ЕКО Грција – подружница на Хеленик Петролеум, главен спонзор на импресивното ЕКО Акрополис Рели


  Светската автомобилска елита ќе биде дел од ЕКО Акрополис Рели (EKO Acropolis Rally), што ќе се одржи во Централна Грција од 8 до 11 септември. Втора година по ред ЕКО Акрополис Рели (EKO Acropolis Rally) е дел од годишниот календар на ФИА Светското првенство во рели (FIA World Rally Championship) кое е највисокото интернационално […]

Во Брисел се одржува Советот за асоцијација ЕУ – Украина


 И покрај војната денеска во Брисел се одржува осмиот Совет за асоцијација помеѓу ЕУ и Украина, во присуство на украинскиот премиер. Премиерот на Украина, Денис Шмихал, ќе се сретне остане со високиот претставник за надворешна политика, Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, по што ќе одржат заедничка прес конференција попладнево. Украина и Европската […]

Русија го забрани весникот „Нова газета“ на нобеловецот Дмитриј Муратов


  Руските власти денеска презедоа уште еден удар против независните медиуми, одземајќи му ја лиценцата на познатиот весник „Нова газета“ Агенција за регулирање на медиумите Роскомнадзор изјави дека весникот не доставил документи за промена на сопствеништво од 2006 година. Главниот уредник Дмитриј Мураков, добитник на Нобелова награда за мир за своите напори да го поддржи […]

Лиз Трас е новиот британски премиер


  Министерката за надворешни работи, Лиз Трас, го победи поранешниот министер за финансии Риши Сунак во лидерската битка за челото на Конзервативната партија на Британија, што автоматски значи дека таа веднаш станува нов премиер.  Според резултатите соопштени пред малку од гласањето на членовите на Конзервативната партија Трас добила 81.326 гласови од членството, а Сунак 60.399. […]

КСС бара субвенции за струјата во индустриските капацитети и комуналните претпријатија


– Итно да профункционира социјалниот дијалог за да им се помогне на работниците, бизнис секторот и јавно-комуналните претпријатија побезболно да ја пребродат енергетската и економската криза, како и да се субвенционира струјата во индустриските капацитети и комуналните претрпијатија, бара Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС). КСС предупредува дека последиците од енергетската и економската криза најмногу ќе […]

Предлогот Тодор Витларов да биде уставен судија пред матичната собраниска комисија


По доцнење од половина час, денеска собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата ја продолжи расправата за предложените кандидати за уставни судии. Продолжи расправата за предлогот Тодор Витларов, вработен во Вишото јавно обвинителство во Штип, да биде уставен судија. Пратеничката Даниела Христова од ВМРО-ДПМНЕ смета дека во судството во последните пет години има корупција, […]

Некст Тајм, Ламбе Алабаковски, Бојана Скендеровски и Влатко Миладиновски во Гази Баба за Денот на независноста


Општина Гази Баба, во чест на 8ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија организира голем музички настан. Натстанот ќе се оддржи на 07.09.2022 година (среда) со почеток во 20:00 часот на плоштадот во населба Автокоманда. На настанот ќе настапат: Некст Тајм, Ламбе Алабаковски, Бојана Скендеровски и Влатко Миладиновски. -Минато, сегашност и иднина тоа е […]

Бензините поевтинуваат за два, дизелот за 1,5 денари


  Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се намалуваат за 2,00 денара по литар, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 1,50 денари. За три денари поевтинува и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), соопшти Регулаторната комисијата за енергетика. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС 95 ќе изнесува 85,50 денари, на […]

Хрватска добива 187.200 нови вакцини против омикрон-сојот


  Хрватска– Новата вакцина на „Фајзер“ против омикрон-сојот на коронавирусот во Хрватска пристига утре, а вакцинации ќе бидат дистрибуирани низ целата земја до крајот на седмицата. Вкупно 187.200 дози од адаптираната вакцина ќе бидат дистрибуирани до окружните јавни здравствени установи, објави Хрватскиот институт за јавно здравје (ХЗЈЗ) денеска. Новите вакцини „Фајзер“ и „Модерна“ неодамна беа одобрени […]

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе одлучува за предлогот за референдум


ВМРО-ДПМНЕ вечер од 18 часот ќе има седница на Извршниот комитет за донесување одлука за предлогот за референдумско изјаснување во врска со Преговарачката рамка и уставните измени побарани од Бугарија за да отпочнат преговорите на нашата земја со ЕУ. Неофицијално прашањето на референдумот ќе биде „Дали сте за прекинување или поништување на договорот со Бугарија“, […]

Абазовиќ ги откри имињата на поединци и фирми вмешани во шверц со цигари


  Црногорскиот премиер во технички мандат Дритан Абазовиќ тврди дека целиот шверц во Црна Гора е тесно поврзан со шверцот на кокаин. Тој на новинарите им рече дека денеска во Специјалното државно обвинителство ги кажал сите имиња на поединци и на фирми кои се поврзани со шверцот. „Морав да го искажам патоказот на шверцот со […]

Чилеанците го отфрлија прогресивниот устав на референдум


  Гласачите во Чиле со големо мнозинство го отфрлија новиот устав кој требаше да го замени уставот изготвен за време на воената власт на генералот Аугусто Пиноче. На референдумот речиси 62 отсто гласаа против прогресивниот нацрт. Маргината на поразот е многу поголема отколку што сугерираа анкетите. Чилеанскиот претседател Габриел Бориќ, кој го поддржа новиот устав, […]

Ковачевски најави ставање во погон на третиот блок на РЕК Битола


Премиерот Димитар Ковачевски ги отфрли критиките од опозицијата дека во „пет до дванаесет“  бара решение за енергетската криза со која се соочува Македонија.  -Не е пет до дванаесет! Оваа криза не е од денес туку од последниот квартал во минатата година“, забележа премиерот потсетувајќи какви се мерки беа преземени досега за справување со неа и […]

Двајца руски дипломати убиени во нападот на амбасадата во Кабул


  КАБУЛ – Во самоубиствен бомбашки напад пред руската амбасада во авганистанскиот главен град Кабул во понеделникот загинаа двајца членови на персоналот на амбасадата и најмалку еден авганистански цивил, како што Москва го осуди како „неприфатлив терористички чин“. Според руското Министерство за надворешни работи и државната новинска агенција РИА Новости, експлозијата одекнала на влезот на […]

Кина е против ограничување на цената на руската нафта, Русија се заканува на Г7


  Кина денеска соопшти дека се противи на ограничување на цената на руската нафта, откако министрите за финансии на Г7 минатата недела се согласија да воведат ограничување за „намалување на приходите на Москва за војната во Украина“. – Нафтата е еден од главните светски производи и е од клучно значење за обезбедување на глобално снабдување […]

Обвинетите тврдат дека не се виновни за убиството на Тот


Анџело Ѓеорѓиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски денеска пред судот се изјаснија дека не се виновни за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот. Сите тројца беа донесени од притвор во „Шутка“ каде се сместени по апсењето. Хрватскиот ракометар почина од здобиените повреди по тепањето откако сите четворица биле во дискотеката „Привилеџ” во април годинава во […]

ККС: За заштеда на струја јавниот сектор да работи од 9 до 15 часот


Јавниот сектор да работи два часа помалку, од 9 до 15 часот, кога има најмногу дневна светлина и кога е најтопло во текот на денот, е мерката за заштеда на електична енергија што ја предлага Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС). Како што соопшти денеска претседателот на КСС, Благоја Ралповски енергијата што ќе се заштеди од […]

Совет на НБ: Стабилноста на денарот е одржана успешно, банките се отпорни на шокови


  Стабилноста на финансискиот систем беше одржана успешно и во 2021 година при што речиси сите сегменти од финансискиот сектор остварија забрзан раст. Банкарскиот систем, како главен дел од финансискиот систем, ја задржа својата сигурност, а со носењето на макропрудентните мерки во доменот на противцикличниот заштитен слој на капиталот, дополнително се зајакнува неговата отпорност на […]

Одложено и третото лансирање на ракетата кон Месечината


По вториот неуспешен обид во саботата, лансирањето на новата ракета на НАСА и мисијата „Артемида 1“, која треба да се упати кон Месечината, сега е одложено за неколку недели, јавуваат светските новински агенции. Контролорите на летот во саботата, по втор пат, не можеа да го лансираат леталото наречено „Систем за вселенско лансирање“, во што биле […]

Зелените иновации во стручното образование предуслов за регионален развој


Потенцијалите и компетенциите кои постојат за развој на зелени иновации во Скопскиот Регион, образовните капацитети и улогата на Центарот за извонредност во стручно образование и обука за зелени иновации во поттикнување на економскиот развој беа тема на денешната регионална работилница. Центарот е формиран во јануари годинава и се наоѓа на Машинскиот факултет-Скопје. Тој е меѓу […]