„Украина може да го замени целиот капацитет на гасоводот Северен тек 1“


  Украина може да го замени целиот капацитет на гасоводот Северен тек 1 преку Суџа, единствената транзитна точка со Русија. Ова го изјави директорот на украинската компанија за транспорт на гас Сергиј Макогон. „Не го користат целиот капацитет на Суџа. Иако дневно може да се испумпуваат 77 милиони кубни метри, тие испумпуваат само 41 милион“, изјави […]

ЕЦБ подготвува големо зголемување на каматните стапки за борба против инфлацијата


  Откако ги зголемија каматните стапки за прв пат во повеќе од 10 години на нивниот последен состанок, креаторите на политиката на Европската централна банка (ЕЦБ) се подготвени да воведат уште едно нагло зголемување во четврток, чија цел е борба против рекордната инфлација во Европа. Последните податоци за инфлацијата во Европската унија покажуваат дека цените […]

Истражување на Аналитика: Епидемија на насилство во средните училишта


речиси 63 отсто од учениците во средните училишта потврдуваат дека насилството е присутно во училишната средина, покажува истражувањето кое го спроведе тинк тенк организацијата „Аналитика“ во три средни училишта на територијата на Град Скопје (СУГС “Здравко Цветковски”, СУГС “Зефљуш Марку “и СУГС” Шаип Јусуф”). Истражувањето беше спроведено на репрезентативен примерок од 305 ученици во училишта […]

Се одложи судењето за пожарот во модуларната болница во Тетово, не дојдоа обвинетите


Поради отсуство на дел од обвинетите се одложи судењето за пожарот во модуларната болница во Тетово и се презакажа за 14 октомври во 10 часот. До судење дојде откако на 27 јули Обвинителството поднесе обвинителен предмет од Основен суд Тетово. Со тој предлог ОЈО Тетово ги обвини двајцата директори на Клиничка болница Тетово Ф.Б и […]

“Скопје чита!” – првиот фестивал на книгата се отвара утре


Утре започнува првиот Фестивал на книгата на отворено пред СЦ Борис Трајковски (кај картингот) кој ќе трае сè до 12 септември. “Скопје чита!” е мотото на фестивалот, а посетителите преку посета на фестивалот и набавка на омилената литература ќе уживаат во богатата понуда. На Фестивалот на книгата ќе се претстават 30-тина издавачки куќи со изданија […]

Орор Туја од „Галимар“ и Владимир Бајац гости на „ПРО-ЗА Балкан“ во Скопје


Дел од програмата „Скопје фелоушип“ на претстојниот 10. Интернационален фестивал на литературата „ПРО-ЗА Балкан“ во Скопје ќе бидат Орор Туја, уредничка и координаторка за странска литература во француската издавачка куќа „Галимар“ (Editions Gallimard), и српскиот писател Владимир Бајац, кој ќе ја претстави својата издавачка куќа „Геопоетика“. „Прозарт медиа“, организатор на фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“, соопшти дека […]

Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Градско – Прилеп


 Поради сообраќајна незгода, од 09:40 часот во прекин е сообраќајот на патниот правец Градско – Прилеп помеѓу Росоман и Сирково. Сообраќајот е во прекин во двата правци за сите видови на возила, соопшти АМСМ.

Надал ќе стане светски рекет број еден доколку Алкараз и Руд не стигнат во финалето на УС Опен


Рафаел Надал, Карлос Алкараз или Каспер Руд можат да го заземат лидерското место на АТП ранг-листата во зависност од резултатите на Грен слемот УС Опен. Русинот Данил Медведев, кој води на ВТА листата 12-та недела по ред, загуби во осминафиналето и по УС Опен нема да биде повисоко од третото место (сигурно ќе го надминат […]

Анчелоти: Добро е што Реал не го сметаат за фаворит во Лигата на шампионите


Тренерот на Реал, Карло Анчелоти,  не е изненаден дека мадридскиот клуб не важи за фаворит во Лигата на шампионите оваа сезона. Според 63-годишниот Италијанец, ова е добар знак. – Не сум изненаден што Реал Мадрид повторно не се смета за фаворит за освојување на Лигата на шампионите. Ова го гледам како добар знак. Минатата сезона […]

Бајден: Русија не треба да се означи како спонзор на тероризмот


Американскиот претседател Џо Бајден синоќа рече дека Русија не треба да се означи како државен спонзор на тероризмот. Се работи за постапка која Украина веќе некое време ја бара од западот поради инвазијата, но и руските воени злосторства направени на тлото на Украина. Москва, од друга страна, предупредува дека таква ознака би ги уништила американско-руските […]

МВР со Интерпол најдоа 1.2121 украден автомобил во 77 држави


На територијата на Македонија за време на заедничка акција на МВР со повеќе надлежни институции координирана од Генералниот секретаријат на Интерпол, се извршени 1.540 проверки на лица и 1.467 моторни возила. Одземени се 10 возила и еден мотоцикл под сомнение за фалсификат. Од МВР информираа дека во соработка со Царинската управа, Јавното обвинителство, Пазарната инспекција […]

Граѓанското општество во ЕУ бара темелните права да се стават пред профитот


 Денеска започнува кампањата “Правдата е сечиј бизнис“, сто граѓански организации бараат од ЕУ да изврши притисок врз приватните компании кои ги уништуваат човековите права и животната средина, јави дописничката на МИА од Брисел. Меѓу организациите кои учествуваат во оваа нова кампања има звучни имиња како Амнести Интернешнл, но и синдикати како Европската Конфедерација на синдикати. […]

Македонија ќе учи од хрватското искуство во преговорите со ЕУ


На покана на заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, од денеска во дводневна посета на Скопје ќе престојува поранешниот преговарач на Хрватска со Европската Унија, Владимир Дробњак. Како што соопшти СЕП, експертот Дробњак искуствата на Хрватска во овој дел ќе ги пренесе низ низа состаноци кои ќе ги одржи денеска и утре […]

Кремљ: Нема гас за Европа поради санкциите, „Гаспром“: Не праќаме поради проблеми со опремата


Официјален Кремљ и „Гаспром“, како што пренесува „гардијан“, дадоа потполно различни причини за причината зошто низ Северен ток 1 веќе една недела не тече гас од Русија кон Еврипа. Така вчера, Дмитри Песков, портпаролот на претседателот Владимнир Путин, пред новинарите рече дека за прекин на испораката на гас преку гасоводот „Северен ток 1“ виновни се […]

Владимир Путин одобри нова доктрина што се заснова на концептот „руски свет“


Рускиот претседател Владимир Путин во понеделникот ја одобри новата руска доктрина за надворешна политика заснована на концептот на „руски свет“ што конзервативните идеолози го користат за да ја оправдаат интервенцијата во странство за да го заштитат населението што зборува руски. Во „хуманитарната политика“ на 31 страница, објавена по повеќе од шест месеци војна во Украина, […]

Москва не очекува напредок во односите со Лондон по изборот на Трас


Русија не „очекува промени“ на подобро во односите со Велика Британија по изборот на Лиз Трас за британска премиерка, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. – Ако судиме според изјавите на госпоѓата Трас додека таа сè уште беше министерка за надворешни работи, можеме со голема сигурност да кажеме дека не треба да очекуваме промени […]

Пронајдено телото на еден од двајцата осомничени за убиствата со нож во Канада


  Еден од двајцата осомничени за убиствата на 10 лица во канадската провинција Саскачеван е пронајден мртов, соопшти локалната полиција. Телото на Демиен Сандерсон (31) е пронајдено во староседелската заедница Џејмс Смит Кри. Неговиот брат и втор осомничен Мајлс Сандерсон е во бегство. Најмалку десет луѓе беа убиени, а 18 ранети во напади со нож во неделата. […]

Претседателката на Словачка денеска во посета на Грција, утре во Северна Македонија


Претседателката на Словачка Зузана Чапутова денеска е во еднодневна официјална посета на Грција, а според словачките медиуми, утре ќе ја посети Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина. Чапутова во Атина пристигнува по покана на претседателката на Грција, Катерина Сакеларопулу, утрово по официјалниот пречек двете претседателки ќе одржат билатерална средба, по што ќе следи […]

Сити и Јунајтед потрошија повеќе од милијарда евра за сегашниот состав


  Меѓународниот центар за спортски истражувања (CIES Football Observatory) состави рејтинг за трошоците за трансфери меѓу клубовите од најдобрите пет лиги во Европа. Местата во рангирањето беа распределени во зависност од вкупниот износ на трансфери за купување на играчи од тековниот тим, земајќи ги предвид и исплатите на бонус. На првите две места се премиерлигашите […]

Лиз Трас денеска ја презема функцијата премиер на Велика Британија


  Лиз Трас денеска ќе го замени Борис Џонсон на функцијата премиер на Велика Британија, откако Кралицата Елизабета побара од неа да формира нова влада за да се справи со енергетската и економската криза. Трас го победи партискиот ривал Риши Сунак во гласањето за лидерство на Конзервативната партија, ветувајќи дека ќе ги намали даноците и […]