Лиз Трас е новиот британски премиер


 

Министерката за надворешни работи, Лиз Трас, го победи поранешниот министер за финансии Риши Сунак во лидерската битка за челото на Конзервативната партија на Британија, што автоматски значи дека таа веднаш станува нов премиер. 

Според резултатите соопштени пред малку од гласањето на членовите на Конзервативната партија Трас добила 81.326 гласови од членството, а Сунак 60.399. Британската Конзервативна партија има 172.437 члена, а одѕивот бил 82,6 отсто во гласањето што траеше еден месец.

Таа ќе го наследи Борис Џонсон, кој ја изгуби поддршката од пратениците, иако убедливо ги доби изборите во 2019 година.

По објавувањето на резултатите Лиз Трус рече дека е чест е избрана за лидер на партијата. Таа му се заблагодари на партиското членство „за организирањето на едно од најдолгите интервјуа за работа во историјата“.

Таа им оддаде почит на нејзините ривали, особено на Риши Сунак. Таа рече дека ја покажале „широчината и длабочината на талентот во Конзервативната партија“.

Трас му се заблагодари на лидерот во заминување, „мојот пријател Борис Џонсон“. „Борис, го заврши ‘Брегзит’. Го здроби Џереми Корбин, ја спроведе вакцинацијата. И застана пред Владимир Путин“.

Трас паузира, но потребно е малку време пред луѓето од публиката да аплаудираат.

Прекинувана од аплаузи таа рече: „Пријатели и колеги, ви благодарам што верувате во мене да ја водам нашата голема Конзервативна партија, најголемата политичка партија на Земјата“.

Трас дека верувањата на партијата – „во слободата, во способноста да го контролираш сопствениот живот, во ниските даноци, во личната одговорност“ – одекнуваат во јавноста. Затоа партијата победи во 2019 година, рече таа и нагласи дека ќе го исполни она за што гласале луѓето.

Лиз Трас ќе ја преземе функцијата од Борис Џонсон веќе утре.