Реконструкција на бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“


Фото: Б. Грданоски

Почна реконструкција на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, односно делот од студенстскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“, до кружниот тек кај АМСМ.

– Градот Скопје почнува со изградба и реконструкција на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ од крстосницата со бул. „Св.Климент Охридски“ до кружниот тек со крстосницата на улица „М.Х.Јасмин“. Реконструкцијата опфаќа градежни работи на коловозот од 5.350 м2, велосипедска патека и тротоари од 4.500 м2, нови рабници, градежни работи на нова фекална канализација Ф600 мм, изведба на нова водоводна мрежа, ново улично осветлување со лед светилки со контролери“, реќе денеска на прес конференција градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска.

Со реконструкцијата се овозможува сообраќајница со нови пешачки патеки и велосипедски патеки и дополнителни велосипедски ленти на коловоз.

-Реконструкцијата на оваа улица ги решава секојдневни проблеми на граѓаните од овој дел на општината Центар, а ние посветено работиме во нивен интерес. Рокот на изведба е пет месеци, а Градот Скопје за реконструкција на булеварот „М.Т. Гологанов“ вложува 43 милиони денари – изјави Арсовска.