САД воведоа нови санкции против поединци и организации кои ја олеснија руската инвазија на Украина


 Соединетите Американски Држави денеска воведоа нови санкции против поединци и организации кои ја олеснија руската инвазија на Украина, соопшти американското Министерство за финансии. „Новите санкции се насочени кон 22 лица и две организации кои помогнале да се унапредат целите на Москва во Украина и пред и по почетокот на руската инвазија на 24 февруари“, се […]

„Шампион на шампионите“: Пензионирањето на Федерер стана светска вест


Швајцарија- Почитта брзо пристигна во четвртокот кога Роџер Федерер објави дека се повлекува од тенисот по кариерата која траеше повеќе од две децении и му донесе 103 титули во сингл. Ривалството на Федерер со Рафаел Надал е дефинитивен дел од тенисот овој век, а Шпанецот изрази жалење што нема да се сретнат повторно во финале […]

Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс го очекуваат четвртото дете


САД– Блејк Лајвли е бремена! Ѕвездата на „Gossip Girl“ ги шокираше новинарите на 10-тиот годишен самит на Forbes Power Women’s денес, покажувајќи го своето бебенце на црвениот килим, според TMZ, и таа апсолутно блескаше од среќа. Тоа ќе биде четврто бебе на Лајвли и нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс. Двојката веќе ги дели ќерките Џејмс (7), […]

Каде живеат американските милијардери? (инфографика)


  Повеќе од една четвртина од светските милијардери живеат во САД, односно 720 од околу 2.700 во светот. Иако земјата има повеќе милијардери од која било друга, американскиот удел на глобалните милијардери всушност се намалува во последните децении. Во 2010 година, околу 40 отсто од светската популација милијардери живееше во Америка – а денес таа […]

Тимоти Шаламе е првата машка ѕвезда на насловницата на британски Вог


  Англија- За прв пат во 106-годишната историја на британскиот Вог, модниот магазин стави машка ѕвезда на својата насловница: ѕвездата на Вонка, Тимоти Шаламе. Актерот и модна икона позираше за италијанскиот моден фотограф Стивен Мејзел. Како што објаснува магазинот, 26-годишната ѕвезда оставила неизбришлива трага на својата генерација што е премногу тешко да се игнорира. Но, […]

Путин му е благодарен на Џинпинг околу Украина


  Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот му се заблагодари на кинескиот лидер Ши Џинпинг за неговиот „урамнотежен“ пристап кон украинската криза и ја критикуваше „грдата“ политика на Вашингтон на состанокот што уследи по големото назадување на Москва на бојното поле. Говорејќи на почетокот на разговорите со Ши во Узбекистан, Путин рече дека е подготвен […]

Новата Ким Кардашијан вели дека нејзиното следно момче би можел да биде невролог


  САД– Ким Кардашијан очигледно ја барала љубовта на сите погрешни места. По нејзината тековна драма со поранешниот сопруг Канје Вест и раскинувањето со Пит Дејвидсон, ријалити ѕвездата одлучи да заземе нов пристап. Во гостувањето во „The Late Late Show“, Кардашијан му кажа на водителот Џејмс Корден дека моментално е сингл и не бара да […]

Америка го стави на црната листа и Рамзан Кадиров, шефот на Чеченија


  Американското Министерство за финансии го стави шефот на Чеченија, Рамзан Кадиров, неговите полнолетни ќерки, како и неговата сопруга и уште две жени, именувани како негови неофицијални сопруги, на списокот со санкции поради руската инвазија на Украина. Ова беше објавено на веб-страницата на министерството. Санкционирани се возрасните ќерки на Кадиров, Аишат, Карина и Табарик, неговата […]

„Адобе“ ја презема стартап компанијата „Фигма“ за 20 милијарди долари


  „Адобе“ (Adobe Inc) ќе ја купи стартап компанијата „Фигма“ (Figma) за околу 20 милијарди долари во нејзината најголема аквизиција во историјата. Договорот за готовина и акции ќе ѝ овозможи на „Адобе“ сопственост врз компанијата, чија онлајн платформа за соработка за дизајни и бреинсторминг ја користат компании кои се движат од Zoom Video Communications до […]

Историската комисија разговарала за учебниците и за средновековните црковни институции


  Учебниците по историја кои го третираат периодот на средновековната историја и евентуалното заедничко чествување на Гоце Делчев, беа тема на дводнавната средба Историската комисија на Македонија и Бугарија што заврши денеска во Скопје, соопшти македонскиот тим во Комисијата. „Во однос на учебниците по историја тема на дискусија беа средновековните црковни институции и нивното значење […]

Швајцарија купува 36 авиони „Ф-35А“ во вредност од 5,5 милијарди долари


Швајцарија– Швајцарскиот парламент даде конечно одобрение за купување 36 борбени авиони „Ф-35А“ од американско производство на авиокомпанијата „Локид Мартин“. Пратениците одлуката ја донесоа во услови кога противниците на договорот бараат референдумско изјаснување на граѓаните за набавката вредна 5,5 милијарди долари. Швајцарија одлуката за набавка на „F-35“ авиони за своето воено воздухопловство ја донесе минатата година, […]

Хрватска запре увоз на сливи од Македонија, откриен пестицид опасен за децата


  Спречен е увозот на сливи од Македонија поради присуство на забранет пестицид кој е особено штетен по здравјето на децата, пренесе Дневник.хр. Утврдено е присуството на инсектицидот хлорпирифос кај свежите сливи. Активните супстанции хлорпирифос и хлорпирифос-метил се забранети во ЕУ веќе три години, но во многу земји надвор од ЕУ овој исклучително ефикасен инсектицид […]

Нови 97 ковид-позитивни, пријавени четири починати лица


Во изминатото деноноќие направени се 824 тестови, а регистрирани се 97 нови случаи на КОВИД-19, од кои во Скопје – 52, Битола, Прилеп и Кавадарци по 6, Куманово и Штип по 5, Велес 4, Охрид и Крива Паланка по 2, Тетово, и во Струмица, Неготино, Радовиш, Дебар, Валандово, Кратово, Крушево и Македонски Брод по 1, […]

Шефот на групата „Вагнер“ снимен како регрутира затвореници


  Основачот на руската платеничка група „Вагнер“ се појави во протечената снимка во обид да регрутира затвореници за да се борат во Украина. На снимената снимка, потврдена од Би-Би-Си, може да се види Евгениј Пригожин како се обраќа на поголема група притвореници. Пригожин им вели на затворениците дека казните ќе им бидат ублажени во замена […]

Мицотакис се плаши од темата „Предатор“  бидејќи ќе му го наруши меѓународниот имиџ


Грција – Критики и обвинувања до грчката Влада за случајот со прислушувањето на неговиот мобилен телефон од Националната служба за разузнавање упати лидерот на ПАСОК- Движење на промена Никос Андрулакис за време на прес – конференцијата во рамките на Меѓународниот саем во Солун, јави дописничката на МИА од Атина. Андрулакис уште еднаш повтори дека Владата […]

Цената на струјата за домаќинствата и за малите потрошувачи останува иста до 31 декември


  Министерот за економија Крешник Бектеши денеска соопшти дека измена на цените на регулираниот пазар нема да има до 31 декември. -Во делот на поддршката на микро и малите компании кои се на регулиран пазар веќе има одлука од РКЕ која важи до 31 декември. Измена на цените на регулираниот пазар нема да има до […]

Утре во Софија ќе се договара цената на струјата за македонските компании


  Македонска делегација утре заминува во Софија за да ги заокружи преговорите со Бугарија околу обезбедувањето на потребните количини електрична енергија, а тимови од Србија денеска престојуваат во земјава и се прават последните договори за продлабочување на соработката, соопшти министерот за економија Крешник Бектеши. По средбата со претседателот на Стопанската комора Бранко Азески и претставниците […]

Федерер ќе се пензионира по Лејвер купот


  Еден од најдобрите тенисери во светот, Роџер Федерер објави дека одлучил да стави крај на кариерата. Четириесет и едногодишниот Швајцарец најави дека неговиот последен турнир ќе биде Лејвер купот. Тој поради бројните повреди нема да може да ја продолжи кариерата. Федерер последен пат се појави на теренот во јули минатата година во рамките на […]

Министерот Бектеши е оптимист дека ќе се постигне договор со ТЕ-ТО


  Министерот за економија Крешник Бектеши денеска информира дека се уште траат преговорите со ТЕ-ТО, но тој очекува, како што рече, дека ќе се најде решение. -Во однос на парното кое треба да почне од 15 октомври се преговара со раководството на ТЕ-ТО. Убеден сум дека ќе се најде решение. ТЕ-ТО би било поддршка и […]

Битола ја чека тешка зима и килав план против аерозагадувањето


  БИТОЛА – Години поминуваат, а Битола градот под раскошниот Пелистер, никако да најде лек за аерозагадувањето. Најчесто во зима градот се наоѓа високо на листата на екстремно загаден воздух, ситуации кои траат по неколку денови, па и недели. И годинава Општина Битола понуди план како ќе го подобри квалитетот на воздухот, но граѓаните и […]