Кустурица во „Олимпија“ во декември


 

Франција– Режисерот Емир Кустурица ќе го одржи својот последен концерт на чело на Но смокинг оркестра“ на 21 декември во париската „Олимпија“, се наведува на сајтот на познатата сала, пренесува Танјуг.

„По повеќе од 20 години концерти ширум светот, Кустурица одлучи да ја закачи гитарата и да ја заврши кариерата на чело на „Но смокинг оркестра“. Во „Олимпија“ бендот ќе го одржи својот последен концерт под името „Емир Кустурица и Но смокинг оркестра“, се наведува на веб-страницата olympiahall.com.

Како што е најавено, Кустурица и „Но смокинг оркестра“ ќе се претстават во париската сала во вообичаената постава со глас, гитари, хармоника, бас, виолина, тапани, перкусии, саксофон, труба и клавијатури и репертоар од првиот ( 2003) до последниот (2018) албум. (Политика.рс)