Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин по втор пат заразен со Ковид


 

САД- Американскиот министер за одбрана Лојд Остин денеска соопшти дека по втор пат е позитивен на коронавирусот.

Остин во изјавата рече дека денеска бил тестиран и дека има благи симптоми на инфекција. Тој најави дека пет дена ќе биде во самоизолација дома, јавуваат американските медиуми.

– Ги задржувам сите компетенции и планирам да го исполнам нормалниот работен распоред со работа од дома, изјави Остин (69).

Остин рече дека е целосно вакциниран и дека примил две дози за засилување. Тој за прв пат имаше Ковид во јануари.

Тој, исто така, рече дека бил во контакт со претседателот Џозеф Бајден, кој неодамна исто така имаше корона, на 29 јули.