Од струен удар животот го загуби 22 годишник од тетовско Боговиње


Тетовската полиција информира дека кај нив е пријавен смртен случај на 22 годишник од Боговиње, кој животот го загубил поради повреди здобиени од струен удар. Трагичниот настан се случил во соседното Камењане, каде 22 годишниот работел како градежен работник. – Денеска (1 септември) во 12 часот и 20 минути во СВР Тетово пријавено е дека […]

Винската визија е дел од иднината на земјите од Отворен Балкан


  Првиот меѓународен саем за вино „Винска визија на Отворен Балкан“ беше отворен денеска на Саемот во Белград и ќе трае до недела, 4 септември. Таа прва заедничка регионална манифестација на иницијативата Отворен Балкан собра околу 400 изложувачи, вклучително и 40 дестилерии, од 22 земји од регионот, ЕУ, но и Австралија, Аргентина, Чиле, Јужна Африка […]

И Регулаторна комисија за енергетика штеди струја


Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски вели дека институцијата во целост ги следи препораките од Владата за штедење на електрична енергија што од денеска стапија на сила. -Денеска дојдов по скали на работа, имам проблеми со тежината и планирам да ја намалам. Како што гледате, светлото е ограничено, немаме […]

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за поведување постапка за Законот за игри на среќа и за забавните игри


Уставниот суд на денешната седница ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член од Законот за игрите на среќа и за забавните игри. -Уставниот суд ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 7 став 3 од Законот за игрите на среќа и за забавните игри („Службен весник […]

Како кучето Шиба ја доби војната со руската пропаганда?


Ивана Страднер го отвори својот  ајфон и напиша едноставен повик за војна: Ослободете ги кучињата!  Освен што е аналитичар од Вашингтон и експерт за руска пропаганда, Страднер е исто така член на НАФО – или Северноатлантската организација Фелас – неформална алијанса на воини на интернет културата, експерти за национална безбедност и обични корисници на Твитер […]

Од секогаш се плаќала мрежарина за потрошена струја, вели Бислимоски


  Не постои никаква нова давачка за електрична енергија. Кога ќе се собере трошокот за електрична енергија на пример за првиот блок и ќе се собере трошокот за мрежарината ќе се добие вкупна цена за електрична енергија како што било претходно. Има само една вистина, а тоа е дека нема никаква нова давачка, туку во […]

Би-Би-Си: Повеќе од 900 руски елитни војници загинаа во Украина


  Повеќе од 900 руски елитни воени специјалисти, вклучително и специјалните сили на ГРУ, маринци и падобранци, загинаа за време на руската инвазија на Украина. Ова го пренесува рускиот сервис на Би-Би-Си. До овој заклучок дошле авторите на материјалот откако ја анализирале листата на потврдени загинати руски војници, која Би-Би-Си ја одржува заедно со „Медијазона“ […]

Претставници на Американскиот совет на млади политички лидери во посета на „Алкалоид“


Делегација на Американскиот совет на млади политички лидери (American Council of Young Political Leaders – ACYPL), во придружба на претставници од Амбасадата на САД во Скопје, оствари работна посета на „Алкалоид“. Целта на посетата беше претставниците на Советот, преку својата Програма за размена на делегации меѓу земјите, да се запознаат одблизу со начинот и со […]

Германија потроши 2,5 милијарди евра за субвенционирање на патничките билети од 9 евра месечно


  Германскиот либерален министер за финансии Кристијан Линднер во средата го смени своето целосно противење за продолжување на намалените цени за билети за јавен превоз низ целата земја, но предупреди дека 16-те региони во земјата треба да смислат план за тоа да продолжи. Во текот на летото, владината програма насочена кон ублажување на инфлацијата и […]

Нови 169 случаи со Ковид-19, едно лице почина


  Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 746 тестови, а регистрирани се 169 нови случаи со КОВИД-19 и 242 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 24 часа нема пријавени починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“ регистрирано е едно починато лице од […]

Огревното дрво на ЈП „Национални шуми“ поскапе 20 отсто, кубик дабово дрво сега е 3.000 денари


Огревното дрво на ЈП „Национални шуми“ се продава по 20 проценти повисока цена, откако стапи во сила одлуката на УО на претпријатието од 21 јули годинава за која вчера е добиена согласност од Владата. -Управниот одбор на ЈП Национални шуми на 21 јули донесе одлука за зголемување на цените на главните шумски производи и за […]

РКЕ бара БЕГ да ги сторнира зголемените сметки за парно за август, не ја вклучиле субвенцијата


  Единствена причина за зголемувањето на сметките за топлинска енергија што ги добија граѓаните за август е тоа што во нив не е вкалкулирана субвенцијата која што ја дава Владата за потрошувачите на топлинска енергија во Градот Скопје и од тие причини се значително зголемени, порача денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни […]

Со 8,7 милиони евра се обновува локалниот пат Јосифово – Калково


  Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски денеска ја посети  општина Валандово каде со градоначалникот Перо Костадинов разговараа за проектите кои се реализираат со поддршка од централната власт, а го означија и почетокот на градежните активности за рехабилитација на локалниот пат Јосифово – Калково. -Министерството за транспорт и врски дава силна поддршка на општините. […]

Според Груби корупцијата не се решава со партиска пропаганда


Потпретседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците,  Артан Груби, на одбележувањето на годишнината од формирањето на Агенцијата за национална безбедност, порача дека корупцијата е безбедносен ризик и дека за справување со неа треба ветинг, а не партиска пропаганда. -Не зборувам само за корупција во политиката и институциите, туку и кај […]

Следната недела нов повик за финансиски советник за автопатите на коридроите 9 и 10-д


  Во текот на следната недела ќе биде објавен повик за финансиски консултант кој во име на Владата ќе преговара за изградба на автопатите на коридорите 8 и 10-д што ќе ги гради американско-турскиот конзицориум „Бехтел и Енка“. Изградбата на автопатите реално би започнала напролет следната година, информираше денеска вицепремиерот Артан Груби.  Претходниот тендер за избор […]

Драстично зголемување на цената на горивата во Германија


Откако истече времетраењето на владините мерки за субвенционирање на цените на горивата, цените на бензините и дизелот во Германија од ноќеска драстично поскапеа, соопшти Генералниот германски автомобилски клуб (АДАК). „Од вчера до денеска бензините поскапеа во просек за 25 центи, а дизелот за 10 центи по литар“, соопштија од АДАК. Во правилото цената на литар […]

Прогноза на УХМР: Продолжено лето, потопол период и постепено заладување во октомври и ноември


  Есента 2022 година се очекуваат просечни температури на воздухот и сушна сезона со врнежи под просекот. Условите Ла Ниња вообичаено носат поле на висок притисок во Атланскиот Океан што нема да дозволи големи варијации на температурите на воздухот. Според анализите за целиот југоисточен регион на Европа се очекува есенските температури да бидат малку повисоки […]

Бензините поевтинуваат за два денара, цената на дизелот останува иста


  Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска  донесе вонредна одлука за цените на нафтените деривати со која се намалуваат цените на бензините за два денари, а условот да се намали дизелот се уште не е исполнет, информира претседателот на РКЕ Марко Бислимоски. -Во изминатиот период имаше голем број на шпекулации за начинот […]

Викендов ќе се прска против комарци


Градот Скопје извести дека во деновите од претстојниот викенд на подрачјето на градот Скопје ќе се врши дезинсекција против ларви од комарци. Притоа, како што соопштија, ќе се врши авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, што ќе се реализира на 03.09.2022 (сабота), во раните утрински часови, како и терестричната дезинсекција […]

Сто милиони евра за ЕСМ и за општините за справување со енергетската криза и капитални инвестиции


Повеќе од 100 милиони евра обезбедува државата за справување со енергетската криза и за капитални инвестиции за подобрување на комуналната инфраструктура во општините. Вчера на владина седница беа усвоени одлуките, чијашто крајна цел е подобрување на условите за живот на граѓаните, информираат од Министерството за финансии. Со одлуката, од денеска на ЕСМ и се ставаат […]