Повторно се појави најсмртоносниот вирус, во Гана починаа две лица


Здравствените власти на Гана соопштија дека за прв пат потврдиле два фатални случаи на вирусот Марбург, роднина на вирусот ебола. Здравствените институции се подготвуваат за потенцијална епидемија, пишува Дејли мејл. Лекарите соопштија дека пациентите развиле симптоми како дијареа, треска, гадење и повраќање. Претставникот на Светската здравствена организација во Гана, Френсис Касоло изјави дека здравствените служби […]

Премиерката на Естонија поднесе оставка, ќе прави ново мнозинство


Естонската премиерка Каја Калас објави денеска дека нејзината либералната Реформска партија постигнала спогодба со уште две партии за формирање мнозинска коалиција во парламентот, јави естонскиот јавен сервис. Калас се согласила да поднесе оставка и новото мнозинство повторно да ја именува на таа функција во рамки на постигнатата спогодба, пренесе Ројтерс.

Се расчистуваа одводите за атмосферската канализација


Во попладневните часови, веднаш по појавата на врнежите од дожд, проследени со ветар, екипи на ЈП Водовод и канализација – Скопје излегоа на терен за расчистување на сливниците и шахтите на територија на град Скопје со цел нормална и непрекината функционалност на атмосферската канализација.  Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, остануваат подготвени за […]

Пендаровски: Во ЕУ им е срам што чекаме 17 години заради небулозни образложенија


Шефот на државата Стево Пендаровски вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека на европските претставници им е срам затоа што Македонија го сменила името на државата, а Европската Унија не испорачала. „Нив им е срам што државата која го промени своето име единствена во светот се уште не може да почне, не […]

(Видео) Хорор на Тур де Франс: Велосипедист удри во гледач и го скрши вратот, а друг карлицата и клучната коска


Страшна несреќа се случи на етапа на Тур де Франс. Велосипедистот Даниел Ос со голема брзина налета на еден навивач покрај патот и беше тешко повреден. Ос скршил пршлен на вратот во падот, но неверојатно е што по падот ја продолжил трката и дури по крајот бил префрлен во болница за да му се скенира […]

Зекири под истрага за уште едно кривично дело


Уште 30 дена притвор за поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зекири. Но, според тоа што може да се прочита во решението од Апелацискиот суд, Обвинителството може да ја прошири истрагата за поранешниот генерален секретар на Владата. Во Решението се цитира образложението на Обвинителството за органииран криминал кое барало продолжување на притворот поради опасност од […]

Пронајдок наговестува зошто тираносаурус рекс имал куси раце


  Тим научници во Аргентина наведува дека откриле нов џиновски диносаурус предатор кој имал огримна глава, но мали раце за својата големина. Во текстот во магазинот „Current Biology“, наушниците наведуваат дека екстензивните остатоци од скелетот се од досега непознат вид, а ископани се во Патагонија. Мераксес гигас бил висок 11 метри, со глава од 1,2 […]

Кривичниот суд објави листа од сè што ќе му биде конфискувано на Мијалков


Основниот кривичен суд – Скопје ги одобри спогобите постигнати помеѓу јавниот обвинител Лиле Стефанова од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и осомничените Сашо Мијалков и Tодор Мирчевски за случајот „Империја“, информираат од Основното јавно обвинителство.  Претходно, беа одобрени две постигнати спогоби за признавање на вина со осомничените во случајот и изречени затворски […]

Новата катедрала Нотр Дам во Париз во знакот на климатските промени


Франција– Кога ќе заврши последната реконструкција на катедралата Нотр Дам, ќе изгледа малку поинаку отколку што се сеќаваат посетителите. Планот, кој го води пејзажниот архитект Биро Бас Сметс, ќе содржи зголемен плоштад зад катедралата и нов парк, подземна патека и крошна од дрвја. „Проектот ги преиспитува симболичните јавни простори околу Нотр Дам како низа од […]

Русите палат житни полиња во окупираните украински територии


Украински функционер ги обвини руските сили за палење на житните полиња во окупираниот југоисточен регион Запорожје. Олег Николенко, портпарол на украинското министерство за надворешни работи, објави фотографии од големо поле со жито во пламен. Russia’s troops set fire to grain fields in Ukraine’s fertile Zaporizhzhia region. Remember this picture every time Russians say they care […]

(Видео) Во гаснење голем пожар во југоисточна Франција вклучени 900 пожарникари


Стотици пожарникари, поддржани од авиони за гаснење пожари, денеска се борат со голем пожар во југоисточна Франција, што принуди евакуација на околни села. Тринаесет пожарникари се повредени во Бордезак, село каде избувна пожарот. Вкупно 18 пожарникари се повредени во неколку шумски пожари кои со денови пустошат во регионот, јавува радиото Франс Инфо. Неповолните временски услови […]

Ѓоковиќ против Кириос во машкото финале на Вимблдон


Англија–  Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во финалето на Грен – слем турнирот во Вимблдон, откако вечерва во четири сета го совлада Британецот Камерон Нори со 2-6, 6-3, 6-2, 6-4. Полуфиналето траеше два часа и 34 минути, а Ѓоковиќ ја искористи првата меч топка. Со триумфот над домашниот тенисер, Ѓоковиќ постави рекорд и го обезбеди […]

Мијалков призна вина за „Империја“ – ќе му се одземат 25 станови


Поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков ја призна вината за случајот „Империја“ и се согласи на три години затворска казна. Исто така, Мијалков се согласил да биде конфискуван неговиот имот во вредност од околу 30 милиони евра, потврди за МИА Вилма Русковска, шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. – Според процената за 2011, 2013, 2016 […]

Во Прилеп наврнаа 25 литри, во Скопје 1 литар дожд на м2, обилни врнежи и во текот на ноќта


До 16 часот во Прилеп наврнаа 25 литри дожд на метар квадратен, во Крушево 23, во Маврово и Пожаране 12, во Охрид шест, во Битола пет, во Тетово и Виница четири, во Демир Капија два, а во Скопје на Зајчев Рид еден литар дожд на метар квадратен, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Врнежите од дожд […]

Француски ХАС препорачува вакцинирање на ризични групи лица против мајмунски сипаници


 Француската национална здравствена управа (HAS) денеска препорача проширување на кампањата за вакцинација против мајмунски сипаници, нагласувајќи дека оние кои се изложени на најголем ризик од заразување со вирусот преку сексуален контакт треба да ја примат вакцината. Мажите кои имаат сексуални односи со други мажи и транс лицата кои имаат повеќе сексуални партнери треба да се […]

Риши Сунак објави дека ќе се кандидара за лидер на конзервативците во Британија


Британскиот конзервативец Риши Сунак, чија оставка од кабинетот на премиерот Борис Џонсон  предизвика лавина оставки од други министри, денеска ја објави својата кандидатура да биде следниот лидер на партијата. „Да ја вратиме довербата, да ја обновиме економијата и повторно да ја обединиме земјата“, нагласи поранешниот министер за финансии, презентирајќи видео за неговата животна приказна за […]

Меѓу Турција и Македонија постојат силни културни врски


Советничката за култура и промоција на Република Турција во Скопје, Чигдем Ѓуллу, беше во проштална посета на Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска. На средбата беше истакната потребата од развивање на соработката на нови области коишто се директно поврзани со културата, соопштија од Амбасадата на Република Турција во Скопје. Чигдем Ѓуллу, којашто истовремено е и уметничка, […]

Гир: Tреба да одлучите дали го прифаќате или не францускиот предлог


Јасно е дека дискусијата дали да се продолжи со овој ревидиран француски предлог или не е во рацете на оваа земја. Не е на ЕУ, не е на Претседателство, ниту на друга земја членка на ЕУ, рече денеска евроамбасадорот Дејвид Гир во обраќањето на форумот „Западен Балкан и ЕУ во 2022: што престои“. Според него, […]

Пендаровски: Лица од други земји провоцираат инциденти на протестите


Шефот на државата Стево Пендаровски  на ТВ21 порача дека Руската федерација го злоупотреба тоа што граѓаните легитимно протестираат против францускиот предлог. Според Пендаровски, луѓе од други земји се дојдени во Македонија со цел да испровоцираат инциденти. „Имаме неколку дузини луѓе кои се дојдени од некои од соседните држави и кои се обидуваат да испровоцираат инциденти […]

МНР: Нашата амбасада во Атина е во контакт со грчките власти за тројцата македонски државјани осомничени за шверц на дрога


Амбасадата на Република Северна Македонија во Атина оствари комуникација со официјални претставници на надлежните институции на грчкиот остров Миконос, од каде е добиена информација за тројца уапсени наши државјани осомничени за трговија со дрога, соопшти Министерството за надворешни работи. Во соопштението на МНР, се посочува дека тројцата осомничени македонски државјани се со иницијали О.П, Г.П. […]