Што предвидуваат мерките на Владата за заштеда на струја до 15 отсто


Владата денеска донесе сет мерки и препораки за заштеда на електрична енергија до 15 отсто. Мерките се однесуваат на домаќинставата, компаниите и државните институции, а ќе се применуваат од 1 септември 2022 до 31 март 2023 година. Препораки за домаќинставата -​Користете го бојлерот за подготовка на топла вода само кога таа ви е потребна и […]

На наредната владина седница одлука за кризна состојба во енергетиката


Владата на наредната седница ќе донесе одлуки за прогласување кризна состојба за електрична енергија и за топлинска енергија што ќе важи од 1 септември годинава, потврди денеска министерот за економија Крешник Бектеши. -Кризната состојба ќе важи со започнување на мерките од 1 септември, па до крајот на септември. Во меѓувреме ќе пратиме во Собрание барање […]

Пратениците да го усвојат законот за заштита на потрошувачите, апелира Бектеши


Пратениците на првата собраниска седница да го усвојат законот за заштита на потрошувачите за да се овозможат поригорозни мерки за трговците кои ја користат кризната ситуација за воено профитерство и манипулации, апелира денеска министерот за економија Крешник Бектеши. -Очекувам и ги молам пратениците на првата собраниска седница да го усвојат законот за заштита на потрошувачите […]

Бектеши: Нема да има рестрикции ако сé оди според планот на ЕСМ


Рестрикции на струја нема да има, ниту се очекуваат ако сé оди според планот на ЕСМ, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Според Бектеши, во тек се редовни разговори со министерствата за енергетика на Србија и Бугарија, за да нема запирање на прекуграничните капацитети и проблеми со снабдувањето. Министерот на прес-конференција во Владата, откако […]

Во Тирана ќе се гради облакодер висок 85 метри, дизајниран според ликот на Скендербег


Албанија– Во центарот на Тирана ќе се гради облакодер моделиран според ликот на албанскиот национален херој Ѓерѓ Кастриот-Скендербег, што е дизајниран од холандското архитектонско студио „МВРДВ”. Зградата ќе биде висока 85 метри и ќе се гради на плоштадот „Скендербег”, каде се наоѓа и неговата статуа што на архитектите им послужила како инспирација за зградата. Ќе […]

Нема осветлување на фасадите, светилките на улиците на минимум – донесени мерки и препораки за заштеда на енергија


Исклучување на декоративното осветлување на фасадите на сите објекти и културни споменици, да не се користи осветлување во јавните објекти во период кога има доволно дневна светлина, во сезоната на ладење температурата на климатизерите да биде 27 степени, а во сезона на греење не повисоко од 20 степени, намалување на осветлувањето на улиците, патиштата, плоштадите […]

Кустурица во „Олимпија“ во декември


  Франција– Режисерот Емир Кустурица ќе го одржи својот последен концерт на чело на Но смокинг оркестра“ на 21 декември во париската „Олимпија“, се наведува на сајтот на познатата сала, пренесува Танјуг. „По повеќе од 20 години концерти ширум светот, Кустурица одлучи да ја закачи гитарата и да ја заврши кариерата на чело на „Но […]

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин по втор пат заразен со Ковид


  САД- Американскиот министер за одбрана Лојд Остин денеска соопшти дека по втор пат е позитивен на коронавирусот. Остин во изјавата рече дека денеска бил тестиран и дека има благи симптоми на инфекција. Тој најави дека пет дена ќе биде во самоизолација дома, јавуваат американските медиуми. – Ги задржувам сите компетенции и планирам да го […]

Условни казни за уште шестмина обвинети за настаните пред Собранието


  Условни казни за уште шестмина обвинети за инцидентите пред Собранието за време на протестите против францускиот предлог изрече Судот, откако тие признаа вина на денешното судење во Основниот кривичен суд во Скопје за настаните пред Собранието на 5 јули годинава. Во Основниот кривичен суд Скопје, како што информираат од Судот, денеска се одржа главната […]

Фестивалот „Литера“ почна со Летен креативен камп во Богданци


Со летен креативен камп вчера во Богданци почна четвртиот Фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“. Летниот креативен камп е најава за годинашниот патувачки карактер на „Литера“, како и за идејата за децентрализација на фестивалските настани, низ повеќе градови и населени места во земјава. Летниот камп се одржува во просториите на Графичката работилница во […]

Јакимовски најави инвестиции од 1,5 милијарди евра во Карпош


По речиси пет години, Општина Карпош од 10 август има деблокирана сметка, соопшти денеска градоначалникот на општината, Стевчо Јакимовски во обраќање во живо на Фејсбук. Првиот човек на Карпош информираше дека за овие девет месеци откако е повторно на функцијата, исплатени се 154.235.000 денари блокади, како и 2 милиони евра друг долг. – Во моментов […]

Регистрирани 590 случаи на Ковид-19, починати две лица


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.593 тестови, а регистрирани се нови 590 случаи на КОВИД-19: Скопје – 261, Битола – 34, Кавадарци – 31, Охрид – 27, Тетово – 23, Куманово и Велес – по 21, Прилеп – 19, Делчево – 17, […]

(Фото) Мукаетов лично ги дочека и им честита на кадетите за успехот во Рига


Кадетската репрезентација на Македонија успеа да го освои ЕХФ шампионатот во Рига, Летонија, откако во финалето триумфираше против Швајцарија. Избраниците на Раде Стојановиќ одиграа убедлив турнир, без пораз дојдоа до златото, а со тоа си обезбедија пласман на кадетските Европски и Светско првенство.  Овој пласман беше главната цел на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), поради […]

Путин: САД се обидуваат да го продолжат конфликтот во Украина


 Рускиот претседател Владимир Путин денеска ги обвини САД за одолговлекување на украинскиот конфликт и се обидуваат „да го дестабилизираат“ светот преку неодамнешната посета на Тајван на претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси. – Ситуацијата во Украина покажува дека САД се обидуваат да го продолжат конфликтот. И дејствуваат на ист начин, поттикнувајќи го потенцијалот за конфликт […]

„Simply quartet“ вечер на „Охридско лето“


  Квартетот „Simply quartet“ вечер ќе настапи во црквата „Света Софија“ во рамките на фестивалот „Охридско лето“. Членовите на ансамблот, виолинистите Данфенг Шен и Антониа Ранкенсбергер, Ксианг Лју на виола и виолончелистот Иван Валентин Холуп Роалд, како што соопшти националната установа „Охридско лето“, доаѓаат од Кина, Норвешка и Австрија. – Иако се релативно млад, интернационален […]

Шолц против недавањето Шенген визи на Русите


Германскиот канцелар Олаф Шолц одбива да ги поддржи зголемените повици за забрана на ниво на цела ЕУ за давање туристички визи на Русите.Говорејќи во Осло по состанокот со нордиските лидери, Шолц рече: „Ова не е војна на рускиот народ. Тоа е војна на Путин и мораме да бидеме многу јасни на таа тема. За нас […]

Заврши протестот на оризопроизводителите, нормализиран сообраќајот на патот Штип – Кочани


Нормализиран е сообраќајот на патниот правец Кочани – Штип кај село Облешево откако во 11:45 часот заврши собирот на оризопроизводителите, информира АМСМ. Сообраќајната лента во правец од Штип кон Кочани на патниот правец А3 Кочани – Штип кај село Облешево од 10:15 часот беше блокирана со 12 земјоделски машини од околу 80 до 100 оризопроизводители, […]

Рекорден пад на реалните плати во Велика Британија


Реалните плати на работниците во Велика Британија забележаа пад во тримесечниот период, заклучно со јуни, најсилно откако одделението за статистика почна со објавување податоци. Во периодот од април до јуни платите пораснале за 4,7 отсто, објави Канцеларијата за национална статистика во текот на вчерашниот ден. Инфлацијата во јуни достигна 9,4 отсто, највисоко ниво во 40 […]

Топол бран во четврток и петок, температури и над 40 степени


  Целата територија на државава во четврток и петок ќе биде под влијание на топол бран со високи утрински и дневни температури кои на повеќе места ќе бидат над 35 степени, а во југоисточните делови и над 40 степени Целзиусови, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). На целата територија на државата во четврток и петок […]