„Макстил“ одбележа 25 години постоење и работа


  Со акцент на досегашните инвестиции и со дефинирана стратегија за понатамошниот развој на компанијата, Макстил одбележа 25 години работа и производство на македонскиот пазар со мултимедијален перформанс во присуство на голем број гости, партнери, соработници, колеги од земјава и од странство. Макстил претставува лидер во металуршката индустрија, со учество во нето извозот на државата […]

Жичарницата на Водно утре нема да работи


Од Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) денеска информираа дека поради редовен годишен технички преглед, утре нема да работи Жичарницата на Водно, а ќе биде редуцирана и автобуската линија „25“ (Транспортен центар – Средно Водно). Возен ред за автобуската линија „25“: Транспортен центар: 8 ч, 9.40 ч, 11.20 ч, 13.20 ч, 15.20 ч и 17.20 ч и од Средно Водно: […]

„Кајмак“ на Манчевски премиерно на фестивалот во Токио


  Се обидувам да правам „глокални“ филмови – и локални и глобални, рече денеска режисерот Милчо Манчевски на прес-конференцијата по повод неговиот најнов филм „Кајмак“ чија светска премиера ќе се одржи идниот месец, на фестивалот во Токио. „Кајмак“ ќе биде во официјалната конкуренција, во трката за награди. Засега се планирани две проекции, на 26-ти и […]

Шолц бара од ОН да преземе акција за руските воени злосторства


  Членките на Обединетите нации мора да дејствуваат поради воените злосторства извршени од Русија во Украина, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц во обраќањето пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк во вторникот. „Мораме да внимаваме и да преземеме акција кога Русија извршува воени злосторства во Мариупол, Буча и Ирпин“, рече Шолц, „Ќе ги изведеме […]

Нуредини: Термоелектраните имаат А интегрирана дозвола, ќе има контроли дали се почитуваат стандардите


  Сите термоелектрани во нашата држава имаат А интегрирана дозвола. Секогаш бараме сите институции да ги почитуваат стандардите. Зедно со Министерството за економија ќе направиме контроли и ќе видиме дали се почитуваат стандардите, изјави денеска министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини во пресрет на зимската сезона во која, според најавите, поголем дел […]

Општа осуда во светот на плановите на Путин за мобилизација и заканите


  Речиси унисона е реакцијата во светот по денешното обраќање на рускиот претседател Владимир Путин и таа може да се сведе во една реченица: Русија признава дека војната не ѝ оди добро и тоа е закана за мирот во целиот свет. Холандскиот премиер Марк Руте за телевизијата НОС рече рускиот претседател е во паника. „Мобилизација, […]

Студени утра, од сабота во пораст дневната температура


  Времето утре ќе биде студено, а преку денот променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали. Ќе дува умeрен до засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Како што информира УХМР, во Скопје претпладне ќе биде умерено до значително облачно, попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, […]

Најбогатите акумулираа 45,6 отсто од богатството во 2021 година


Вкупното светско богатство порасна за 9,8 отсто и во 2021 година достигна 463,6 милијарди долари. За тоа најзаслужни се САД со учество поголемо од половината од вкупното зголемување на богатството. Кина придонесува со четвртина. Во меѓувреме, Африка, Европа, Индија, Латинска Америка заедно сочинуваат само 11,1 отсто од растот на глобалното богатство во 2021 година, се […]

„Тинекс“ демантира дека е во преговори за продажба на маркетите


Компанијата „Тинекс“ која управува со синџирот истоимени маркети во државата и е една од најголемите во сегментот на малопродажба, денеска демантираше дека е во било какви преговори за нејзинот преземање од друга компанија. „Ниту ‘Тинекс’ маркетите, ниту компанијата е во преговори со потенцијални купувачи, а уште повеќе дека дошло и до договор за купопродажба. ТИНЕКС-МТ […]

Министерот Шојгу тврди дека руските загуби во војната се 5.937 луѓе


  Новинската агенција Тасс во Русија известува дека министерот за одбрана Сергеј Шојгу изјавил на ТВ каналот Русија-24 дека земјата официјално изгубила речиси 6.000 луѓе за време на нејзината таканаречена „специјална воена операција“ во Украина, која започна на 24 февруари. „Не можам да не кажам дека долго време не сме разговарале за ова: за нашите […]

За Маричиќ е важно и опозицијата да биде вклучена во преговорите со ЕУ


  Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, во денешното онлајн вклучување од Брисел, во „Студио 10“ на ТВ24, изјави дека важно е и опозицијата да биде вклучена во преговорите и дека верува дека во ВМРО – ДПМНЕ има и пратеници и политичари кои ја сфаќаат тежината на овој процес и дека […]

Иранките ги палат нивните шамии во големите протести по смртта на Махса Амини


  Во Иран продолжуваат протестите по смртта на 22-годишната девојка која беше уапсена од полицијата за морал поради тоа што не носела шамија. На видеото, голема толпа скандиар додека жена крева ножици кон косата – без шамија. Морето од луѓе, од кои многу мажи, викаат додека таа го сече опавчето и ја крева тупаницата во […]

Движењето „Весна“ најави протест против мобилизацијата во цела Русија


  Руското движење „Весна“ (Пролет) повика на серуски протест против мобилизацијата што ја најави претседателот Владимир Путин. Активистите ги повикаа граѓаните да се соберат во 19 часот на 21 септември во центарот на нивните градови. „Илјадници Руси – нашите татковци, браќа и сопрузи – ќе бидат фрлени во мелница за месо на војната. За што […]

Секоја втора фирма која учествува во тендерите вели дека има корупција


Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) го објави Извештајот од редовниот мониторинг на јавните набавки спроведени во периодот од јули до декември 2021 година, во кои се вклучени и наоди од анкета на фирмите за нивното искуство при учеството на постапките за јавни набавки, анализа на постапките пред Државната комисија за жалби по јавни набавки за […]

Германија ќе го национализира најголемиот увозник на гас


  Германија се согласи да го национализира својот најголем увозник на гас, „Унипер“, за да избегне криза додека се бори со недостигот на енергија како резултат на руската војна во Украина. Договорот се надоврзува на спасувачкиот пакет договорен во јули, кога Берлин презеде 30% од акциите во компанијата и вклучува капитална инјекција од 8 милијарди […]

Нобеловката Светлана Алексиевич ја добива книжевната награда „Букстар“


  Нобеловката Светлана Алексиевич е добитничка на годинашната награда „Букстар“ за книгата „Војната нема женско лице“, во рамки на осмот Фестивал на европската литература „Букстар“ (BookStar) организиран од издавачката куќа „Антолог“. Ќе се одржува од 3 до 5 октомври 2022 на неколку локации во Скопје под мотото „Храбри нови зборови“ / Brave new wor(l)ds. -Судејќи не […]

Европската недела на мобилност со еко филмови посветени на велосипедот


  Во рамки на Европската недела на мобилност, вчера, во Синеплекс се одржа проекција на екофилмови посветени на велосипедот. Во организација на Гоу Грин Скопје, во рамки на проектот „Младинско кино на ЕУ: Зелен Договор“, кофинансиран од Европската Унија, овој настан го посетија 200 ученици од средните и основните училишта од Скопје, каде имаа можност, […]

Средба Османи – Рикер во Њујорк


 Претстојното претседавање на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година, со акцент на приоритетите, предизвиците и идните планирани активности во овој контекст, биле во фокусот на средбата на министерот за надворешни работи Бујар Османи со Филип Рикер, виш советник на САД за кавкаски преговори и долгогодишен пријател на Северна Македонија, на маргините на 77-то Генерално […]

Што е делумна воена мобилизација?


Рускиот претседател Владимир Путин денеска најави делумна воена мобилизација. Путин, кој ѝ се обрати на нацијата во средата наутро, на почетокот на својот говор рече дека Западот „сака да ја уништи нашата земја“ и дека „се работи за одбрана на Русија и територијата на Донбас“. Тој рече дека Русија го поддржува тоа население и нема право […]

„Конкурентна плата“ – водич за поголема конкурентност и продуктивност на компаниите


Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) го изготви водичот „Конкурентна плата“ – прв продукт од истражувањето на плати, додатоци и надоместоци што ги отсликува спецификите на домашниот пазар.Според претседателката на ОРМ, Владанка Трајкоска, задоволството на вработените директно влијае врз продуктивноста на компанијата. -Преку „Конкурента плата“ компаниите можат да ги искористат информациите и податоците како основа […]