Клиниката за Хематологија се приклучи на светската кампања „Не можеме да чекаме“ по повод Светскиот ден за подигнување на свесноста за лимфом


  По повод 15 септември – Светскиот ден за подигнување на свесноста за лимфом, Универзитетската клиника за Хематологија се приклучува на светската кампања насловена „Не можеме да чекаме“. Целта на кампањата, како што велат од Клиниката е навреме да се препознаат симтомите на ова заболување, затоа што раното дијагностицирање на лимфомот значи можност за живот […]

Во Албанија од септември зголемена минимална плата и повисоки пензиите


  Со одлука на албанската Влада од септември се зголемува износот на минималната плата за 9,5 отсто, а исто така ќе бидат за шест проценти повисоки пензиите, како дел од антикризните мерки.   Минималната плата се зголемува за 2.000 лека (17 евра) и ќе изнесува 34.000 лека (284 евра).   – Втората одлука се однесува […]

Левица најавува нова иницијатива за референдум, се заканува ако биде отфрлена


Пратеникот а, Борислав Крмов најави  дека Левица деновиве  ќе поднесе нова референдумска иницијатива, при што дефинитивно прашањето ќе биде со одговорот „против“. -Сметаме дека претходното прашање беше грешка, затоа што кампања „против“ ќе биде во духот на протестите против францускиот предлог, каде огромното мнозинство македонски народ кажа не.Нема никаква правна логика за одбивање и на […]

Потпишан меморандум за соработка помеѓу Македонија и Холандија за јакнење на јавните финансии


  Меморандум за билатерална соработка во јавните финансии во периодот 2023-2026 година, помеѓу министерствата за финансии на Република Северна Македонија и Кралството Холандија, беше потпишан денеска, од страна на министерот за финансии Фатмир Бесими и вицепремиерката и министерка за финансии на Холандија, Зигрид Кааг, на маргините на годишните средби на Холандската конституенца на ММФ и […]

Мнозинството Словаци сакаат Русија да победи во Украина


  Повеќе од половина од Словаците би ја поздравиле воената победа на Русија над Украина, покажа новото истражување објавено во средата. Репрезентативната анкета наречена „Како си Словачка?“ е спроведено од агенциите MNFORCE и Seesame и Словачката академија на науките. Анкетираните требаше да одговорат на истражувањето користејќи скала од 10 точки, според која 1 значи чиста […]

Продолжи судењето за случајот „Софтвери“ на Рашковски


Во Основниот Кривичен суд – Скопје продолжи судењето за случајот „Софтвери” во кој првообвинет е поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски. На денешното рочиште беа изведувани докази коишто се однесуваат на анализите од вештачењето на трансакциите поврзани со јавните набавки извршени од првообвинетиот Рашковски. Според вештакот Билјана Киселички,  6.455.816 денари биле уплатени на „Дигитал […]

Советник од ГРОМ ја напушти групата на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, мнозинството на свилен конец


  На крајот на денешната седница за советнички прашања во Градот Скопје, советникот од партијата ГРОМ, Александар Трајановски, објави дека ја напушта коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и од сега ќе делува како независен. Откако ја соопшти одлуката, претседателот на Советот, Трајко Славески, не му дозволи до крај да ја образложи и ја заклучи седницата. Коалицијата на […]

Арсовска обвини дека Перински вработил 100 партиски војници во „Водовод“, СУТКОЗ бара да запрат отказите


Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска рече дека претходниот в.д. директор на „Водовод и канализација3, Златко перински, враболит 100 партиски војници во претпријатието, но до СУТКОЗ при ССМ бараат да сопрат отказите и незаконските прераспоредувања. – Директоерот на „Водовод“ си вработил над 100 луѓе, над 100 партиски војници си вработилдиректорот на „Водовод“. Тој бил […]

ФХ3Х стана дел од светската групација Синесајт, во следните пет години планираат вработување на 120 лица годишно


  Македонското студио за продукција на анимација и визуелни ефекти ФХ3Х стана дел од светски познатата групација за визуелни ефекти – Синесајт (Cinesite) од Лондон, Велика Британија. Основачите на компанијата Кристијан Даниловски и Миливоје Ѓорѓевиќ, кои во изминативе 25 години заеднички испишаа една од најуспешните претприемачки приказни во земјава, го објавија спојувањето на денешната прес […]

Европски парламент: Унгарија веќе „не може да се смета како демократија“


  Унгарија повеќе не може да се смета за демократија, а европските вредности се под системска закана во земјата, објави Европскиот парламент во извештајот усвоен во четвртокот. Во овој момент, се заклучува во извештајот, Унгарија стана „изборна автократија“. Предлогот – кој беше усвоен со 433 гласа за, 123 против и 28 воздржани – претставува уште […]

Русија ќе ги намали испораките на гас за Европа за една третина


  Рускиот вицепремиер Александар Новак денеска изјави дека извозот на руски гас во Европската унија годинава ќе се намали за 50 милијарди кубни метри – што е една третина од вкупниот минатогодишен извоз на руски гас во ЕУ. Минатата година Русија извезла околу 150 милијарди кубни метри гас во ЕУ. Испораките на руската енергија за […]

Собранието го донесе Законот за буџети


  Собранието на Република Северна Македонија денеска во рамки на 84. седница со 69 гласа „за“ го донесе Дополнетиот предлог на закон за буџети, во којшто се вградени амандманите прифатени на седница на Комисијата за финансирање и буџет одржана пред одморите на крајот на јули. Со овој закон се воспоставуваат нови фискални правила и принципи […]

Дизелот поевтинува два денари за литар


  Цената на дизелот од полноќ се намалува за два денари, а цените на останатите нафтени деривати остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Според оваа одлука, новата цена на дизелот ќе биде 95 денари за литар. Еуросупер БС-95 и понатаму ќе се продава по цена од 84,5 денари за литар, Еуросупер БС-98 по […]

Нов пакет мерки за бизнисот ќе се објават на 28 септември


  Нов пакет мерки за бизнисот ќе бидат објавени на 28 септември, соопшти денеска претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, по средбата со министерот за економија Крешник Бектеши, на која присуствуваа и претставници на 10 – те најголеми компании потрошувачи на електрична енергија во земјава. Мерките веќе се финализираат, а нивна цел е задржување на […]

СДСМ: Данела и Мицкоски се караат за бизнис интереси


  Скопјани очекуваат развој на градот, реализација на ветените проекти кои никаде ги нема. Една година помина Скопје стои во место. ВМРО ДПМНЕ во изминатиот период намерно ја сопре реализацијата на стратешките проекти во градот како што е БРТ системот, мостот во Аеродром, на „Љубљанска“, Универзална сала. Го загрози дури и проектот за прочистителна станица…сите […]

Му се случува ли „Панорама“ на Мицкоски?


Расколот во ВМРО-ДПМНЕ  продолжува и, по сѐ изгледа, ќе трае подолг период. Иако и на многумина од тие што се инволвирани не им е јасно што се случува навистина, по политичкиот говор на Данела Арсовска во Советот на Град Скопје, во кој обвини дека лидерот на партијата Христијан Мицкоски никогаш нема да излезе од „тендер […]

Утре топло со дневни температури над просекот за овој период од годината


Под влијание на јужно струење и топла воздушна маса и утре времето ќе биде топло со дневни температури над просекот за овој период од годината и на целата територија ќе биде активно жолто ниво на опасност од високи температури. -Утре кон крајот на денот и во сабота ќе има промена на времето кога ќе преовладува […]

Нови ЕУ правила за употреба на рециклирана пластика во амбалажа за храна


Европската Комисија денеска усвои нови правила со кои се дозволува безбедна пластична амбалажа да дојде во контакт со прехранбени производи. Според Европската Комисија новата регулатива усвоена денеска воведува јасни правила за употреба на рециклирана пластика кога станува збор за пакување на храна и треба да ја зајакне одржливоста на прехранбениот систем согласно Акцискиот план за […]

Директорот на ТАВ Македонија, Батак, ја прими ASQ-наградата за скопскиот аеродром од Meѓународниот Совет на Аеродроми


Меѓународниот Аеродром Скопје по седми пат ја доби наградата „Најдобар аеродром од 2 до 5 милиони патници во регионот Европа“. Генералниот директор на ТАВ Македонија, Метин Батак, синоќа на свечена церемонија во рамки на Самитот за искуство на патниците, организиран од Меѓународниот Совет на Аеродроми, во Краков, Полска, ја прими ASQ-наградата за квалитет на аеродромски […]

Жена и две мали деца загинаа во железничка несреќа во Хрватска


Утринава околу 9:30 часот патнички воз удрил во автомобил во градот Болфан, на железничкиот патен премин, јавуваат хрватските медиуми. Според информациите, двајца сопатници од автомобилот, 27-годишна жена и четиригодишно момче, загинаа. Во Општата болница Копривница се пренесени уште двајца патници. Информациите се дека во болница биле пренесени 28-годишен возач и четиригодишно девојче, кои лекарите ги […]