Се бара зголемување на блок дотациите за училиштата за наставата да не биде онлајн


Градоначалниците од неколку општини се отворено против затворање на училиштата и воведување онлајн настава за учениците поради енергетската криза, по дискусиите во јавноста дека најдобро би било зимскиот распуст да трае два месеца, а летниот еден и во студените месеци училиштата да работат онлајн со цел да се заштеди енергија за топлење и за осветлување. […]

УХМР: Облачно со дожд попладне, вечер и утре


Времето денеска ќе биде променливо облачно, од пладне најпрвин во западните делови со врнежи од дожд, кои до вечерните часови ќе се прошират на повеќе места. Локално во западните делови врнежите ќе бидат пообилни (над 25 л/м2). Ќе дува слаб до умерен, а попладне и кон крајот на денот повремено засилен ветер од јужен правец, […]

ГРЕВИО евалуациска посета на Македонија


Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска присуствуваше на ГРЕВИО првата евалуциска посета на Република Северна Македонија која се одржа во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање. На средбата присуствуваа претставници од Советот на Европа, ГРЕВИО, Министерството за труд и социјална политика и од Агенцијата за аудио, аудиовизуелни медиумски […]

Јулијана Младеновска Тешија со „Куќа“ – добитник на „Антево перо“ за 2022


  Јулијана Младеновска Тешија со стихозбирката „Куќа“ е добитник на наградата „Антево перо“ за 2022 година. Наградата е востановена во чест на творештвото на бардот на современата македонска поезија Анте Попоски. Се доделува како исклучително македонско поетско признание за необјавена поетска книга (поетски ракопис). Наградата „Антево перо“ подразбира печатење на наградената стихозбирка во специјалната едиција […]

Стопанската комора најави формирање национална асоцијација на тур-оператори и туристички агенции (НАТТА)


  Партнер на државата, стручен консултант на членките и советник на крајниот потрошувач, ова ќе биде клучната мисија на националната асоцијација на тур-оператори и туристички агенции (НАТТА) чие основање го најави денеска Стопанската комора на Северна Македонија. Како што соопшти потпретседателот на Здружението за угостителство и туризам при Комората, Александар Кузманоски, целта на асоцијацијата ќе […]

За Османи информациите дека ќе биде сменет се лажна вест


  Лажна вест е информацијата за моја смена и таа не заслужува никаков коментар, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи во однос на наводната понуда за негово разрешување од министерската функција. Во однос на отвореното писмо од група членови на ДУИ, Османи рече дека во партијата има големо ниво на демократија и секој […]

„Кул е и кога COOL се пишува на кирилица“


Младата уметница Јана Борбала Панзов зработи 16 „стикери“ со цел, како што вели, да ги убеди своите врсници да користат кирилица кога се допишуваат на социјалните мрежи, затоа што, како што и самата кажа, нашата кирилица е многу убава. Проектот насловен како „Кул е и кога COOL се пишува на кирилица“ кој е дел од […]

„Макпетрол“ најуспешен на младинскиот карате куп на Македонија


Шест златни и еден сребрен медал освоија членовите на скопски „Макпетрол“ на младинскиот карате турнир „Куп на Македонија“. Преку ова изборно натпреварување ќе се селектира репрезентацијата што ќе учествува на претстојното светско првенство во Коња, Турција од 26 до 30 октомври. На турнирот учествуваа 220 каратисти од 49 клубови. Седум члена на „Макпетрол“ се натпреваруваа […]

Рускиот бизнисмен Пригожин призна дека ја основал групата Вагнер


  Рускиот бизнисмен Евгениј Пригожин, близок до Кремљ, денеска призна дека во 2014 година ја основал паравоената група Вагнер за да се бори во Украина. Тој, исто така, го призна присуството на нејзини припадници во Африка и Латинска Америка. Во објава на социјалните мрежи на неговата компанија Конкорд, Пригожин рече дека ја основал групата за да испрати компетентни борци […]

100 најголеми работодавачи во Македонија


Пари во соработка со платформата за бонитетни информации БизнисМрежа.мк, ги промовираше 100-те најголеми компании во Македонија рангирани според нивните остварени вкупни приходи и добивка. Денес ја претставуваме листата на 100-те најголеми работодавачи во Македонија за 2021-та година. Овие компании се ТОП 100 НАЈГОЛЕМИ според бројот на вработени. Проектот „100 Најголеми“ содржи три категории – најголеми компании по приходи, добивка и број на вработени. Целта на проектот „100 Најголеми“ е да […]

Долги аплаузи на публиката на синоќешниот концерт „Македонисимо“ на маестро Симон Трпчески и пријателите


  Долгите и громогласни аплузи на публиката по секоја отсвирана композиција од проектот  „Македонисимо“ на маестро Симон Трпчески и пријателите, на Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип говорат како штипјани го доживеаја овој голем концерт. Познатиот македонски пијанист Трпчески на публиката им ја раскажа приказната за „Македонисимо“, која има  цел да им ја претстави на публиката […]

Науката потврди: Оревите го продолжуваат животот


  За долг, здрав и активен живот, во кујната или при рака, секогаш треба да се има – ореви. Ново истражување на Факултетот за јавно здравје при американскиот Универзитет на Минесота, коешто опфаќа повеќегодишни испитувања, посочува дека луѓето кои редовно јадат јаткасти плодови, имаат поголема веројатност да бидат физички поактивни, како и помала опасност од […]

Зеленски вели дека Путин не блефира со нуклеарното оружје


  Заканата на рускиот претседател Владимир Путин за употреба на нуклеарно оружје во инвазијата на Москва на Украина „може да биде реалност“, според украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Можеби вчера беше блеф. Сега, тоа би можело да биде реалност“, изјави Зеленски за Си-Би-Ес во интервјуто емитувано во неделата. „Не мислам дека тој блефира“. Путин ја објави […]

„Изработи сам“ греалка од свеќи – едноставен, евтин начин за греење дома


  Цените на струја и гас во Европа светот и натаму уриваат рекорди, па луѓето се обидуваат да најдат поевтин, а делотворен начин на затоплување дома оваа зима. Така, на интернет се појави „изработи сам“ греалка од свеќи (препорачливо ниски) и садови од глина. За овој импровизиран уред, клучно е да се има повеќе садови […]

Европските берзи се движат нагоре на почетокот на денешната сесија


  Главните индекси на водечките европски берзи пораснаа на почетокот на денешното тргување и покрај многуте неизвесности со кои се соочува глобалната и европската економија. На лондонската берза индексот FTSE 100 се зголеми за 0,48 отсто на 7.052,51 поен. Во Франкфурт, DAX порасна за 0,07 отсто на 12.292,21, а париски SAC 40 порасна за 0,48 отсто на 5.817,51.

Наскоро идентификациски број за граѓаните на „Отворен Балкан“ за работа во трите земји


  Координаторот на „Отворен Балкан“ во Владата, Марјан Забрчанец,  за белградска „Политика“ најавува дека наскоро ќе се активира идентификациски број за граѓаните на Северна Македонија, Албанија и Србија, благодарение на што ќе можат непречено да работат во приватниот сектор во која било од тие три земји. – Многу наскоро ќе се активира идентификациски број за […]

Четврти ден од референдумското изјаснување во украинските области под руска контрола


Во украинските области под руска контрола денеска четврти ден се спроведуваат референдумите за присоединување кон Русија. Во првите три дена од референдумското изјаснување најголем одѕив забележала изборната комисија на самопрогласената Доњецка Народна Република (ДНР), каде гласале 77,12 отсто од запишаните избирачи, соопшти претседателот на Централната изборна комисија на ДНР, Владимир Висоцки. Серхиј Гајдаи, регионалниот гувернер […]

Шест лица убиени во училиште во Русија


  Вооружен маж отвори оган во училиште во централна Русија, при што загинаа најмалку шест лица, а беа повредени дваесет, соопштија руските власти. Меѓу жртвите има ученици и чувар во училиштето во градот Ижевск, јавуваат руските медиуми. Инцидентот се случил во училиштето број 88, во кое има речиси 1.000 ученици и околу 80 наставници. Вооружениот […]

Јапонија длабоко поделена околу погребот на Шинзо Абе


  Американската потпретседателка Камала Харис, индискиот премиер Нарендра Моди и британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли ќе бидат меѓу странските високи претставници кои ќе пристигнат во Јапонија за да присуствуваат на државниот погреб на убиениот поранешен премиер Шинзо Абе, и покрај силните јавното противење на церемонијата. Тие ќе бидат меѓу околу 700 луѓе од […]

На Куба се евакуираат туристи, тропската бура се претвори во ураган


Тропската бура Иен ја погоди западна Куба, а властите ги евакуираа туристите бидејќи се очекува денеска ветровите да достигнат сила на урагани, соопшти Националниот центар за урагани на САД, пренесе „Ројтерс“. Властите ги евакуираа туристите од Исла де ла Хувентуд и работниците од Кајо Ларго, една од најголемите туристички дестинации. Пристаништата на западниот брег на […]