МИОА: Усогласувањето за правичната застапеност при вработувања во јавниот сектор е со податоци од вкупно попишаните лица


При усогласување на податоците од последниот Попис, а во врска со вработувањата во јавниот сектор согласно принципот на правична и соодветна застапеност што се врши со Методологијата за планирање на вработувањата во јавниот сектор од Министерството за информатичко општество и администрација за МИА велат дека за основа се земени предвид податоците добиени од вкупниот број […]

Фајненшл тајмс: ЕУ загрижена поради зголемениот обем на трговија на Турција со Русија


  Земјите од Европската Унија се сè позагрижени поради зголемениот обем на трговија на Турција со Русија и можноста таа да послужи како замена за увозот и извозот на Москва со други европски земји, пишува Фајненшл тајмс, повикувајќи се двајца претставници на ЕУ. Дел од државите-членки побарале информации од Анкара за нејзините односи со Кремљ. […]

Драма во авионот на „Ер Србија“ над Тиват


Авионот на „Ер Србија“, Ербас А 319, на релација Тиват-Белград морал принудно да слета поради дефект на моторот 45 минути по полетувањето од аеродромот во Тиват околу 15:45, пренесе регионалниот портал СЕЕбиз. Читателите на Nova.rs кои биле во авионот раскажале дека летот доцнел околу 45 минути и дека веднаш, пет минути по полетувањето, се слушнал […]

Австралија без Кирјос на Дејвис купот


  Австралија– Финалистот на годинешниот Вимблдон, Ник Кирјос, нема да настапи за репрезентацијата на Австралија на претстојните дуели во Дејвис купот, соопшти денеска австралиската Тениска федерација. – Ќе беше прекрасно да го имавме Ник во тимот, но за жал тој не е достапен за овие натпревари, изјави селекторот на Австралија, Лејтон Хјуит. Австралија во Хамбург […]

Од први септември започнува ловот на дивите свињи


  Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска донесе решение за одобрување на ловење на дивеч под заштита. Со ова решение започнува итна максимална депопулација на дивите свињи според акционен план дефиниран помеѓу Министерството и Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Ловната сезона започнува на 1 септември на сите ловишта на територија на […]

Ајде да ја менуваме модата- во Ист гејт мол се отвора првата продавница на H&M


  Шведскиот моден бренд H&M ги отвора вратите на својата прва продавница во Македонија, во Ист Гејт Мол, во Скопје, на 18 август во 10 часот наутро. Посетителите на Ист Гејт Мол ќе имаат можност да доживеат едно сосема ново потрошувачко искуство во продавницата дизајнирана согласно најновиот концепт на H&M. На површина од над 2.300м2 […]

Џил Бајден позитивна на Ковид-19


  САД– Првата дама Џил Бајден е позитивна на тестот за Ковид-19, изјави нејзината портпаролка во вторникот. „Откако тестот беше негативен за Ковид-19 во понеделникот за време на нејзината редовна каденца на тестирање, првата дама почна да развива симптоми слични на настинка доцна навечер“, рече во изјавата Елизабет Александар, директорката за комуникации на Џил Бајден. […]

Основен суд Тетово соопшти дека предметот за модуларната болница е распределен кај судија


Основниот суд во Тетово денеска соопшти дека предметот за модуларната болница е распределен кај судија, кој во наредниот период по разгледување на обвинителниот предлог треба да ја закаже главната расправа. Предметот е распределен согласно Информациски систем за автоматско управување со судски предмети (АКМИС). -Предметот поврзан со модуларната болница во Тетово по поднесен обвинителен предлог од […]

Намален бројот на починати и заразени со Ковид-19 во Грција


  Грција– За 27 отсто се намалил бројот на позитивни случаи на Ковид-19 и на починати лица во Грција во периодот од 8 до 14 август со регистрирани 73.710 позитивни и 258 смртни случаи, согласно седмичниот извештај на Националната организација за јавно здравје за ситуацијата со пандемијата во земјата, јави дописничката на МИА од Атина. […]

Муареми се повлече од функцијата директор на Управата за финансиска полиција


Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми, информира дека по своја сопствена волја се повлекува од функцијата в.д директор на Управата за финансиска полиција, имајќи ја предвид одлуката на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески да поведе постапки за утврдување дисциплинска одговорност за сите три јавни обвинителки и да ја суспендира Вилма […]

„Тиквеш“ и годинава договори откуп на најголеми количини грозје, по највисоки цени


  Винарската визба „Тиквеш“ од утре, 17 август 2022, започнува со годинешниот прием на винско грозје. И оваа година, „Тиквеш“ ќе откупи најголема количина грозје, по највисоки цени. Планирано е оваа година „Тиквеш“ да прими и обработинад 30 милиони килограми квалитетно грозје. Во досегашниот процес на дефинирање на соработката со своите партнери – лозарите, кој […]

Сабота – 20 август неработен ден во општините Тетово, Маврово и Ростуше и Центар Жупа


 Владата на денешната 69-та седница донесе заклучок 20 август 2022 година (сабота) да биде неработен ден за граѓаните во општините Тетово, Маврово и Ростуше и Центар Жупа поради одржување на избор за градоначалници на Маврово и Ростуше и на Центар Жупа, како и избори на членови на Советот на Општина Тетово. Седницата, како што информираат […]

Мицкоски откажа настан, повторно се заразил од ковид


ВМРО-ДПМНЕ извести дека посетата и настанот на претседателот на партијата Христијан Мицкоски во општина Маврово- Ростуше закажан за денес попладне е откажан бидејќи  развил симптоми од Ковид 19. Како што известија, веднаш направил  брз антигенски тест што се покажал позитивен. Во текот на денот Мицкоски ќе биде тестиран со ПЦР тест за вирусот Ковид 19. […]

Бесими: Реформите не предвидуваат номинално зголемување на даноците, туку проширување на даночната основа


  Предлог-концептот на даночни реформи главно се базира на проширувањето на даночната основа врз основа на намалувањето на сивата економија. Не се работи за реформи за зголемување на даноците, вели министерот за финансии Фатмир Бесими во интервју за МИА. – Апсолутно ниту еден предлог што е на маса, не зборува за номинално зголемување на даночните […]

Русковска суспендирана, дисциплинска постапка за Трајчева и Јосифовска


Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески денеска поднесе предлог за поведување дисциплинска постапка за утврдување одговорност на тројца јавни обвинители, за кои постои сомнение дека намерно и неоправдано направиле крупна професионална грешка со што сториле тешка дисциплинска повреда. Неофицијално станува збор за обвинителите Вилма Русковска, Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска.  – Во согласност со член 93 […]

Од ноември РЕК „Битола“ ќе функционира со трите блока


Во планот за производство на АД ЕСМ се предвидува од ноември да профункционираат трите блока во РЕК Битола. Годинава ќе направиме обид да не правиме класични ремонти со застои од 30, 60 или 90 дена, туку да ги вршиме во периоди кога ќе има намалување на снагата, односно простор за санација, посочи денеска генералниот директор […]

Рок пејачот Шевчук казнет поради осуда на руската инвазија врз Украина


 Познатиот руски рок пејач Јуриј Шевчук е казнет денеска во Русија поради осуда на офанзивата против Украина и критиките упатени кон претседателот Владимир Путин за време на концерт. Рускиот суд го прогласи музичарот за виновен за „јавно дејствување насочено кон дискредитирање на руските вооружени сили“ и го осуди на парична казна од 50.000 рубљи или […]

„Гаспром“: Цената на гасот во Европа зимава ќе надмине 4.000 долари


Рускиот производител на гас „Гаспром“ денеска го претстави извештајот за работењето во првите 7,5 месеци од годината и најави дека цената на гасот во Европа во текот на зимата ќе надмине 4.000 долари за 1.000 кубни метри. Според извештајот, извозот во земјите вон Заедницата независни држави изнесува 78,5 милијарди кубни метри, што е намалување за […]

За МНР работата на историчарите е „храбра и стручна“


Министерството за надворешни работи во целост ја поддржува работата на Комисијата за историски и образовни прашања со Република Бугарија и ја поздравува вечерашната објава на препораките кои се дел од Протоколот потпишан меѓу двете земји во 2019 година. -Презентирајќи ги резултатите од нивната работа, од самите членови на Комисијата и нејзиниот претседател беа констатирани неколку […]

ОЈО Охрид оформи предмет за евентуални пропусти при регистрацијата на Здружението „Цар Борис Трети“ 


 Основното јавно обвинителство Охрид денеска по допрен глас оформи предмет за да ги испита наводите за евентуални пропусти при регистрацијата на Здружението на граѓани „Цар Борис Трети“ – Охрид. Како што информираат од Јавното обвинителство, издадена е наредба до Централниот регистар за обезбедување на целокупната документација поврзана со регистрацијата на наведеното здружение. Од мај годинава, […]