Гросе во Запорожје: Ги видов главните работи што требаше да ги видам


 Ги видов главните работи што требаше да ги видам, изјави генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси по пристигнувањето денеска во нуклеарната централа Запорожје во југоисточна Украина. – Успеавме за овие неколку часа да собереме многу информации. Ги видов главните работи што требаше да ги видам, изјави Гроси пред руските новинари […]

Путин нема да присуствува на погребот на Горбачов, многу бил зафатен


Рускиот претседател Владимир Путин нема да присуствува на погребот на Михаил Горбачов, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.Песков рече дека распоредот на рускиот претседател не му дозволува да присуствува на церемонијата за збогување со последниот лидер на Советскиот Сојуз оваа сабота. Горбачов нема да добие државен погреб, но церемонијата ќе има „елементи“ на […]

Како беше на Винскиот саем во Белград (Галерија)


  Денешниот почеток на саемот за вино „Винска визија на Отворен Балкан“ во Белград беше вистински регионален настан. Тој собра околу 400 изложувачи, вклучително и 40 дестилерии, од 22 земји од регионот, ЕУ, но и Австралија, Аргентина, Чиле, Јужна Африка и САД. Од трите земји на Отворениот Балкан им 235 винарии. Саемот го отворија претседателот […]

САД: Русија се соочува со „сериозен недостиг на човечки ресурси“ во војната против Украина


 Русија се соочува со „сериозен недостиг на човечки ресурси“ во својата шестмесечна војна со Украина, заклучија разузнавачките служби на САД, јавија дел од американските медиуми. Русија се обидува преку разни начини да го реши проблемот со немање доволно војска, како на пример терајќи ги ранетите војници да се вратат во борбените линии, ангажирајќи приватни компании […]

„Дубиоза колектив“ вечерва на маалскиот терен „Марко Божиновски“ во Ново Лисиче


Вечерва, за прв пат, се организира меморијален фестивал наречен „Нема ред“. Идејата за организирање на фестивалот е прераното заминување на Марче (Марко Божиновски), а се со цел да се продолжи неговото име како и да се помогне на Фондацијата „Марко Божиновски“ во остварување на својата примарна цел, а тоа е поддршка на млади и талентирани […]

ВМРО-ДПМНЕ не ја сака Бозаџиева бидејќи менувала функции на секои шест месеци


Комисијата за прашања на изборите и именувањата попладнево ја заврши распрвата за предлогот за судија во Уставниот суд Татјана Васиќ Бозаџиева, третиот од вкупно девет кандидати. Седницата, како што најави претседателката на Комисијата, ќе продолжи утре во 14 часот. За предложената кандидатка за уставен судија денеска зборуваа главно пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ кои, изнесуваа тези […]

Историјата на Втората светска војна и денес е актуелна


Втората светска војна започна на 1 септември 1939 година. Третиот рајх, неиспровоциран и без никакво известување, ја започна својата инвазија на Полска. Едно од првите воени дејствија вклучува пукање упатено кон полскиот склад за муниција во Вестерплате. Воениот брод „Шлезвиг-Холштајн“ кој пристигна во Гдањск во наводна мирна посета отвори оган кон полските војници. Се сеќавам […]

Полска усвои извештај со кој од Германија може да бара 1.300 милијарди евра воени репарации


Полска претрпела штети во износ од над 1,3 билиони евра (1.300 милијарди) за време на Втората светска војна, се посочува во извештајот на полската парламентарна комисија, што се очекува да биде основа на идното барање за обештетување од Германија. Заклучоците од извештајот денеска ги соопшти лидерот на владејачката партија „Право и правда” Јарослав Качински, кој […]

Путин во ненајавена посета на руската енклава Калининград


  Рускиот претседател Владимир Путин денеска ја посети руската ексклава Калининград, сместена меѓу Полска и Литванија, две членки на НАТО, во време на големи тензии меѓу Москва и западните земји поради руската агресија врз Украина. Путин ја започна својата посета со средба со учениците на денот на почетокот на учебната година, за време на која […]

БЕГ: Субвенцијата на потрошувачите на топлинска енергија до овој момент е на товар на компанијата


Субвенциите кои БЕГ Снабдување ги пресметуваше во фактурите за топлинска енергија во месец февруари, март и април 2022 година во висина од 99,6 милиони денари согласно Одлуката на Владата се уште не се исплатени, односно субвенцијата на потрошувачите на топлинска енергија до овој момент е на товар на компанијата, истакнуваат во соопштение од БЕГ по […]

Маричиќ: Со регионална соработка градиме европска перспектива за македонското стопанство


Балканот е отворен за соработка, развој, напредок и градење нови пријателства кои сигурно обезбедуваат просперитет за граѓаните и водат кон Европската Унија, напиша на својот Фејсбук профил вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, кој денеска присуствуваше на отворањето на првиот Меѓународен саем „Винска Визија на Отворен Балкан“ во Белград. Автентичноста на нашите производи произведени од […]

Во текот на ноќта локални обилни врнежи со силен ветер, грмежи и град


УХМР соопшти дека времето до крајот на денот ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во текот на ноќта нестабилноста ќе се прошири на повеќе места. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и услови за […]

ЕМА одобри две верзии вакцини против Омикрон сојот на коронавирусот


  Белгија– Агенцијата за лекарства на Европската унија (ЕМА) денеска одобри верзии на вакцини против коронавирусот прилагодени на омикрон сортата, развиени од фармацевтските компании „BioNTech/Pfizer“ и „Moderna“. Агенцијата појасни дека Комитетот за хумани медицински производи на ЕМА препорачал одобрување две вакцини приспособени да обезбедат поширока заштита од Ковид-19 како засилувачка доза. Вонредната седница на Агенцијата […]

Пратениците се вратија на расправата за нови уставни судии


  По августовскиот одмор пратениците кои се членови на Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска расправаа за предлогот за уставни судии, конкретно по биографијата на кандидатот Татјана Васиќ-Бозаџиева, третиот од вкупно девет кандидати. На дебатата учествуваат главно пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ кои имаат забелешки за, како што велат, нејзината некомпетентност, нестручност и немањето […]

Силна и конзистентна австриска поддршка на европските интеграции на нашата земја


Министерот за надворешни работи Бујар Османи,  денеска за време на работната посета на Виена, оствари билатерална средба со сојузниот министер за европски и меѓународни работи на Република Австрија, Александер Шаленберг. На средбата, како што соопшти МНР, беше изразено задоволство од развојот на билатералните односи меѓу двете земји како и заемните заложби за натамошно зацврстување на пријателските […]

Бесими им го претстави концептот на даночна реформа на политичките партии


Концептот на даночна реформа, за кој Министерството за финансии отвори широка дебата во јавноста, денеска беше претставен од страна на министерот за финансии Фатмир Бесими пред претставници на политички партии и меѓународни фондации. Како и на сите досега одржани состаноци во рамки на јавната дебата на средбата присуствуваше раководството на Управата за јавни приходи и […]

Откажани сите летови на „Луфтханза“ од Германија


  Поради еднодневен штрајк на пилотите, германската авиокомпанија „Луфтханза“ за утре откажува над 800 летови, активност што во крајна линија ќе засегне повеќе од 130 илјади патници. Како што е посочено од компанијата, последиците од штрајкот ќе се почувствуваат во текот на престојниот викенд. Авионите на „Луфтханза“ лоцирани во странство утре ќе се вратат во […]

Ланските победници на НАСА спејс апс челинџ од Македонија во посета на НАСА Кенеди спејс центарот во САД


  Најголемиот хакатон во светот организиран од страна на Американската агенција за вселенски истражувања NASA заедно со партнери и од други вселенски агенции „NASA Space Apps Challenge“ се одржува секоја година истовремено во 162 земји, а учесници се средношколци, студенти и млади претприемачи од целиот свет. Во 2021 година 28.000 учесници креираа над 2.800 проекти […]

Падна цената на гасот по објавата на европскиот план за зимата


  Цените на гасот на големо паднаа поради знаците откако почнаа да оформуваат плановите на европските лидери да спречат зимска енергетска криза. Цената на гасот за испорака во петок во Британија падна за 21 отсто од ноќната цена од 405 пенија на 320, откако Европската комисија потврди дека работи на „итни мерки“, а германската влада […]

Ѓоковиќ наздрави со Вучиќ, Ковачевски и Рама на „Винската визија“


  (Од нашиот известувач) БЕЛГРАД – Винската визија на Отворен Балкан во следните четири дена ги собра повеќето винарии и дестилерии од регионот, но и од целиот свет, на саемот организиран во Белград. На Саемот за вино, балканските лидери беа дочекани и од тенискиот ас Новак Ѓоковиќ и неговиот татко и чичко, кои се претставија […]