(Видео) „Ист Гејт Мол“ не прокиснал, бил поплавен од атмосферската канализација на бул. Александар Македонски


  Поплавата во „Ист Гејт Мол“ настана поради несоодветна и нефункционална атмосферска канализација на булеварот Александар Македонски, велат од овој нов трговски центар во Скопје. Од „Ист Гејт Мол“ посочуваат дека безбедносните камери од трговскиот центар јасно покажуваат како река од вода како доаѓа од Булеварот, кој ниту има капацитет, ниту услови таа вода да […]

(Во живо) Обраќање на Ковачевски на Саемот за вино во Белград


Премиерот Ковачевски ќе се обрати на отворањето на Првиот меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска Визија на Отворен Балкан“ во Белград Од денеска во следните 4 дена во рамките на Самитот Отворен Балкан во Белград се одржува Првиот меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска Визија на Отворен Балкан“, каде покровители се […]

Јубилејното издание на ФКТ “Ристо Шишков“ ќе се одржи од 8 до 13 септември


Триесеттото, јубилејно, издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ традиционално почнува на 8 септември, на Денот на независноста, а годинава на програмата се девет остварувања, седум од земјава и две од странство, Бугарија и Косово. Завесата на ФКТ „Ристо Шишков“ ќе ја кренат актерите од прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ со претставата „Глембаеви“, варијација на […]

Путин нема да оди на погребот на Горбачов. „Имал други обврски“


  Рускиот претседател Владимир Путин нема да отиде на погребот на последниот советски лидер Михаил Горбачов в сабота, 3 септември. Заминувањето на Горбачов предизвика огромно внимание во светот и општ респект за неговата улога во ослободувањето на цврстите стеги на советското општество. Путин имал други договорени обврски тој ден, соопшти денеска неговиот прес-секретар Дмитриј Песков. […]

НЛБ Банка со нова промотивна кампања за кредитите за физички лица


  Од денеска, први септември, НЛБ Банка започнува нова промотивната кампања за кредити наменети за физички лица. Следејќи ги потребите и барањата на клиентите, во рамките на кампањата овозможени се низа поволности за сите оние кои во периодот од 1 септември до 31 октомври 2022 година ќе аплицираат за некој од кредитните продукти на Банката. […]

МЕПСО: Од планирани 28 милиони евра инвестиции годинава, за шест месеци реализирани 5,9 милиони


АД МЕПСО лани реализира 13,5 отсто од планираните инвестиции, а во првите шест месеци од годинава веќе се реализирани 21,03 отсто од планираните инвестици. Планот за годинава е да се реализираат инвестиции во вредност од 28.180.018 евра, а веќе се реализирани 5.925.893 евра, соопштија од компанијата. Од МЕПСО посочуваат дека во првото полугодие од годинава […]

Тајван собори дрон блиску до кинескиот брег


  Тајванската војска за првпат собори неидентификуван цивилен дрон што влегол во нејзиниот воздушен простор во близина на островче во близина на кинескиот брег, откако владата вети дека ќе преземе строги мерки за да се справи со зголемувањето на таквите упади. Островот е далеку од Тајван и се наоѓа на пушкомет од кинеското копно, заобиколен […]

Белгискиот премиер побара од ЕУ да го „запре крварењето“ од цените на енергијата


Белгискиот премиер Александар Де Кро ја повика ЕУ да го „запре крварењето“ од високите цени на енергијата, додека тој ги претставувашеновите национални мерки за намалување на трошоците за потрошувачите и за зачувување на ресурсите. „Во Европа треба да имаме само еден приоритет“, рече Де Кро на прес-конференција. „Само на европско ниво ќе успееме да ги […]

ЕСМ до граѓаните: Штедите вие за да има поевтина струја и за компаниите


 АД ЕСМ упати јавен повик до граѓаните доследно и согласно можностите да се придржуваат кон мерките за штедење на електрична енергија, како дел од севкупното движење во Европа за намалување на потрошувачката на електрична енергија. -АД ЕСМ како производител на 70% од вкупната електричната енергија во државата, што ја покрива 100-процентно целокупната потреба на граѓаните […]

ГЕРБ ќе победи на изборите, „Преродба“ се доближува до ДПС


Седум партии ќе влезат во парламентот по предвремените парламентарни избори во Бугарија на 2 октомври. Ова го покажуваат резултатите од анкетата на социолошката агенција „Тренд“ нарачана од „24 Часа“. Истражувањето покажува дека ГЕРБ во однос на јули го зголемила водството пред „Продолжуваме со промената“  за 5 проценти. Тие што најавија дека сигурно ќе гласаат се […]

Пуштено во употреба новото основно училиште во општина Илинден


Новата учебна година во општина Илинден почна за околу 2000 основци и 300 средношколци, а за прв пат во училишните клупи седнаа и 203 првачиња и околу 90 средношколци во прва година запишани во СОСУ ,,Илинден”. Учениците од прво до петто одделение од ООУ ,,Гоце Делчев” учебната година ја почнаа во новата училишна зграда која […]

НБ: Дебата В/РЕДНОСТИ И ВРЕДНОСТИ во рамки на настаните за одбележување 30 години монетарна независност


  Во рамки на активностите за одбележување на 30 години од монетарното осамостојување, Народната банка (НБ) на 2 до 5 септември ќе организира дебата насловена „В/РЕДНОСТИ И ВРЕДНОСТИ“, која ќе се одвива во Музејот на Народната банка, во рамки на истоимената музејска поставка. Дебатата, која јавноста ќе може да ја проследи преку социјалните мрежи, има […]

Почина Виктор Мизрахи, долгогодишен претседател на Еврејската заедница


По кусо боледување денеска почина Виктор Мизрахи (1950), долгогодишен претседател на Еврејската заедница во Република Северна Македонија и поранешен почесен конзул на  Израел. Тој активно учествуваше на домашен и меѓународен план во реализацијата и изградбата на единствениот сефардски Меморијален центар на холокаустот на Евреите од Македонија и во поставувањето на спомен обележје на депортираните македонски […]

Експозитурата на Комерцијална банка во Ист гејт мол привремено е затворена


Комерцијална банка ги известува клиентите дека експозитурата во трговскиот центар Ист Гејт мол од вчера  (31.08.2022 година) нема да работи бидејќи трговскиот центар ќе биде затворен за посетители. Дигиталната зона во експозитурата останува на располагање 24/7. Дополнително, на располагање на клиентите им се и експозитурите на Банката кои се наоѓаат во непосредна близина – „Автокоманда“, […]

Шаќири: Денеска и секогаш на страната на наставниците, учениците и образованието


Денеска и секогаш на страната на наставниците, на страната на учениците и на страната на образованието. Само заедно можеме да обезбедиме подобро и поквалитетно образование, напиша на Фејсбук министерот за образование и наука Јетон Шаќири, посакувајќи им на учениците, наставниците и родителите среќен почеток на новата учебна година.   -Почнуваме навремено, на 1 септември и […]

Со поетски филмови за Скопје вечерва завршува 2. „Скопскиот поетски фестивал“


Со настанот „Стиховно мапирање на Скопје“ ‒ видеопроекција на 12 поетски филмови, што ќе се прикажат вечерва во кафе-книжарницата „Буква“ со почеток во 21 часот, официјално ќе заврши второто издание на „Скопскиот поетски фестивал“. Филмовите се изработени од Сандра Ѓоргиева, Марија Шаклева, Диме Данов и Валентина Бакти (Србија), врз основа на песни за Скопје од […]

Џулијан Мур од Венеција: Филмскиот бизнис и филмската уметност се две различни работи


  Италија– Уметноста, а не работата со филмот, ќе ѝ биде на ум на Џулијан Мур во следните 10 дена, додека актерката оскаровка ќе ја преземе својата најнова улога како претседател на натпреварувачкото жири на 79. Меѓународен филмски фестивал во Венеција. Зборувајќи за печатот во средата, првиот ден од фестивалот, Мур размислуваше дека иако повеќето […]

Ковачевски за „Политика“: Со Отворен Балкан сме на добар пат


Премиерот Димитар Ковачевски во интервју за српскиот весник „Политика“ се осврна на важноста на Отворен Балкан и меѓусебната соработка на земјите од регионот. Ковачевски подвлече дека иницијативи како Отворен Балкан, кои имаат реални придобивки како што е првиот меѓународен саем на храна, вино и туризам во Белград е исклучителна можност да воспоставиме нова динамика во […]

Лила Мос во кампања за фармерки на Келвин Клајн. Пред 30 години ги рекламираше Кејт Мос


  САД- Лила Мос,  19-годишната ќерка на Кејт Мос глуми во кампањата на Келвин Клајн за есен 2022 година, 30 години откако Кејт првпат позираше за брендот во 1992 година, со што стана познато име. Кампањата, која започна во средата, ги слави најновите парчиња долна облека на брендот. Фотографирана и режирана од Alasdair McLellan, кампањата […]

Втор последователен натпревар на УС Опен, Серена го соборува рекордот на посетеност


  На натпреварот на Серена Вилијамс против Анет Контавеит одигран ноќеска во второто коло на УС Опен присуствуваа 29.959 гледачи. Мечот го собори рекордот на посетеност за вечерни сесии на теренот Артур Еш поставен во понеделникот. Тогаш во првото коло меѓу Вилијамс и Данка Ковиниќ дојдоа да ги гледаат 29.402 луѓе. Дваесет и трикратната Грен […]