Дробњак им ги пренесе искуствата на Хрватска за пристапот во ЕУ на Ковачевски и на Маричиќ


Поранешниот преговарач на Хрватска со Европската Унија, Владимир Дробњак, денеска се сретна со премиерот Димитар Ковачевски и со македонскиот преговарач Бојан Маричиќ.
 
= Ми беше чест и задоволство да се сретнам и да разговарам со поранешниот хрватски главен преговарач, Владимир Дробњак кој доаѓа во клучен момент за Република Северна Македонија кога се интензивира преговарачкиот процес за ЕУ. Неговата експертиза ќе има значаен придонес во процесот на интеграција на Република Северна Македонија во Европската Унија и ќе биде трансфер на знаење за македонските преговарачки тимови кои веќе имаат координативни состаноци со хрватскиот експерт – напиша Ковачевски на Фејсбук по средбата.
 
 
Дробњак и вицепремиерот Маричиќ денеска ќе имаат координативен состанок, по кој следуваат состаноци со координаторите на кластери и министри задолжени за кластери и Работна комисија за евроинтеграции со државните секретари на институциите.