Пратениците да го усвојат законот за заштита на потрошувачите, апелира Бектеши


Пратениците на првата собраниска седница да го усвојат законот за заштита на потрошувачите за да се овозможат поригорозни мерки за трговците кои ја користат кризната ситуација за воено профитерство и манипулации, апелира денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

-Очекувам и ги молам пратениците на првата собраниска седница да го усвојат законот за заштита на потрошувачите кој веќе 2,5 месеца е во процедура. Тогаш ќе се зголеми можноста на инспекциите да преземат поригорозни мерки за тие што го користат моментот за воено профитерство и прават манипулации со клинетите и потрошувачите, рече Бектеши на прес-конференција, одговорајќи на новинарско прашање зошто трговците постојано ги покачуваат цените и покрај замрзнатите маржи.