Харков повторно гранатиран, ноќеска загинале три лица


 Руските сили утрово извршиле напади врз Харков при што е уништена една станбена зграда во централниот дел на градот, соопшти денеска украинскиот гувернер на регионот Олех Синехубов.

Тој информира дека „се разјаснуваат информации за евентуални жртви“ и оти во моментов нема хоспитализирани луѓе.

Синехубов претходно информира дека три лица загинаа во ракетен напад врз регионот Харков во текот на изминатиот ден, меѓу кои и една постара жена која почина синоќа во градот Харков.

Харков, вториот по големина град во Украина, е блиску до руската граница и постојано е цел на гранатирање од почетокот на руската инвазија.

– Во текот на ноќта, непријателот повторно изврши ракетен напад врз Харков, напиша Синехубов на Телеграм.

Тој изјави дека „во индустриската зона е оштетена двокатна зграда и уништена е приватна станбена зграда во која живеела 73-годишна жена, која загинала во нападот“.

При руски ракетен напад запалено складиште за нафта во централна Украина

Ракетен напад предизвика голем пожар во складиште на нафта во централна Украина, објави претставникот на воената администрација на регионот Дњепропетровска, Валентин Резниченко.

„Криви Рих беше нападнат со проектили. Голем пожар избувна во магацинот за нафта. Пожарникарите се на терен, напиша Резниченко на Телеграм.

Тој додаде дека се уште е познато дали има жртви, а исто така не се знае степенот на уништувањето.