ВМРО-ДПМНЕ утре ќе почне да собира потписи за референдум


 Се додека не се напушти Договорот со Бугарија, ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи уставни измени, изјави денеска на брифинг со новинарите Христијан Мицкоски, претседател на опозициската партија. Мицкоски беше дециден дека тие не се против тоа Бугарите да бидат дел од Уставот, но потенцира дека договорот е асимилаторски и треба да се напушти. ВМРО-ДПМНЕ синоќа го […]

Продолжен рокот за поднесување барања за субвенции за струја за социјално ранливите категории во Кисела Вода


Општина Кисела Вода го продолжува рокот за поднесување на барања за субвенционирање на дел од месечните сметки за потрошена електрична енергија на социјално ранливите категории до 16 септември. -Со цел да им се излезе во пресрет на што повеќе жители кои ги исполнуваат критериумите зададени со јавниот повик, на нивно барање, бараната документација може да се достави уште […]

Осум медали за каратистите на „Макпетрол“ на интернационален турнир во Босна и Херцеговина


Каратистите на клубот „Макпетрол“ – Скопје се вратија со осум медали од меѓународниот карате турнир „Ноќ на шампионите 2022“ што се одржа викендов во Бјелина, Босна и Херцеговина. На овој турнир учествуваа 10 спортисти од карате-клубот „Макпетрол“ кои настапија во дисциплината борби во поединечна конкуренција. Во многу силна конкуренција на 639 спортисти од 73 клубови […]

Ретроспективна изложба во МСУ- Симон Узуновски заразно ја ширеше идејата за демократизација на уметноста  


  На 13 септември, со почеток во 20 часот, во Музејот на современата уметност – Скопје ќе биде отворена ретроспективната изложба „Пат за Волкодери – Ретроспектива“ со дела од македонскиот уметник Симон Узуновски. Тим од петмина историчари на уметноста: Марика Бочварова Плавевска, Зоран Петровски, Љиљана Неделковска, Валентино Димитровски и Лазо Плавевски, блиски пријатели на Узуновски и […]

Милошоски ја претвори Комисијата за надворешни работи во пародија


  Комисијата за надворешна полититика на Собранието почна, прекина, продолжи со работа, па пак прекина. Откако шефот на дипломатијата Бујар Османи побара да биде деблокирана нејзината работа и четирите преостанати амбасадори да ги презентираат приоритетите, претседателот на Комисијата Антонио Милошоски чекаше дозвола од МНР за да ја отвори расправата за јавноста, бидејќи во спротивно немаше […]

Жичницата ќе работи вообичаено за Денот на независноста


Поради државниот празник 8 Септември – Ден на независноста, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, а дежурни ќе бидат три билетарници. Од 7 до 13.30 часот ќе работат билетарниците на Зелен пазар, Транспортен центар и билетарницата во Ѓорче Петров. Жичницата ќе работи вообичаено, од 10 до 20 часот, при што во период од […]

Виенската шницла погодена од поскапувањата


  Австрија– Големите покачувања на цените претставуваат огромен товар за рестораните во Австрија, па некои угостиели размислуваат да ги отстранат познатите „класици“ од менијата… Така, сопственикот на познатиот ресторан „Штернберг“ во покраината Карнтен (Корушка), Штефан Штернад „се закани“ дека наскоро ќе ја отстрани и виенската шницла од менито. – Ако цените продолжат да растат, тогаш следната […]

Магацин со руски ракети „С-300“ е уништен од украинската артилерија, вели Зеленски


  Украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека војската на неговата земја уништила важно руско складиште за муниција каде Москва ги чувала ракетите „С-300“ со кои го напаѓа градот Харков. „Сакам уште еднаш да им се заблагодарам на сите наши бранители, војници и војнички, на нашите разузнавачи, на Службата за безбедност на Украина, кои прават сѐ […]

Меган ѕвезда на вечерта во Англија- испрати силна порака во црвена боја


  Англија– Не го нарекувајте враќање. Меган, војвотката од Сасекс го одржа својот прв говор на британска почва откако се повлече од својата улога како постар кралски службеник пред повеќе од две години. За оваа пригода избра црвен комплет од свила на „Валентино“ и салонки во иста боја на Аквазура. Говорејќи пред делегатите од над […]

Дробњак им ги пренесе искуствата на Хрватска за пристапот во ЕУ на Ковачевски и на Маричиќ


Поранешниот преговарач на Хрватска со Европската Унија, Владимир Дробњак, денеска се сретна со премиерот Димитар Ковачевски и со македонскиот преговарач Бојан Маричиќ.   = Ми беше чест и задоволство да се сретнам и да разговарам со поранешниот хрватски главен преговарач, Владимир Дробњак кој доаѓа во клучен момент за Република Северна Македонија кога се интензивира преговарачкиот […]

Робертс вели дека Клуни ја спасил од „целосна осаменост и очај“ додека го снимале „Билет за рајот“


  САД- Ако треба да формирате пандемски балон, има полоши луѓе со кои треба да се заглавите од семејството Клуни. Откако глумеа заедно во филмови како „Ocean’s Eleven“ и „Money Monster“, Џорџ Клуни и Џулија Робертс повторно се обединуваат за претстојниот нов филм Ticket to Paradise. Двојката глуми горко разведени бивши кои се здружуваат за […]

Зошто Бугарите кои живеат на Запад ги поддржуваат популистичките партии


Она што ни изгледа како парадокс се претвора во усталена реалност: Бугарите кои избрале да работат и живеат во Западна Европа и Америка, сѐ повеќе се инспирирани и поддржуваат популистички политички сили во Бугарија, кои имаат цел враќање на нашата земја во Евроазија, кон прекин на европскиот и атлантскиот избор на посткомунистичка Бугарија. Аргументот „Зошто […]

Харков повторно гранатиран, ноќеска загинале три лица


 Руските сили утрово извршиле напади врз Харков при што е уништена една станбена зграда во централниот дел на градот, соопшти денеска украинскиот гувернер на регионот Олех Синехубов. Тој информира дека „се разјаснуваат информации за евентуални жртви“ и оти во моментов нема хоспитализирани луѓе. Синехубов претходно информира дека три лица загинаа во ракетен напад врз регионот Харков […]

Регионален хакатон за финтек-секторот на Централната банка на Црна Гора „Запознај го својот клиент – лесно и сигурно“


  Централната банка на Црна Гора (ЦБЦГ), во соработка со „ИЦТ кортекс“ и Асоцијацијата на банки на Црна Гора, втора година по ред ја организира меѓународната Конференција за финтек-секторот и хакатонот за финтек-секторот на ЦБЦГ, натпревар од областа на примената на финансиските технологии. Хакатонот ќе се одржи од 7 до 9 октомври 2022 година во […]

Премиерот Ковачевски го посети КИЦ во Софија- како да се доближи македонската култура до бугарската јавност


Во рамки на посетата на Бугарија, премиерот Димитар Ковачевски го посети Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија, јави дописникот на МИА од Софија. Димитар Ковачевски и македонската владина делегација предводена од него беа пречекани од директорот на КИЦ Сашко Насев, кој ги запозна со неговите активности. Насев во галеријата на КИЦ на македонскиот […]

„Капитал ассет менаџмент“ одбележа една година на македонскиот пазар


  Друштвото за инвестиционо советување „Капитал ассет менаџмент“, месецов, одбележува една година постоење на македонскиот пазар. Според Коста Костадиновски, основач и директор на „Капитал ассет менаџмент“, ова е единственото друштво за инвестиционо советување на пазарот кое врши услуги за управување со портфолио за индивидуален клиент и инвестициско советување.  „Предизвиците ги претворивме во можности за раст […]

Герасимовски: Отстрануваме згради за да правиме паркови на Кале


Развиена велосипедска мрежа, зеленило на површина од 30.000 м2, широки тротоари, сообраќајни решенија, пренамена на објекти и намалена катност, најави градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски во емисијата „Македонија наутро“ на МРТВ каде зборуваше за новите предлог ДУП-ови на Кале. „На Кале има развиена примарна и секундарна мрежа за велосипедски патеки. Во дел велосипедските патеки […]

Еутаназија на свиња чини 110 денари, а нес-кафе 130, реагираат ветеринарите


  За двонеделни активности (посетени преку 70 фарми, земени над 80 крвни проби и извршена дезинфекција) кои ме чинеа најмалку 30 000 денари, добив 160 денари поврат од државата. Толку изнесуваше фактурата која ми беше исплатена. Вака накусо ветеринарот Слободан Димитровски од Делчево објаснува со што се соочува неговата струка веќе подолго време. Во основа […]

Матичните лекари чекаат одговор од Министерството и Фондот на нивните барања


Во тек е вториот ден од протестот на Здружението на приватни лекари. Претседателката на Здружението, д-р Лилија Чолакова-Дервишова во изјава за МИА вели дека сè уште не се контактирани од страна на Министерството за здравство или Фонд за здравствено осигурување. – Ние три дена ќе го издржиме тоа што сме го донеле како одлука, во […]

Инфлацијата во Турција достигна рекордни 80,2 отсто


Во Турција годишната инфлација во август достигна 80,2 отсто, што е за 0,5 отсто повеќе отколку во јули кога изнесуваше 79,7 отсто, објави турскиот државен завод за статистика. Ова постави нов рекорд од 1998 година. На крајот на годината се очекува забавување на растот на цените. Потрошувачките цени во Турција растат од март 2021 година, […]