Русија го ослободи и командантот на батолјонот „Азов“

Петтемина командири на „Азов“ ќе останат во Турција до завршувањето на војната под лична заштита на Ердоган


Команданот на „Азов“, Денис Прокопенко, зборува од Истанбул преку видео линк со претседателот Зеленски

 

Во рамките на најголемата и досега најзначајната размена на заробеници меѓу Москва и Киев, Русија го ослободи и Денис Прокопенко, командантот на баталјонот „Азов“ која ја бранеше челичарницата во Мариупол.

Според украинските власти, 215 лица се ослободени од руско заробеништво, меѓу кои:

  • пет команданти за одбрана на „Азовстал“
  • 124 офицери
  • 108 борци од „Азов“
  • странци кои се бореле на страната на Украина, вклучително и оние кои се осудени на смрт во ДПР
  • осум повредени при експлозијата во Јеленовка.

Украина ѝ предаде на Русија 55 војници и „кумот на Путин“ Виктор Медведчук, обвинет од Киев за предавство. Според неофицијални податоци од телеграмскиот канал „Рибар“ меѓу нив се:

  • мајор и потполковник
  • шест помлади офицери и четири заповедници
  • 40 војници и наредници
  • две лица од таканаречената народна милиција на ДПР и еден од народната милиција на ЛПР.

„Рибар“ наведува и дека уште 32 други лица треба да се вратат во Русија.

Командантите на одбраната на „Азовстал“ Денис Прокопенко (Орест), Свјатослав Паламар (Калина), Сергеј Волински (Волин), Денис Шлега и Олег Хоменко ќе останат во Турција до крајот на војната. Според Володимир Зеленски, тие ќе бидат „во целосна безбедност, во удобни услови и под лично покровителство на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган“. Засега нема информации за причините за ваквата одлука; Зеленски, во вечерното обраќање, истакна дека е неопходно да се бориме за овие луѓе „највеќе, подолго, потешко“. За време на разговорот со Зеленски, речиси секој од нив кажал по некој збор, заблагодарувајќи им се на оние кои го обезбедиле нивното ослободување, како и на Украинците кои продолжуваат да се борат.