Кремљ: Нема гас за Европа поради санкциите, „Гаспром“: Не праќаме поради проблеми со опремата


Официјален Кремљ и „Гаспром“, како што пренесува „гардијан“, дадоа потполно различни причини за причината зошто низ Северен ток 1 веќе една недела не тече гас од Русија кон Еврипа.

Така вчера, Дмитри Песков, портпаролот на претседателот Владимнир Путин, пред новинарите рече дека за прекин на испораката на гас преку гасоводот „Северен ток 1“ виновни се санкциите кои „за нашата земја ги воведоа западните земји, меѓу кои Германија и Обединетото кралство“.

„Други причини кои би предизвикале прекин на испораката на гас не постојат“, рече Песков, а пренесе прорежимската агенција Интерфакс.

Но, истиот ден, заменик-шефот на управата на руски „Гаспром“, Виталиј Маркелов, даде сосема друго објаснување – проблеми со одржувањето. Рече дека гасот нема да потече низ „Северен ток 1“, се додека германската компанија „Сименс енерџи“, не ја поправи опремата.

„Прашајте ги „Сименс“. Тие мора прво да ја поправат опремата“, рече маркелов на маргините од Економскиот форум во руското пацифичко пристаниште Владивосток одговорајќи на прашањето кога гасот повторно же протече по „Северен ток 1“.