Шест лица убиени во училиште во Русија

Меѓу убиените има и две деца. Напаѓачот се самоубил


Граѓани околу училиштето каде се случи пукотницата

 

Вооружен маж отвори оган во училиште во централна Русија, при што загинаа најмалку шест лица, а беа повредени дваесет, соопштија руските власти.

Меѓу жртвите има ученици и чувар во училиштето во градот Ижевск, јавуваат руските медиуми.

Инцидентот се случил во училиштето број 88, во кое има речиси 1.000 ученици и околу 80 наставници.

Вооружениот напаѓач наводно се самоубил, а мотивот е нејасен. Службениците на итната помош се на местото на настанот.

Училиштето е во центарот на Ижевск, град со околу 650.000 жители, блиску до зградите на централната влада.

Наставниците и учениците се евакуирани.

Вооружениот напаѓач, наводно, бил вооружен со два пиштола „макаров“, според државниот пратеник цитиран од новинската агенција Тасс.