Американка паднала во езеро, па била убиена од алигатор


САД – Жена од САД, 88-годишна, е усмртена од алигатор, откако случајно паднала во езеро додека си ги средувала растенијата, близу брегот, во рамки на населба-прифатилиште за стари лица, соопштија властите во американската сојузна држава Јужна Каролина. – Надлежни лица биле повикани во месноста Сан Сити Хилтон Хед завчера, по што е утврдено дека алигатор […]

Шумски пожар зафати воз во Шпанија, патниците ги искршиле прозорците за да побегнат


  Шпанија – Шумски пожар зафати воз во Шпанија, во близина на Кастелон на североистокот на земјата. Дури 20 патници се здобиле со изгореници, од кои тројца потешко, откако скокнале од возот зафатен во пожар, пишува Гардијан. Машиновозачот, кој го возел возот од Сагунто во источната провинција Валенсија до Сарагоса, го запрел возот кога видел дека […]

Бугарска болница замешана во меѓународна мрежа за незаконско пресадување органи


Во април минатата година, двајца Јапонци добија трансплантација на бубрег во болница во Бугарија, договорена од Турчин. Операциите беа успешни, но тој престана да посредува откако бугарските власти започнаа истрага поради сомневање за нелегални трансплантации од живи донатори извршени во земјата во периодот 2019-2021 година“. Ова е откриено од истрагата на „Јомиури Шинбун“, еден од […]

Илон Маск се шегувал дека ќе го купи Манчестер Јунајтед


  САД– Американскиот милијардер Илон Маск изјави дека се шегувал кога кажал дека има намера да го купи Манчестер Јунајтед е шега. Ноќта помеѓу 16 и 17 август, Маск објави на Твитер дека ќе го купи англискиот клуб. – Сето тоа е стара шега на Твитер. Нема да купувам спортски клубови. Меѓутоа, доколку се одлучам на […]

Во Турција се одбележува 23-годишнината од катастрофалниот земјотрес што го потресе регионот Мармара


  Турција– Турција денеска ја одбележува годишнината од најголемата национална трагедија во поновата историја на земјата, 23 години од катастрофалниот земјотрес што го потресе регионот Мармара, вклучувајќи го и милионскиот град Истанбул. Земјотресот од 1999 година со интензитет од 7,4 степени по Рихтеровата скала што траеше околу 45 секунди однесе повеќе од 17 илјади животи, […]

Вучиќ и Курти денеска на одвоени средби со Столтенберг


Белгија– Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти денеска, на одделни средби во Брисел ќе разговараат со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, ден пред новата рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина со посредство на ЕУ. Столтенберг прво ќе се сретне со Вучиќ, а потоа и со Курти, а по одвоените разговори […]

На ГП Богородица и на Табановце се чека 40 минути


  Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини изутринава е зголемен. На ГП Табановце и на на ГП Богородица се чека околу 40 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. АМСМ препорачува […]

Кина денеска почнува дводневна воена вежба во Жолтото Море


  Кина– Кина денеска почнува воени вежби во некои области на Жолтото Море, јави ТАСС, повикувајќи се на соопштение од Управата за поморска безбедност на Народна Република Кина. Во кусото соопштение се наведува дека поморските маневри ќе завршат во 17 часот по локално време на 19 август. На веб-страницата на Управата се напишани координатите на зоните […]

Јубилејна 55. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ, учесници од 17 држави


  Шеесет странски македонисти и слависти од седумнаесет држави ќе учествуваат на јубилејната 55. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ). Оваа јубилејна школа ќе се одржи со најголем број семинаристи последниве години, а нејзината програма се очекува да им овозможи […]

Прослава по повод Денот на Армијата и јубилејот „30 години Армија“


Денот на Армијата 18 Август и јубилејот „30 години Армија“ ќе бидат одбележани со целовечерен настан организиран под мотото „30 години безбедност, стабилност, доверба“ на Воениот стадион во Градскиот парк во Скопје.   На настанот, што ќе започне во 19:00 часот, ќе присуствуваат министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот, генерал – потполковник Васко […]

Комеморација за поранешната министерка за надворешни работи Илинка Митрева


  Во Министерството за надворешни работи денеска ќе се одржи комеморација по повод смртта на поранешната министерка за надворешни работи Илинка Митрева. Митрева почина на 31 јули годинава на 72 години. – Како еден од основачите на партијата, Митрева го трасираше патот до она што СДСМ е денес, одговорна, државотворна партија. Голем е придонесот на […]

Сончево со слаб ветер и температура до 37 степени


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 19 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8. Во Скопје, сончево и топло со мала локална облачност и […]

Астрономски календар


Денеска е среда, 17 август 2022 година, 224-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 141 ден. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 42 минути, а ќе зајде во 19 часот и 33 минути. Денов трае 13 часа и 51 минута. Месечината, која е во фаза на полна Месечина, ќе изгрее […]

Бројот на имоти продадени на Руси во Турција е двојно зголемен


  Двојно е зголемен бројот на имоти во Турција продадени на Руси, јавува турската телевизија НТВ. Во првите седум месеци од годината, бројот на имоти купени во Турција од руски државјани изнесува 6.877, што е зголемување за 223,4 отсто на годишно ниво, покажуваат статистичките податоци на Турскиот институт за статистика (Туркстат). Во текот на тој […]

Финска драстично ќе го намали бројот на издадени туристички визи за Русите


Финска, од 1 септември, ќе го ограничи бројот на визи издадени за руски туристи на 10 отсто од нивниот сегашен број  поради зголеменото незадоволство на јавноста поради руската инвазија на Украина. „Издавањето туристички визи нема целосно да запре, но нивниот број значително ќе се намали“, изјави денеска финскиот министер за надворешни работи Пека Хависто. Тој […]

Драма во Скопје: Одземала бебе оставено пред маркет во ГТЦ, полицијата ја пронашла во Ѓорче Петров


Полициски службеници од СВР Скопје денеска ја лишија од слобода С.С. од Скопје, набрзо по добиена пријава околу 11.30 часот дека одземала бебе од Ѓ.М., која, според пријавеното, бебето го оставила пред маркет во Градски трговски центар во Скопје. Како што сооопшти МВР, детето и С.С. се пронајдени на територија на Ѓорче Петров и С.С. […]

Летово во Хрватска од Ковид-19 починаа шест пати повеќе луѓе отколку минатата година


Од почетокот на јули до вчера, во Хрватска од Ковид-19 починале дури 438 лица. Лани, во истиот период, имало дури шест пати помалку вакви смртни случаи или 74, пишува денеска Јутарњи лист. Разликата во бројки е голема: ова е првпат од појавата на Ковид-19 да има летен бран, кој го предизвика високозаразната варијанта омикрон БА.5. […]

Легендарниот Радивој Корач постхумно во „Куќата на славни“


  САД– Еден од најдобрите кошаркари на поранешна Југославија, Радивој Корач, официјално ќе биде примен во „Куќата на славни“ во Спрингфилд на 10 септември, објави организацијата на својот официјален сајт. Покрај Корач, кој загина во 1969 година на 30-годишна возраст, во „Куќата на славни“ во септемвриската класа ќе бидат примени Тим Хардавеј, Ману Џинобили, Боб […]

(ВИДЕО) Русите масовно се евакуираат од Крим


Проруските жители на Крим и тие што официјална Москва ги насели на овие територии откако ги окупираше, масовно бегаат од полуостровот, користејќи ги сите начини. Според видеото објавено на социјалните мржеи река луѓе чека воз за да си замине од Крим кој одеднаш стана главна цел на ракетирањето од страна на Украинците. Ова е првпат […]

Литовски за препораките: Нема основа за бугарски триумфализам


Нема никаква победа на бугарската историографија во препораките на Комисијата за историски прашања кои вчера ги објавија и македонското и бугарскотот МНР, е ставот на историчарот Александар Литовски и поранешен член на Историската комисија чиј мандат не беше продолжен. Тој за телевизија „Телма“ вели дека ако внимателно се читаат препораките се гледа дека со нив […]