Кои витамини и минерали ви требаат по 40-тата?


Телото од храната што ја внесуваме ги зема потребните протеини, јаглехидрати, масти, минерали и витамини за да ја подобри клеточната делба, да ги спроведе нервните сигнали, да ја подобри густината на коските, итн. Без соодветни количини на овие елементи, телото ја губи способноста да работи правилно. Денес, недостатокот на витамини и минерали е чест проблем […]

Ирска го казни Инстаграм со рекордни 405 милиони евра заради детски податоци


  Ирскиот регулатор за приватност на податоците го казни Инстаграм со рекордни 405 милиони евра по истрагата за тоа како постапувал со податоците на децата, изјави портпаролот на ова регилаторно тело. Истрагата, што беше отворена во 2020 година, се фокусираше на деца на возраст меѓу 13 и 17 години кои можеа да одржуваат деловни профили […]

„Гаспром“: Згаснатата компресорска станица на „Северен тек – 1“ не е безбедна – нема испорака на гас за Германија


  Рускиот енергетски гигант „Гаспром“ денеска соопшти дека добил официјално предупредување од руските регулатори дека згаснатата компресорска станица „Портоваја“, што требаше да испумпува гас за Германија преку гасоводот „Северен тек-1“, не ги исполнува безбедносните стандарди. „Гаспром“ пред три дена соопшти дека забележал истекување на моторно масло од турбината која во тој момент сè уште работела […]

СДСМ: Референдум против ЕУ нема поддршка и нема да успее


По најавата од ВМРО-ДПМНЕ дека ќе собира потписи за задолжителен референдум на кој ќе се бара напуштање на Договорот со Бугарија од 2017 година, од СДСМ порачаа дека референдум против ЕУ нема поддршка и – нема да успее. Според нив, Мицкоски на погрешен начин бара спас за фотелјата во ВМРО-ДПМНЕ -Граѓаните се за напредок, за […]

Две од последните три германски нуклеарни централи ќе бидат ставени во состојба на подготвеност


Две од последните три германски нуклеарни централи ќе бидат ставени во состојба на подготвеност до средината на април 2023 година, наместо да бидат затворени до крајот на годината, како што беше претходно планирано, изјави денеска германскиот министер за економија Роберт Хабек. Двете електрани – Исар II во Баварија и Некарвестхајм во југозападната покраина Баден-Виртемберг – […]

ВМРО-ДПМНЕ го смисли референдумското прашање, се однесува на Договорот со Бугарија


  ВМРО-ДПМНЕ вечерва и официјално го почна процесот за одржување референдум откако Извршниот комитет на партијата го усвои прашањето кое ќе им биде претставено на граѓаните. Тоа има единствено врска само со Договорот за добрососедство со Бугарија склучен 2017, но не е поврзано со францускиот предлог. Прашањето гласи: „Дали сте за напуштање на важноста на […]

АМС ги одреди добитниците на Државната наградата „8 Септември“


Агенцијата за млади и спорт согласно Законот за државни награди ја објавува Одлуката за доделување на највисоко признание за животно дело и признанија за остварувања во областа на спортот донесена на седница на Одборот за доделување на државната награда „8-ми Септември“ одржана на ден 02.09.2022 година, соопшти попладнево АМС. Наградата за животно дело за исклучителен […]

Норвешка револуција во производството на зелена енергија: Пловечки турбини на ветер


Пловечките ветерни електрани се иднината на производството на електрична енергија. Експертите се согласуваат дека иако бараат повисоки почетни трошоци и процесот на изградба е покомплексен од традиционалните ветерни електрани, тие имаат можност да пристапат до посилни офшор ветрови, што ги прави значително попрофитабилни. Пловечки парк на ветер е вид на фарма на ветер што е […]

Полицаец примил 400 евра поткуп за приведено лице да не оди зад решетки


  Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека е поднесена кривична пријава против И.М. од Тетово, вработен во СВР Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“ по член 357 од Кривичниот законик.   Како што информира МВР, на 24.08.2022 во Тетово, при вршење увид и лишување од слобода на едно […]

„Мудис“: На Европа без руски гас ѝ се заканува тешка рецесија


  Агенцијата за кредитен рејтинг „Мудис“ предупреди дека целосното прекинување на испораките на руски гас веројатно ќе доведе до тешка рецесија во Европа и дополнително зголемување на и онака високата инфлација. Се вели дека најекспонираните компании се во енергетски интензивните сектори како хемискиот, автомобилскиот и производствениот сектор. Се додава дека европските комунални претпријатија, исто така, […]

За три дена, четворица починати и 254 нови случаи на Ковид-19


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните три дена (од 02.09 до 04.09.2022): Направени се 1.308 тестови, а регистрирани се 254 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 143, Битола – 22, Охрид – 11, Куманово – 10, Тетово – 9, Кавадарци – 7, Велес – 6, Кичево и […]

Гаско: Норвешка очекува рекорден извоз на гас оваа година


Норвешкиот систем за извоз на гас треба да испорача рекордни количини енергија во Европа оваа година, по паузата во септември заради одржување, изјави денеска шефот на операторот на гасоводниот систем Гаско. Норвешка стана најголемиот снабдувач на гас во Европа оваа година, престигнувајќи ја Русија дури и пред минатонеделното затворање на гасоводот Северен тек 1, покажуваат […]

Средба Бесими – Габриел: ЕИБ со значајна поддршка за инфраструктура, енергетски проекти и зелена транзиција


Инвестиции во зелена транзиција на малите и средни компании преку нови 100 милиони евра од ЕИБ преку Развојната Банка на РС Македонија, интерконекторот со Грција, железничките делници од Коридорот 8, како и останатите проекти со фокус на зелена економија беа тема на денешната средба на министерот за финансии, Фатмир Бесими и директорот на канцеларијата на […]

Цените на нафтата над 96 долари, ОПЕК и сојузниците го намалуваат производството


Цените на нафтата денеска „скокнаа“ на меѓународните пазари над 96 долари откако водечките производители одлучија благо да го намалат производството во октомври, а рускиот „Газпром“ ја одложи испораката на гас за Европа преку „Северен тек 1“. На лондонскиот пазар цената на барелот по пладнето беше повисока за 3,43 долари отколку на затворањето на крајот од […]

Шкендија ја прекина соработката со тренерот Артим Шаќири


Фудбалскиот клуб Шкендија објави раскинување на соработката со шефот на стручниот штаб Артим Шаќири. – Соработката со тренерот Шаќири е прекината со меѓусебен договор, бидејќи клубот и тренерот сметале дека прекинот на соработката во овој момент е во најдобар интерес на двете страни. Во оваа прилика КФ Шкендија му се заблагодарува на Артим Шаќири за […]

Исклучен и последниот реактор на нуклеарката Запорожје по гранатирање


Последниот оперативен реактор на нуклеарката Запорожје е исклучен од украинската мрежа откако електричните столбови беа оштетени при руското гранатирање, соопшти „Енергоатом“. Најголемата електрана во Европа е заземена од руските сили, но со неа и понатаму управува украинскиот оператор „Енергоатом“. „Како резултат на пожарот предизвикан од гранатирањето, денеска е прекинат последниот далновод за пренос“, соопшти „Енергоатом“ […]

Ранци и комплетен прибор добија сите 280 првачиња од Радовиш под слоганот „Само делата се вистина“ од „Адора инженеринг“


  Среќен почеток на 280 првачиња од Радовиш со ранци и комплетен училишен прибор за да редат големи успеси во учењето и во животот им посакаа генералниот директор на „Адора инженеринг“, проф.д-р Ванчо Чифлиганец, заменик генералниот директор, Душко Чифлиганец и градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов. На радоста на првачињата и немаше крај, а добија […]

За Радев пак станавме „братска Македонија“


Бугарија повторно ќе биде солидарна со „братска Македонија“, изјави претседателот на Бугарија Румен Радев пред делегацијата од Република Северна Македонија предводена од премиерот Димитар Ковачевски. Радев рече дека „и покрај политички страсти на кои сме сведоци во последните месеци, односите меѓу нашите две земји почиваат на цврста основа, која е надвор од секоја политичка конјунктура“. […]

Гир проговори на македонски јазик


Евроамбасадорот Дејвид Гир  се обрати денес за првпат во Собранието откако Македонија доби одлука за почеток на преговорите, но доби прекорување од пратеникот на Алијансата за Албанците, Халил Снопче, дека е несериозно да им се кажува на граѓаните дека преговорите почнале, туку дека тоа ќе се случи откако ќе ги изгласаме уставните промени, за што […]

Хари Стајлс за актерската кариера: „Се чувствувам како да немам идеја што правам“


Италија – Хари Стајлс веќе има завидна актерска биографија за новодојденец, од „Dunkirk“ на Кристофер Нолан до претстојните „Don’t Worry Darling“ и „My Policeman“. Но, поп-ѕвездата и модна икона, во понеделникот на Меѓународниот филмски фестивал во Венеција рече дека, со глумата, често се чувствува како да „немам поим што правам“. Пристигнувањето на Стајлс на Лидо, […]