Финансискиот имот на домаќинствата лани се зголемил за 9,3 отсто, најмногу во последните десет години


  Со постпандемичното закрепнување на економијата што придонесе за стабилизирање на пазарот на трудот и раст на расположливиот доход, ризиците кај секторот „домаќинства“ се задржаа во контролирани рамки, со благо намалување во текот на 2021 година, соопшти Народната банка. Според Централната банка, финансискиот имот на македонските домаќинства минатата година бележи номинален раст, највисок во изминатите […]

Енергоатом: Руските сили повторно ја гаѓаа нуклеарната централа Запорожје


  Украинскиот нуклеарен оператор Енергоатом денеска ја обвини Русија за повторно бомбардирање на локацијата на нуклеарната централа Запорожје, најголемата во Европа. – Во текот на ноќта руските терористи повторно ја бомбардираа нуклеарната централа во Запорожје, соопшти „Енергоатом“ на Телеграм. Во бомбардирањето бил оштетен далновод, што предизвикало застој на неколку трансформатори на реакторот број шест и […]

Постигнат значителен напредок во правната заштита на малцинствата, но потребни се подобри закони и политики


  Северна Македонија постигна значителен напредок во правната заштита на правата на припадниците на националните малцинства преку подобрување на нејзините политики во согласност со Рамковната конвенција, но практичното спроведување на правата мора да се подобри, вели Советодавниот комитет на Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства во новото мислење објавено денеска, јави дописникот на МИА […]

Изложба „И јас сум тука“ и проекција на филмот „Модна ревија“ во Кавадарци


Во Домот на културата „Иван Мазев“ во Кавадарци вечер од 19 часот ќе биде отворена изложба на фотопортрети „И јас сум тука“ на авторите Тоше Огњанов и Сребра Ѓорѓијевска. Изложбата вклучува 20 лица со посебни потреби од повеќе градови од земјава на различна возраст, а портретите се придружени и од приказни посветени ним. Веднаш по […]

Септемвриските пензии ќе бидат повисоки за 6,8 проценти


  Министерство за труд и социјална политика (МТСП) соопшти дека со септемвриската пензија околу 330 илјади пензионери во државата ќе добијат повисоки пензии за 6,8 отсто, согласно новата методологија воведена со последните измени во Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кои стапија на сила во март 2022 година. -Новата методологија предвидува усогласување на пензиите  со […]

„Зад Македониумот“ – изложба во претседателскиот Кабинет


Изложба насловена „Зад Македониумот“ ќе биде отворена попладне од 17 часот во Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија. На изложбата ќе бидат престатвени скици, цртежи, фотографии и макети од личната колекција на Јордан и Искра Грабулоски, автори на Македониумот во Крушево, еден од нашите најпознати споменични обележја. Изложбата во Кабинетот на Претседателот е организирана […]

Проекција на филмот „Караула“ во чест на хрватскиот режисер и писател Рајко Грлиќ


Филмот „Караула“ на режисерот Рајко Грлиќ, кој е гостин на Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“, ќе биде прикажан вечерва во 20 часот во Кинотеката во Скопје. По проекцијата ќе следува и сесија со прашања и одговор, а разговорот ќе го води Александар Прокопиев. „Караула“ ја имаше својата премиера во 2006 година. Тоа е прв филм […]

Шојгу: Ќе повикаме 300.000 резервисти, во војна сме со целиот Запад


По Путин, на јавноста преку телевизија и се обрати министерот за одбрана Сергеј Шојгу. „Ние не се бориме против Украина, туку против целиот Запад“, рече тој. Тој додаде дека во Украина ќе бидат повикани околу 300.000 резервисти. Рускиот претседател Владимир Путин во средата, во говорот во кој најави дека делумната воена мобилизација ќе започне веднаш, […]

Концерт на Елтон Џон во Белата куќа


  Белата куќа утре ќе биде домаќин на британскиот музичар Елтон Џон, кој ќе одржи концерт за „прославување на обединувачката и обновувачка моќ на музиката“, соопшти денеска американската Администрација. Белата куќа ги покани на концертот „оние кои секојдневно пишуваат историја, вклучувајќи тука едукатори, медицински работници, студенти, активисти за правата на ЛГБТ заедницата и луѓе кои […]

Премиерот Ковачевски ќе се обрати во Њујорк на состанок по повод 30 години од Декларацијата за правата на малцинствата


  Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Њујорк ќе учествува и ќе говори на отворањето на Состанокот по повод 30 години од Декларацијата за правата на малцинствата во рамките на Генералното собрание на Обединетите нации. Обраќањето на премиерот Ковачевски е предвидено околу 11 часот по локално, односно 18 часот по македонско време.   Обраќањето ќе може […]

Украден Ролекс на француски градоначалник пронајден во златарница во Тирана


Украден часовник Ролекс на градоначалник на општина во Франција, албанската полиција го пронашла во златарница во Тирана. Часовникот кој бил ставен на продажба во златарницата бил украден пред неколку години. При претрес во куќата на сопственикот на златарницата полицијата пронашла и огнено оружје. Други детали околу овој случај нема. 

Зошто доларот е толку силен? Американска иновација


  Доларот има наплив на надмоќ во светот што се случува еднаш во генерација. По 11 години и добивка од 40 % врз основа на реална пондерирана трговија, некои почнуваат да се прашуваат дали е време за пад. На краток рок, слабеењето на доларот е веројатно, бидејќи европските влади ја апсорбираат финансиската закана за нивните […]

Скопски моден фестивал од трети ноември во Скопје Сити Мол


„Can you feel the light?“ e слоганот под кој на почетокот од месец ноември ќе отпочне второто издание на Скопски моден фестивал, забавна манифестација за љубителите на дизајнот, културата и уметноста во метрополата. Домаќин и партнер во реализацијата на манифестацијата е повторно трговскиот центар Скопје Сити Мол, каде во рамки на десетдневната програма, посетителите ќе […]

Макрон во ОН: Инвазијата на Украина е враќање во ерата на империјализмот


  Францускиот претседател Емануел Макрон од говорницата на Генералното собрание на ОН ја обвини Русија за „враќање на империјализмот“ поради нејзината инвазија на Украина која започна на крајот на февруари. „Она на што сме сведоци од 24 февруари е враќање на ерата на империјализмот и колониите. Франција го одбива тоа и упорно ќе бара мир“, […]

Шолц го критикуваше рускиот „еклатантен империјализам“ во говорот во ОН


  Германскиот канцелар Олаф Шолц ја обвини Русија за „еклатантен империјализам“ во говорот пред Генералното собрание на Обединетите нации, ветувајќи и на Украина дополнителна воена поддршка. – Путин ќе се откаже од својата војна и од своите империјални амбиции само ако сфати дека не може да победи, рече Шолц, додавајќи дека „тој не само што […]

Десет години „НаТочак“: Незабележителни промени во безбедноста на велосипедистите


  Во пресрет на одбележувањето 10 години постоење, кое ќе се одржи в сабота на плоштад „Македонија“, граѓанската иницијатива „НаТочак“ соопшти дека во изминатата деценија има промени во велосипедскиот сообраќај во главниот град, но дека сме далеку, како што велат, од тоа што Скопје можеше да биде денес доколку постоеше институционална посветеност. – Ако споредиме […]

Ердоган повика на достоинствен излез на сите страни од конфликтот во Украина


  Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган синоќа во ОН повика да се најде „достоинствен“ излез за сите страни од војната во Украина. – Заедно мораме да најдеме разумно дипломатско решение кое на двете страни ќе им понуди достоинствен излез од кризата, рече Ердоган во обраќањето на генералната дебата на сесијата на Генералното собрание на ОН […]

Национален синдикален протест во Белгија, Брисел парализиран


  Со барања за порадикални мерки за ублажување на ценовниот шок и стандардот на живеење, белгиските синдикати денеска организираат национален протест, јави дописничката на МИА од Брисел. Најголема парализа се очекува во главниот град, Брисел, каде јавниот превоз протестира, што ќе предизвика силен метеж во Брисел, како и во сите поголеми белгиски градови. Синдикатите го […]

Вучиќ: Светот се приближува до голем конфликт невиден од Втората светска војна


  Претседателот на Србија Александар Вучиќ, зборувајќи за мрачните прогнози што ги изнесе генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш на Генералната дебата на светските лидери, рече дека стравува дека реалните прогнози се уште помрачни, јави дописникот на МИА од Белград. -Мислам дека реалните прогнози мора да бидат уште помрачни и тој зборуваше за неколку кризи […]

Селата Буковиќ и Копаница без вода, прекинато водоснабдување и на дел од улицата „Марко Крале“


Поради реконструкција на водоводна мрежа ф-100 мм на крстосницата на „Бутелска“ со „Марко Крале“, денеска од 08:30 часот, па до завршување на активостите, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата „Марко Крале“. Како што информираат од ЈП „Водовод и каналзиација“, воедно денеска поради изведување на зафати за реконструкција на резервоарот во село Копаница, […]