Тајван собори дрон блиску до кинескиот брег

Дронот влегол во ограничениот воздушен простор над островот Лав кој е веднаш до брегот на Кина


 

Тајванската војска за првпат собори неидентификуван цивилен дрон што влегол во нејзиниот воздушен простор во близина на островче во близина на кинескиот брег, откако владата вети дека ќе преземе строги мерки за да се справи со зголемувањето на таквите упади. Островот е далеку од Тајван и се наоѓа на пушкомет од кинеското копно, заобиколен од кинеска територија, но сепак е под контрола на Тајпеј.

Пекинг одржува воени вежби околу островот од почетокот на минатиот месец како реакција на посетата на Тајпеј од страна на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси.

Тајванската влада рече дека нема да предизвика или ескалира тензии, но неодамна беше особено лута поради повторените случаи на кинески беспилотни летала да летаат над острови контролирани од Тајван, блиску до кинескиот брег.

Одбранбената команда за Кинмен, група острови контролирани од Тајван спроти кинеските градови Ксијамен и Куанжу, рече во соопштението објавено од тајванското Министерство за одбрана дека дронот влегол во ограничен воздушен простор над островот Лав веднаш по пладне по локално време.

Војниците на островот се обиделе да го предупредат да се оддалечи, но без ефект, па го соборија, а остатоците слетаа во морето, се додава.

Тајван испука предупредувачки истрели кон беспилотно летало за прв пат во вторникот, веднаш откако претседателката Цаи Инг-вен и нареди на војската да преземе „силни контрамерки“ против, како што таа ги нарече, кинеските провокации.