На Куба се евакуираат туристи, тропската бура се претвори во ураган


Тропската бура Иен ја погоди западна Куба, а властите ги евакуираа туристите бидејќи се очекува денеска ветровите да достигнат сила на урагани, соопшти Националниот центар за урагани на САД, пренесе „Ројтерс“.

Властите ги евакуираа туристите од Исла де ла Хувентуд и работниците од Кајо Ларго, една од најголемите туристички дестинации.

Пристаништата на западниот брег на Куба се затворени од петокот, пренесе „Танјуг“.