Абазовиќ ги откри имињата на поединци и фирми вмешани во шверц со цигари


 

Црногорскиот премиер во технички мандат Дритан Абазовиќ тврди дека целиот шверц во Црна Гора е тесно поврзан со шверцот на кокаин.

Тој на новинарите им рече дека денеска во Специјалното државно обвинителство ги кажал сите имиња на поединци и на фирми кои се поврзани со шверцот.

„Морав да го искажам патоказот на шверцот со цигари во Црна Гора. Шверцот на цигари зазема најголем дел од организираниот криминал, а мојата теза останува – со уривање на шверцот на цигари се руши пирамидата на шверцот со кокаин“, наведе Абазовиќ.

Вели дека е уверен оти раката на правдата ќе стигне до сите во државата, а тој ќе направи сѐ за да го заштити специјалниот државен обвинител, кој има само една задача – да продолжи како што почна и да биде одлучен во спроведување на законот.

Абазовиќ, кој е на чело на техничката влада, вели дека во црна Гора сѐ е поврзано со шверцот на цигари.

Тоа што го објавуваат медиумите, тврди Абазовиќ е поврзано токму со ова.

На прашањето зошто челак да падне владата па да излезе со овие податоци, абазовиќ вели дека сите биле известени.

„Нивната задаќа е да ме известат мене. Со оглед на тоа дека во Црна Гора не функционира сѐ, јас кога одлучив да одам понатаму, тргнав. Мојот тајмлајн е таков. Јас реков дека ова го можам и како граѓанин и како опозиционер, но целта е сѐ да се разоткрие. Тие знаат дека со Дритан Абазовиќ нема компромис3, додаде премиерот.

Тој е свесен дека на обвинителите ќе им треба време да го постават случајо, и тоа од три четири години.

Абазовиќ во Специјалното обвинителство ја предал документацијата и ја изнесол шемата на шверцот со цигари во Црна Гора, шемата на поврзани лица и компании, за што и порано зборуваше во Собранието.