Најмалку девет жртви во немирите во Иран поради убиството на младата Амини


 Најмалку деветмина загинаа во конфликти меѓу Иранци и полицијата. Причината за немирите низ Иран е смртта на 22-годишната девојка убиена од полицијата затоа што неправилно носела хиџаб, јавија дел од локалните медиуми. There is a revolution happening in Iran. Iranian people are fighting back against the Islamic regime like never before. I support their noble […]

Две лица загинаа во земјотресот во Мексико


Две лица загинаа денеска во главниот град на Мексико во земјотресот со јачина од 6,8 степени. Земјотресот се случи утринава, три дена по земјотресот со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала што го погоди западниот и централниот дел на Мексико. И тогаш загинаа две лица. Епицентарот на денешниот земјотрес бил во државата Мичоакан во западно Мексико […]

Невидена неодговорност во Собранието, ни одлуките за кризна состојба не можат да се донесат


Денешната собраниска седница не траеше ниту половина час, бидејќи  матичните комисии се уште  ја немаат завршено работата за првите четири точки од дневниот ред, меѓу кои е и Предлог-одлука за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија на целата територија на Македонија, заради недостиг на електрична енергија. […]

Работодавачите бараат да продолжи субвенционирањето на придонеси за социјално осигурување


Организацијата на работодавачи на Македонија бара до 31 октомври 2024 година да продолжи примената на Законот за субвенционирање на придонеси од задолжително социјално осигурување по основ на зголемување на плата. – Нашето барање е членот 11 кој во постојниот закон гласи: „Овој закон ќе се применува од 1 ноември 2019 година до 31 октомври 2022 […]

„Смрт за диктаторот“: Растат протестите во Иран


  На почетокот тоа бела мали протести, пред здравствениот центар во Техеран, во кој 22-годишната Иранка по име Махса Амини почина откако беше приведена од „полицијата на моралот“ поради тоа што не носела шамија. До вторник, протестите се раширија низ Иран во излив на тага, гнев и пркос. Многуа беа предводени од девојки, кои ги […]

Утре и в понеделник во Собрание ќе се врши контрола на ИТ системот


  Претседателот на Собранието Талат Џафери, на денешната 86-та собраниска седница информираше дека утре и в понеделник во Собрание ќе се спроведе техничка контрола на ИТ инфраструктурата, со оглед на трендот на можни кибер напади. Тој наведе дека експерти со цел превенција ќе вршат проверка на ИТ системот.

ЕК не се произнесе за барањето на Зеленски за специјален суд за Русија


 Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, вчера од Њујорк побара воспоставување на специјален суд за воените злосторства на Русија, но Брисел претпочита да се користат постоечките законски рамки. Ова го изјави денеска портпаролот на Европската Комисија, Кристијан Виганд, на новинарско прашање кој е ставот на Комисијата за ова барање на Зеленски. -Свесни сме за повикот за специјален […]

Брендовите на „Фешн Груп“ со нови колекции кои модно ќе ве загреат оваа есен-зима 22


  Температурите паѓаат, затоа е време да го обновите вашиот гардеробер со впечатливи есенски бои, а синото и жолтото се она што ви е потребно за да изгледате незаборавно во секоја прилика. За мажите пак оваа сезона се враќа трендот на храбри комбинации во секогаш посакуваната црвена и розева боја. „Оваа есен во нашите продавници […]

Кај нас медот повеќе се користи како лек, отколку како храна


Центар. Посетителите од денеска до 30 септември, на штандовите поставени долж улицата „Македонија“ ќе можат да купат природен мед, матичен млеч, полен, прополис, комбинации на природен мед со лековити билки, природна козметика но и други пчелни производи. Манифестацијата по 18 пат ја организира пчеларското здружение „Матица“ од Скопје, со поддршка од Општина Центар.  – Неминовно […]

Џозеф: Договорот е за добрососедство, а однесувањето на Бугарија непријателско


  Само граѓаните на оваа земја може да кажат што е закана за македонскиот идентитетот, тоа не може да го каже никој од страна, ниту ЕУ, ниту САД, изјави денеска професор Едвард Џозеф од Школата за напредни меѓународни студии при Универзитетот Џонс Хопкинс од САД при неговата посета на Скопје.Професорот вели дека земјава се соочува […]

Русија го ослободи и командантот на батолјонот „Азов“


  Во рамките на најголемата и досега најзначајната размена на заробеници меѓу Москва и Киев, Русија го ослободи и Денис Прокопенко, командантот на баталјонот „Азов“ која ја бранеше челичарницата во Мариупол. Според украинските власти, 215 лица се ослободени од руско заробеништво, меѓу кои: пет команданти за одбрана на „Азовстал“ 124 офицери 108 борци од „Азов“ […]

Во Словенија почнува кампањата за претседателските избори


Еден месец пред претседателските избори во Словенија, закажани за 23 октомври, денеска официјално почнува изборната кампања. Претседателските кандидати ќе можат да им се обратат на гласачите до 21 октомври на полноќ, кога ќе настапи предизборен молк, а денеска истекува и рокот за поднесување пријави за гласање во странство. Се очекува претседателските кандидати во својата кампања најмногу да се потпираат на […]

СДСМ реагира на блокадата на заемот на ЕСМ за преживување на енергетската криза


Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески, реагира на предолгите дискусии на Комисијата за одбрана , особено сега кога околностите бараат брзи решенија.  -Сакам да има дискусии со аргументи, но очигледно таму има чиста злоупотреба само да се одлоговлечи времето за дискусија, нагласи Митрески. Тој додаде дека СДСМ е подготвен да дискутира и за […]

„Адора“ е подготвена да ги продаде топланите во Скопје доколку ги наплати побарувањата


  Компанијата „Адора инженеринг“ преку соопштение до медиумите, извести дека е подготвена да ги продаде топланите „Исток“ и „Запад“, по цената за која што ги купи пред околу една година, но претходно бара да ги наплати побарувањата кои, како што вели, законски им следуваат. Имено, и покрај тоа што ја има сопственоста врз двете топлани, […]

Пендаровски: Да ја вратиме пристојноста во комуникацијата


Длабоко сум убеден дека соработката и заедничките акции на сите чинители во општеството се клучни во борбата против дискриминирачките содржини во интернет просторот, но и воопшто во јавниот живот. Спречувањето на оваа појава која сериозно ги разнишува основните темели на секое општество кое цели кон инклузивност, мора да стане национален приоритет, нагласи денеска претседателот на […]

Патничка паднала од автобус на ЈСП


Во средата, во 11.15 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Мајка Тереза“ во Скопје, М. В. (66) од Скопје, при симнување од автобус на ЈСП паднала и добила тешки телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.

Маричиќ – Вархеји: Сите во Македонија да застанат зад европската иднина на земјата


Процесот на скрининг на земјава со ЕУ, следните активности во процесот на преговорите за членство и актуелната политичка ситуација во Северна Македонија, беа меѓу главните теми на денешната средба на вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ во Брисел со еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји. – Во вистински и клучен момент ја потврдивме европската […]

Реконструкција на бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“


Почна реконструкција на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, односно делот од студенстскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“, до кружниот тек кај АМСМ. – Градот Скопје почнува со изградба и реконструкција на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ од крстосницата со бул. „Св.Климент Охридски“ до кружниот тек со крстосницата на улица „М.Х.Јасмин“. Реконструкцијата опфаќа градежни работи на коловозот од 5.350 м2, […]

За првпат во Северна Ирска повеќе католици од протестанти


За првпат Северна Ирска има повеќе католици од протестанти, покажаа денешните резултати од пописот на населението. Дел медиуми пишуваат дека станува збор за историски потег за кој некои веруваат дека ќе помогне да се зголеми поддршката за покраината да се одвои од Велика Британија и да се приклучи на обединета Ирска. Според податоците од пописот […]

Лагуна во Шпанија прв екосистем во Европа со правен статус како лице


Многу загадената солена лагуна Мар Менор, во превод Мало Море, на шпанскиот брег на Медитеранот стана првиот екосистем во Европа што доби сопствен правен статус како лице со извршни права, јави ДПА. Одлуката ја донесе Сенатот во Мадрид со големо мнозинство. Со завршувањето на законодавната процедура и објавувањето во службен весник, секој граѓанин, дури и […]