Пиво ќе се пие во Скопје, но со нови датуми: Пиволенд 2022 од 3 до 7 септември 


  Големото невреме кое го зафати Скопје и околината, како и најавите за невреме и деновите кои следуваат, направија организаторите на Пиволенд 2022 од безбедносни причини да го преместат датумот за почеток на најголемиот пивски фестивал во земјата- Пиволенд 2022. Новиот датум за почеток на Пиволенд 2022 ќе биде на 03ти септември (сабота), а ќе […]

„Енергоатом“: Исклучен еден од двата оперативни реактора во АЕЦ Запорожје поради руски минофрлачки напад


Еден од двата оперативни реактори на нуклеарната централа Запорожје е исклучен поради руско гранатирање, соопшти украинскиот оператор „Енергоатом“, пренесоа британските медиуми. „Поради уште еден минофрлачки напад на руските сили врз нуклеарната централа Запорожје, активиран е системот за итна заштита, а петтата единица е исклучена“, соопшти „Енергоатом“  на социјалната мрежа Телеграм. Операторот додаде дека блокот шест […]

Од денеска сите вработени во МВР добиваат покачување на платата од пет проценти


Во насока на континуирано мотивирање на вработените во МВР, издејствувавме зголемување на платите за пет проценти почнувајќи од 1 септември 2022, од Буџетот на МВР, што претставува трето покачување на платите на вработени во МВР, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил. Во 2018 година, појаснува, се издејствува зголемување на платите […]

Само три отсто од жителите на Неготино го осигурале имотот


Триесет лозари од регионот на Неготино пријавиле штети до осигурителните компании по силното невреме со град што го зафати овој крај кон средината на август. Полиси за земјоделско осигурување имаат вкупно 180 осигуреници физички лица во општина Неготино, а секој шести од нив пријавил штета врз своите лозови насади, покажуваат официјалните податоци кои Агенцијата за […]

Преку платежна сметка граѓаните ќе можат да извршуваат трансакции


Законот за платежни услуги и платни системи, чии одредби стапуваат на сила од 1 јануари 2023 година, беше една од темите на редовната координација помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и министерот за финансии, Фатмир Бесими и нивните тимови. Новиот закон содржи одредби со кои ќе се поттикне влез на нови даватели на платежни […]

Ангелоски: Отворен Балкан ја забрзува интеграцијата на регионот


Иницијативата „Отворен Балкан“ треба да креира поповолно деловно окружување  во регионот, услови и оперативни мерки кои ќе ја поттикнат и поддржат економската соработка меѓу земјите кои се засега вклучени, со надеж дека ќе се вклучат и другите држави од Западен Балкан, истакнува претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Трајан Ангелоски во интервју за […]

Шефот на „Лукоил“ е мртов. Паднал од болнички прозорец


  Шефот на бордот на директори на „Лукоил“, Равил Маганов, починал откако паднал од болнички прозорец, јавува телевизискиот канал РЕН, не наведувајќи го изворот на информацијата. 67-годишниот топ-менаџер на нафтена компанија се лекувал во Централната клиничка болница во Москва, во одделот сместен на шестиот кат. Извор на Интерфакс исто така изјави дека Маганов починал. „Утрово […]

Забрана за шетање со оружје по Тајмс Сквер, во Њујорк


  САД– На вооружени лица од денеска им е забрането да шетаат по Тајмс Сквер во Менхетен, како и на многу други јавни места во државата Њујорк, информираа властите. Одлуката стапува во сила денеска, пренесе Хина. Станува збор за одговор на Њујорк и други демократски држави како Калифорнија, на „скандалозната“ одлука на Врховниот суд на САД […]

Почнува 41. Европско првенство во кошарка


  Од денес до 18 септември во Чешка, Грузија, Италија и Германија ќе се игра Евробаскет 2022. Ова е 41. континентален шампионат на кој ќе учествуваат 24 репрезентации поделени во четири групи. А-групата ја сочинуваат: Белгија, Бугарија, Грузија, Црна Гора, Шпанија и Турција. Б-група: Босна и Херцеговина, Франција, Германија, Унгарија, Литванија и Словенија. Ц-група: Хрватска, […]

„Никогаш не бев секс симбол“- Катрин Денев со награда за животно дело во Венеција


  Италија– Катрин Денев не сака толку да се присетува, дури и кога ја добива наградата за животно дело на Меѓународниот филмски фестивал во Венеција. „Немаме време да гледаме наназад“, им рече Денев на новинарите во средата, неколку часа пред нејзината награда. „Ова е нашата сегашност и мораме да продолжиме да одиме напред“. На 78 […]

Американец во кома по 20.000 убоди од „пчели убијци“


    САД – Дваесетгодишен Американец е во кома по 20.000 убоди од „пчели убијци“, информираше неговото семејство. Остин Белами е на респиратор и во индуцирана кома во болница во Синсинати, Охајо, јави телевизијата Фокс 19. Американецот несакајќи исекол кошница од пчели убијци, нарекувани и африкански пчели, што важат за доста агресивни. Пчелите ги нападнале и […]

Пилотите на Луфтханза ќе штрајкуваат за повисоки плати


  Германија– Пилотите на германската авиокомпанија Луфтханза утре ќе штрајкуваат откако не успеаја да постигнат договор за платите со раководството, соопшти нивниот синдикат. Синдикатот, Vereinigung Cockpit (VC), соопшти дека преговорите за плата се прекинати и штрајкот ќе ги опфати пилотите во патничкиот и товарниот превоз на сите летови на Луфтханза од Германија. VC за повеќе од 5.000 […]

Русија почнува големи воени маневри далеку од линиите на фронтот во Украина


Русија– Русија денеска почнува големи воени маневри „Восток 2022“, со учество на над 50.000 војници, додека војната со соседна Украина продолжува, јави ДПА. Предвидено е вежбата да трае речиси една недела и ќе се спроведува на истокот од земјата, илјадници километри од борбените линии во Украина. Руското Министерство за одбрана појасни дека меѓу земјите учеснички се […]

Уставни измени за продолжување на преговорите со ЕУ, тоа нема да биде на штета за ниту еден Македонец, порака од германскиот пратеник Рот


Уставните измени се неопходни за Северна Македонија да ги продолжи пристапните преговори со ЕУ, но истовремено Унијата треба да ја зајакне својата улога и позицијата во земјата и да им покаже на младите дека тоа вреди. Оваа порака вчера во Скопје ја упати германскиот пратеник и претседател на Комисијата за надворена политика во Бундестагот Михаил […]

Ако Србија не ги укине времените патни документи тогаш и Косово ќе ги издава


Косово– Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља изјави дека очекува од денеска Србија да го укине издавањето времени документи за косовските граѓани кои влегуваат во Србија, согласно последниот договор меѓу двете држави, јави дописникот на МИА од Приштина. Во синоќешното интервју за косовската државна телевизија, РТК, Свечља рече дека доколку српските власти од […]

Од денеска кризна состојба во енергетиката и мерки за штедење струја


Од денеска стапуваат во сила мерките за штедење струја до 15 проценти, а со тоа почнува да важи и кризната состојба за електричната и топлинската енергија. Мерките за штедење струја што ги донесе Владата на 16 август, ќе важат до 31 март 2023 година, а кризната состојба прогласена на 25-ти овој месец треба да трае […]

Почнува Винската визија на Отворен Балкан во Белград


  БЕЛГРАД – Богата програма која вклучува дегустации на вино, натпревар на саемот „Трофеј на виното на Отворен Балкан“ 2022 година, професионални собири од различни формати, мастеркласови, дискусии за потенцијалот на винската индустрија на Балканот, можности за зголемено учество на светските пазари, како и билатерални состаноци на кои на изложувачите ќе им се даде можност […]

Без учебници, со повисоки плати за наставниците- почнува новата учебна година


Околу 255 илјади основци и средношколци денеска ја почнуваат учебната 2022/2023 година во која наставата, по две пандемиски години, стартува без антиковид-протоколи и заштитни маски. За учениците од прво, второ, четврто и од петто одделение се подготвени нови наставни програми за предметите,  согласно Концепцијата за основно образование која од лани се спроведува етапно и, според […]

Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата, на дневен ред и изборот на уставни судии


  Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седница ќе одржи Комисијата за прашања на изборите и именувањата, на чиј дневен ред е утврдувањето предлог за избор на судии на Уставниот суд на Република Северна Македонија. Утврдување предлог – одлука за изменување на Одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици […]

Сончево, попладне нестабилно 


  Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови и кон крајот на денот се очекува променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и […]