Милевски се повлекува од Владата, ќе го замени Ристо Пенов?


Горан Милевски идната недела ќе се повлече од  функцијата министер за локална самоуправа во Владата. Информацијата тој ја потврдил утрово за ТВ 21 и за Локално. -После тригодишно извршување на функцијата министер за локална самоуправа сметам дека е време за промени и на ова место да дојде друг кадар од ЛДП, вели Милевски во врска […]

Васко Ковачевски: Во АД ЕСМ не е склучен ниту еден договор во четири очи


Одговорно тврдам дека за целиот период додека сум директор на АД ЕСМ, нема ниту една јавна набавка на којшто била повикана само една фирма и никогаш не се случила набавка во четири, изјави генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, во емисијата 360 степени на ТВ Алсат. – Тврдам пред целата македонска јавност, секогаш кога […]

Прва работилница на секцијата на спортски новинари при ЗНМ во Охрид


Изминатиот викенд во Охрид се одржа едукативна средба помеѓу спортските новинари од повеќе спортски медиуми во земјава. Иницијатор за оваа средба беше Секцијата на спортски новинари при ЗНМ, која во рамките на своите активности за оваа година планира уште неколку средби помеѓу претставници од спортките федерации во државата. Основната цел за ваквите средби помеѓу новинарите […]

Снегот стигна на Балканот, во Словенија три степени


На планините во северозападна Словенија падна првиот снег. На врвот Кредарица, недалеку од Триглав, каде температурата е три степени Целзиусови, веќе паднаа 18 см снег. Снег паѓа и на Канин, каде во седум часот паднаа три сантиметри снег. Првите снегулки веќе се помешаа со дождот на Крвавец, Вршиќ и во Уршља Гора. Снежните врнежи на […]

(Видео) Дејвид Бекам чекаше 13 часа во редот да се прости од кралицата Елизабета


  Редот граѓани кои чекаат да ѝ оддадат чест на починатата кралица Елизабета Втора во Вестминстер во Лондон и понатаму е близу вкупниот капацитет со очекувано време на чекање од 24 часа, според владината програма за следење на редовите во живо. На граѓаните им се советува да не патуваат за да се придружат во редот. […]

Потпретседателот на Кина ќе присуствува на погребот на кралицата Елизабета Втора


Кинескиот потпретседател Ванг Чишан ќе присуствува на погребот на британската кралица Елизабета Втора, соопшти денеска кинеското Министерство за надворешни работи.   „На покана на британската влада, специјалниот претставник на претседателот Си Џинпинг, потпретседателот Ванг Чишан ќе присуствува на погребот на кралицата Елизабета Втора, што ќе се одржи во Лондон на 19 септември“, соопшти портпаролот на […]

Колумбиска туристка загина во пожар во хотел во Софија


 Колумбиска туристка загина, а двајца возрасни и две деца се хоспитализирани по пожар во хотелот „Централ“ во центарот на Софија.   Инцидентот се случил околу 6:10 часот по локално време. Хоспитализираните се двајца постари мажи, како и две деца – една година и седум месеци и 12 години, кои се во добра состојба.   Заменик-директорот […]

Две лица осомничени за набавка на синтетички дроги со криптовалути


Скопското основно обвинителство покрена истрага против 37-годишна скопјанка и 29-годишен скопјанец за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Тие континуирано во повеќе наврати набавувале синтетичка дрога амфетамин, користејќи ја интернет платформата „ДаркНет“, преку креиран профил и користејќи криптовалути како платежно […]

РКЕ домаќин на регионален состанок за предизвиците и плановите за снабдување со гас


 Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија е домаќин на 37. состанок на Регионалниот координативен комитет на Југо и Југо – источна регионална иницијатива за природен гас, на кој се разговара за предизвиците и плановите со кои се соочува цела Европа во однос на обезбедувањето на енергенси – природен гас. Како […]

Кралот Чарлс издаде посебно одобрение за Хари да не се разликува од семејството


  Принцот Хари ќе ја носи својата униформа во текот на бдеењето на кое ќе присуствуваат сите внуци на починатата кралица Елизабета Втора. Војводата од Сасекс мораше да носи костум на поворката во средата затоа што ги изгуби своите воени титули. Но, кралот Чарлс издаде посебно одобреие за својот син Хари и одобри да се […]

Скопје со години без лунапарк, одобрен е проект за изградба, урбанистите загрижени за локацијата


Град Скопје веќе подолго време нема лунапарк. Од 2017 година е затворен, негово обновување и модернизирање најавуваше најпрво поранешниот скопски градоначалник Коце Трајановски, потоа неговиот наследник Петре Шилегов, а сега и актуелната градоначалничка на главниот град Данела Арсовска, меѓутоа граѓаните, иако со огромно задоволство ја примија веста за реновирањето на лунапаркот, сепак пет години подоцна […]

Макрон: Сторителите на злосторствата во Изјум ќе одговараат за своите постапки


Францускиот претседател Емануел Макрон ги осуди „најостро злосторствата извршени во Изјум, Украина, под руска окупација“, откако Киев објави за масовна гробница со стотици тела закопани во близина на овој град, вратен под украинска контрола. „Сторителите на ова ќе треба да одговараат за своите постапки. Нема мир без правда“, додаде францускиот претседател на Твитер.  Украинскиот гувернер: […]

„Ја чуваме македонската музика“ во Филхармонија


Под мотото „Ја чуваме македонската музика“ вечер во големата сала на Филхармонија ќе се одржи концерт на македонските евергрини. На концертот ќе настапат македонската оперска пејачка Весна Гиновска-Илкова, во придружба на камерниот оркестар Арко под диригентска палка на маестро Ерхан Шукри. Пијанистот Бобан Мирковски, кој ги направи аранжманите за овој концерт ќе ги придружува артистите на […]

Плевнелиев: Бугарија ја очекува привремена влада со краток период на дејствување


Поранешниот претседател на Бугарија Росен Плевнелиев за НОВА изјави дека по предвремените парламентарни избори во земјава ќе има две опции. Како што јави дописникот на МИА од Софија, тој вели дека нема да биде важно колку партии ќе влезат во новото Народно собрание. Според него, изборите се многу јасни – или ќе ја остават Бугарија […]

Почнува 19. издание на Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби“


 Во Народниот театар „Ј.Х.К. Џинот“ – Велес под мотото „Во нови слики“ ќе се одржи 19-тото на Интернационалниот фестивал на античката драма „Стоби“. Фестивалот ќе биде отворен со претставата „Антигона“, во режија на Диего Де Бреа. Годинашната програма, во две седмици обединува преку дваесет настани, сместени во три рамки: официјална селекција на фестивалот, придружна програма и off – програма […]

Денеска повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер


Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен јужен ветер. На места врнежите ќе бидат пообилни (се очекува да наврнат и над 25 л/м2 воден талог). Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 18, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен. УВ=4 Во Скопје […]

Пендаровски: Скринингот е најважниот политички приоритет за нас


  Ставот на претседателот на државата Стево Пендаровски е дека во наредните 14 месеци скринингот е апсолутно најважниот политички приоритет за нас. Да се фатиме за реформи, нагласи тој, бидејќи имаме доста домашни задачи на тој план. – Не мислм дека промената на Уставот денес или во месеците кои доаѓаат, треба да биде политички приоритет […]

Генералното собрание на ОН му дозволи на Зеленски да им се обрати на светските лидери виртуелно


Генералното собрание на ОН денеска гласаше да му дозволи на украинскиот претседател Володимир Зеленски да им се обрати на светските лидери виртуелно, во однапред снимен говор, следната недела, поради потребата да биде во земјата која е под руска инвазија. Со тоа е направен исклучок од важечката обврска на Генералното собрание дека сите лидери мора да […]

Арсовска ставила блиндирани врати и камери во нејзиниот кабинет


Скопската градоначалничка Данела Арсовска ставила блиндирани врати и камери во нејзиниот кабинет, вели советникот во градскиот совет од ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски. -Арсовска последните неколку недели ставила блиндирани врати на кабинетот, поставувала камери низ општината и ги малтретирала вработените да се најавуваат на секое влегување – рече Андоновски вечерва во гостувањето на Сител. Тој претходно, на […]

И индискиот премиер му откажа „љубов“ на Путин


Рускиот претседател Владимир Путин наиде на уште еден дипломатски неуспех од наводниот пријател во петокот, кога индискиот лидер отворено ја критикуваше неговата војна против Украина дека потекнува од друга доба. „Знам дека денешната ера не е ера на војна“, му рече индискиот премиер Нарендра Моди на Путин на состанокот во Самарканд, Узбекистан. „Ние сме разговарале […]