Снегот стигна на Балканот, во Словенија три степени


На планините во северозападна Словенија падна првиот снег.

На врвот Кредарица, недалеку од Триглав, каде температурата е три степени Целзиусови, веќе паднаа 18 см снег.

Снег паѓа и на Канин, каде во седум часот паднаа три сантиметри снег. Првите снегулки веќе се помешаа со дождот на Крвавец, Вршиќ и во Уршља Гора.

Снежните врнежи на Кредарица се проследени со северен ветар со удари до 70 км на час, поради што настануваат снежни бури, пренесе порталот 24ur.

На таа планина, со денешните вржени од снег, прекината е низата од 103 дена без снежен покривач.

Според прогнозите на словенешката Агенција за животна средина (Арсо), обилни врнежи кои од четвртокот предивикуваат проблеми ќе се задржат во целата земја.