Бајден: Русија не треба да се означи како спонзор на тероризмот
Американскиот претседател Џо Бајден синоќа рече дека Русија не треба да се означи како државен спонзор на тероризмот.
Се работи за постапка која Украина веќе некое време ја бара од западот поради инвазијата, но и руските воени злосторства направени на тлото на Украина. Москва, од друга страна, предупредува дека таква ознака би ги уништила американско-руските односи до крај.
На новинарско прашање дали треба Русија да се означи како државен спонзор на тероризмот, Бајден во белата кужа кусо одговори: „Не,“.
Дел од американските законодавци порано, исто така, предлагаа Русија да се означи како спонзор на тероризмот, пренесе „Гардијан“.