откако му даде отказ на директорот на „Водовод и канализација“, Златко Перински, заради наводно самоволно […]

Ковачевски-Мицотакис: Најдоцна до средината на 2024 година со гас ќе се снабдуваме и од Грција


  Премиерот Димитар Ковачевски во Атина, Грција, оствари тет-а-тет средба со премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис. На средбата во рамки на работната посета на Ковачевски во Атина, премиерите разговараа за последиците од енергетската криза во светски рамки и енормниот раст на цените на електричната енергија, соопшти Владата. Ковачевски и Мицотакис дискутираа за состојбите и предизвиците […]

Владата ќе ја одржи 82. седница


  На предлог на Министерството за информатичко општество и администрација, на дневен ред на денешната 82. владина седница е ставена Информацијата за потребата од потпишување на Меморандум за соработка помеѓу DAI Global,LLC. и Владата на Република Северна Македонија. Како што соопшти владината прес-служба, за разгледување од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се предложени и […]

Германија заробена во сеништата од минатото, не и дава тенкови на Украина


  Сакајте ја Германија или мразете ја, но малкумина би оспориле дека тоа е земја на песимисти, земја во која чашите се полупразни и секоја сребрена облога доаѓа со темен облак. Се разбира, постои германски збор за овој феномен: Schwarzmalerei, сликање црно.    Во понеделникот, Кристин Ламбрехт, последниот од долгата низа германски министри за одбрана […]

Жан-Лик Годар, колосот на францускиот Нов бран, почина на 91 година


  Жан-Лик Годар, француско-швајцарскиот режисер кој беше клучна фигура во Nouvelle Vague (Нов бран), филмското движење кое ја револуционизира кинематографијата кон крајот на 1950-тите и 60-тите години, почина на 91-годишна возраст, објави францускиот весник „Либерасион“. Најпознат по својот иконокласитичен, навидум импровизиран стил на снимање, како и непопустливиот радикализам, Годар остави свој белег со серија сè […]

Уставниот суд утре ќе расправа за недела неработен ден


Уставниот суд утре ќе расправа за неделата како неработен ден, потврдија од оваа институција преку соопштение до медиумите. Вчера, претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, рече дека оваа асоцијација на стопанствениците не ја повлекла иницијативата за оцена на уставноста за неработењето во недела. Тој рече дека во јануари имале две недели да се […]

Каспаров: Продолжувањето на војната е единствен начин за Путин да остане на власта


Гари Каспаров, кој се смета за еден од најголемите шахисти во историјата кој го држеше првото место рекордни 255 месеци и кој е водечки глас во руската опозиција, смета дека Украина напредува многу подобро иако се уште е рано да се каже дека е готово. -Ќе имаме уште многу месеци исцрпни борби бидејќи Русија има уште […]

За наградата „Пегаз“ за 2022 година ќе се натпреваруваат 38 ракописи


  На четвртиот конкурс за наградата „Пегаз“, за најдобар необјавен роман на годината, што го организираат издавачката куќа „Арс Ламина“ и Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, пристигнаа 38 ракописи. Конкурсот беше отворен на 28 април и траеше до 1 септември 2022 година. Во периодот што следува, пристигнатите ракописи ќе ги […]

Жител на неготинско село физички ја нападнал ќерката, кавадарчанец се заканувал на сопругата


Жител на неготинско село физички ја нападнал ќерката, кавадарчанец се заканувална сопругата, двајцата биле лишени од слобода, информираше денеска Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес. – Вчера, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода Г.Ц.(42) од неготинско село затоа што претходниот ден, по кратка расправија со неговите родители, сопругата и децата, физички ја […]

Грција влегува во „бугарско сценарио“, да има избори, а да нема влада


АТИНА – Постојаниот скандал со шпионажа го наруши политичкиот пејзаж на Грција, поттикнувајќи ги сомнежите дека земјата може да формира стабилна влада по следните избори. Контроверзноста започна минатиот месец кога владата призна дека го прислушувала телефонот на лидерот на опозицијата – потег што го нарече легален, но погрешен. Потоа скандалот прерасна во лавиринтска приказна која […]

Селекторот Благоја Милевски го објави списокот со повикани фудбалери за Грузија и Бугарија


Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски го објави списокот со фудбалери за последните два натпревари против Грузија (23. септември) и Бугарија (26. септември) од групата 4 во Ц сегментот од Лига на нации.  Првиот септемвриски меч ќе го одиграме на гостински терен во Тбилиси, домашниот натпревар против Бугарија е закажан на Националната арена “Тодор […]

И Пентагон бил изненаден од успехот на Украинците во офанзивата кај Харков


  Дури ни Пентагон не очекуваше дека украинскиот блицкриг ќе се движи толку брзо. Највисоките западни одбранбени функционери однапред беа информирани дека Украина планира контраофанзива на два фронта за да ја врати територијата заземена од Русија, но тие се изненадени од жестокото темпо на успесите на Киев на север, според четири официјални лица со знаење […]

Русија го приведе менаџерот на фабриката за авиони: „Праќал тајни на Украинците!“


  Русија го уапсила главниот менаџер на фабрика за авиони поради сомнеж дека на Украина и праќал тајни воени информации, јавија руските новински агенции повикувајќи се на ФСБ, сојузната безбедносна служба. ФСБ објави дека мажот се сомничи дека ја фотографирал опремата на руските борбени авиони и ги праќал на украински државјанин кој работле во украинска […]

Фронтекс договорот ќе биде потпишан на македонски јазик без никакви додавки


Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, во гостувањето на „Топ Тема“ изјави дека Владата има јасна цел и дека се водат од државните интереси, државничките пориви и желбата да оди државата напред, потенцирајќи дека едниот интерес е да се зачува нашиот идентитет и јазик, а вториот, Северна Македонија, да стане членка […]

Албански КЕШ купи струја за една недела во вредност од 28,9 милиони евра


  Албанската државна електро корпорација, КЕШ, обезбеди електрична енергија за една седмица, до 18 септември, во вредност од 28,9 милиони евра. Според податоците од тендерот, набавено е количество од 58.660 Mwh по просечна цена од 494,20 евра. Во изминатите осум месеци за задоволување на потребите компанијата увезла струја во вредност од 305 милиони евра, наспроти […]

Пет планинари од ПК „Љуботен“ го искачија Митикас, највисокиот врв на Олимп


Пет члена група на планинари од планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово викендов се искачи на Митикас, највисокиот врв на планината Олимп и во цела Грција.  Дел од екипата беа Надир Мурсели, Владимир Златковски, Игор Стојановски, Дарко Спировски и Бојана Арсовска. – Искачувањето започна во саботата околу 5 часот изутрина и претставувааше подвиг во еден ден, […]