Зеленски вели дека Путин не блефира со нуклеарното оружје

Украинскиот претседател објави дека се пронајдени уште две масовни гобници во во Изјум


 

Заканата на рускиот претседател Владимир Путин за употреба на нуклеарно оружје во инвазијата на Москва на Украина „може да биде реалност“, според украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Можеби вчера беше блеф. Сега, тоа би можело да биде реалност“, изјави Зеленски за Си-Би-Ес во интервјуто емитувано во неделата. „Не мислам дека тој блефира“.

Путин ја објави својата воена ескалација за време на националното обраќање во средата, во обид да ја зајакне неуспешната воена кампања на Москва во Украина.

Тој повика на зголемена воена регрутација, а министерот за одбрана Сергеј Шојгу подоцна потврди дека земјата ќе повика 300.000 резервисти да служат во конфликтот — стратегија која веќе наиде на реакции во форма на жестоки протести дома.

Во врска со потенцијалната употреба на нуклеарно оружје, Путин предупреди дека „оние кои се обидуваат да нѐ уценат со нуклеарно оружје треба да знаат дека ветровите што преовладуваат можат да се свртат во нивна насока“.

По коментарите на Путин минатата недела, Зеленски рече дека Русија се обидува да ја искористи својата окупација на нуклеарната централа Запорожје во јужна Украина.

„Тој сака да го исплаши целиот свет. Ова се првите чекори на неговата нуклеарна уцена“, рече тој. „Мислам дека светот го одвраќа и ја задржува оваа закана. Треба да продолжиме да вршиме притисок врз него и да не му дозволиме да продолжи“.

Зеленски рече дека се откриени уште две масовни гробници во Изјум, по неговото ослободување од руската окупација претходно овој месец.

„Денес добив повеќе информации“, изјави Зеленски за Си-Би-Ес во интервјуто што се емитуваше во неделата. „Новинарите се на пат. Пронајдоа уште две масовни гробници, големи гробници со стотици луѓе“.

Во петокот украинските власти ја завршија ексхумацијата на над 400 тела од претходно откриеното место за масовно погребување во Изиум. Повеќето од телата покажувале знаци на насилна смрт, а 30 имале траги на тортура, според официјален претставник.