Мицкоски откажа настан, повторно се заразил од ковид


ВМРО-ДПМНЕ извести дека посетата и настанот на претседателот на партијата Христијан Мицкоски во општина Маврово- Ростуше закажан за денес попладне е откажан бидејќи  развил симптоми од Ковид 19.

Како што известија, веднаш направил  брз антигенски тест што се покажал позитивен.

Во текот на денот Мицкоски ќе биде тестиран со ПЦР тест за вирусот Ковид 19.