Пуштен во употреба гасоводот што ги поврзува Грција и Бугарија, се зајакнува регионалната енергетска безбедност


Симболично, со вртење на славината за проток на природен гас, премиерите на Грција и Бугарија, Кирјакос Мицотакис и Кирил Петков, во грчкиот град Комотини го отворија гасоводот ИГБ што ги поврзува двете земји, јави дописничката на МИА од Атина. Двајцата премиери на свечената манифестација се осврнаа на важноста на конкретниот гасовод, Мицотакис рече дека e […]

И Мијалков се спогодил со обвинителството – за три години затвор и 36 милиони евра?


  Откако медиумот „Сдк.мк“ објави дека Сашо Мијалков во процесот за случајот „Империја“ се спогодил со обвинителството, обвинителката Вилма Русковска изјави за МИА дека разговорите за спогодбата се во тек. „Детали во врска со спогодбата обвинителството ќе објави наскоро“, вели шефицата на на Јавното обвинителство за борба против организиран криминал и корупција. Според информацијата на […]

Гасот во Бугарија поскапува 30 отсто


  Бугарската државна компанија „Булгаргас“ потврди дека гасот ќе поскапи во јули. Новата цена ќе биде 186,47 бугарски лева (95,25 евра) по мегават час(MWh), пренесе Biznis.rs. Во бугарскиот парламент одржана е седница од затворен тип. а во текот на заседавањето пратениците разговарале со премиерот Кирил Петков и со министерот за енергетика Александар Николаев за безбедноста […]

Отворено писмо до јавноста од амбасадорката Кејт Брнз


По францускиот лидер Емануел Макрон, до јавноста со отворено писмо денес се обрати и амбасадорката на САД, Кејт Брнз. Во него стои: „Вашата земја достигна историски момент во своето долго и со предизвици полно патување кон нејзината евроатлантска иднина.  На вашиот пат наидовте на блокади и одложувања, и се соочивте со предизвици по однос на […]

Сите бегаат од францускиот предлог како од колера, помила им е фотелјата


СДСМ го обвини ВМРО-ДПМНЕ дека сака да избга од дебата во Собранието за францускиот предлог бидејќи се плашат дека ќе се видат сите нивни лаги  и измислици.  „Со последниот европски предлог имаме чист македонски јазик во ЕУ, без додавки и фусноти, македонскиот идентитет е целосно заштитен , а историските прашања не се дел од преговарачкиот […]

ВМРО-ДПМНЕ и Павле Трајанов ја нарекоа несериозна информацијата на Владата за францускиот предлог


  Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Павле Трајанов од ДС денеска речиси унисоно реагира за информацијата што ја испратила Владата до Собранието околу преговарачката рамка за преговорите со ЕУ. Нивното образложение е дека „не содржи ниту еден документ“. А особено поради тоа што го нема Протоколот меѓу Бугарија и Македонија. Координаторот на пратеничката група на […]

Трајанов :Несериозно е да се прати само една страница материјал од францускиот предлог


Нецела страница  добивме вчера, мислам дека е тоа несериозен и неодговорен пристап. Претседателот на Собранието Талат Џафери не може ова да го прифати како информација зашто не ги задоволува деловничките критериуми за Собранието да може да расправа, изјави Павле Трајанов, претседател на Демократски сојуз, во врска со Информацијата за содржината на Предлог-преговарачката рамка за пристапните […]

Во октомври ќе биде црковната богослужба за прогласување на Кирил Пејчиновиќ за светец


Тетовско гостиварската епархија информира дека во октомври ќе се случи прогласувањето на Кирил Пејчиновиќ за светец. Канонизацијата ќе се изврши во Лешочкиот манастир и во тетовскиот соборен храм Свети Кирил и Методиј. -Возљубени браќа и сестри, на 15 и 16 октомври 2022 ќе се изврши канонизацијата на игуменот Кирил Лешочки за светител и вбројување во […]

Двајца починати и нови 297 новозаразени со Ковид-19


 Нови 297 случаи на Ковид-19 од 1113 направени тестови се регистрирани во изминатите 24 часа, оздравени се 180 пациенти. Починати нема во изминатото деноноќие, но во Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“ регистрирани се две починати лица од Скопје, на 80 и 71 година, со датум на смрт од  29 и […]

Нормализиран сообраќајот на неколку патни правци


 АМСМ информира дека попладнево е нормализиран сообраќајот на неколку патни правци, кои беа затворени поради протест и блокада. Во 13:40 часот е нормализиран сообраќајот кај новата патарина „Кадрифаково“ на патот Штип – Скопје. Во 14:00 часот собирот кај Плетвар завршил и сообраќајот е нормализиран. Во 14:00 часот на патот Струмица – Радовиш кај село Василево, […]

Алберт Муслиу до Бугарија: Ние не сме компјутери, па да нѐ рестартирате


На келнерот во ресторанот, на метaр од автопатот што води кон родниот Гостивар, гостин му се обраќа на мајчиниот албански јазик, кој всушност извесно време е официјален покрај македонскиот. Неговата заедница е најголемиот „дел од народот“ во македонскиот устав, каде што наскоро може да се најдат Бугарите. Тој повеќе учел за партизаните како Сава Ковачевиќ […]

Тетовските затвореници добија базен


По реновирањето на различни простори и активности во затворот во Тетово, неодамна беше обезбеден и базен како дел од програмата за ресоцијализација на оваа казнено-поправна установа, јави „Сител“. Директорот Ќефаил Хавзија вели дека затворениците со здравствени проблеми ќе можат да го користат базенот за масажи и вежби за тело. „Со чиста совест ги известуваме членовите […]

Советник од Москва ја критикуваше војната, доби седум години затвор


  Судот во Москва осуди опозициски советник на седум години затвор за критикување на воените дејствија на Русија во Украина, што е прва долгорочна затворска казна изречена според новите закони кои ја ограничуваат критиката на војната. Алексеј Горинов, советник во московскиот окружен совет Красноселски и обучен адвокат, беше уапсен во април под обвинение за ширење […]

Блокада пред Владата против францускиот предлог – МВР: Блокирање на автопати е спротивно на законот


Граѓани кои не се согласуваат со францускиот предлог, попладнево го блокираа булеварот пред Владата. Блокади се најавени и на магистралните патишта Штип – Велес, Струмица – Радовиш и Плетвар – Прилеп. Блокадите се одржуваат денес, а за в недела е најавен нов протест под мотото „Ултиматиум, не благодарам“. Протести во Скопје се одржаа и изминатите […]

Годишната инфлација во Грција 12,1 отсто  


Годишната инфлација во Грција во месец јуни со 12,1 отсто бележи нов рекорд со оглед на тоа дека е највисока во изминатите најмалку 25 години, јави дописничката на МИА од Атина. Според официјалните податоци од Грчката служба за статистиката, за една година, од јуни 2021 година, до јуни годинава, најголемо зголемување на цените има кај […]

Барселона испрати официјална понуда за Левандовски


Шпанскиот фудбалски гигант Барселона испрати денеска официјална понуда до германскиот првак Баерн Минхен за ангажман на полскиот голгетер Роберт Левандовски, потврди претседателот на каталонскиот клуб Жоан Лапорта. – Испративме понуда, се надеваме дека сè ќе заврши позитивно, но сега чекаме одговор, рече Лапорта при промоцијата на Андреас Кристенсен, како ново засилување во редовите на Барселона. Дел од шпанските медиуми […]

УХМР предупредува на излевања на помалите реки


Поради очекуваната можност на повеќе места да има краткотрајни и интензивни врнежи од дожд, можни се појави на локални излевања на помалите реки и суводолици. Исто така, доколку интензивните врнежи бидат во градските урбани срредини, можна е појава на течење и акумулирање на вода низ градските улици поради неможност за одведување на водата преку атмосферската […]

Бугарија: Партијата на Петков ќе го врати мандатот, не собра 121 пратеници


  Премиерот во заминување Кирил Петков очекува мандатот за формирање влада да биде вратен неисполнет, откако неговата партија Продолжуваме со промената (ПП) не успеа да обезбеди поддршка од 121 пратеник. Ова го соопшти Петков од Грција, каде што учествуваше на официјалната церемонија по повод завршувањето на изградбата на Интерсистемската гасна врска Грција – Бугарија. Бугарија […]

Бектеши: Успешно се справуваме со предизвиците што ги донесе енергетската криза


Енергетскиот сектор во Северна Македонија се соочи со навистина тежок период како резултат на сите кризи што ја зафатија не само нашата земја, туку и целиот свет. Покрај тоа, ние како земја продолжуваме да ги фокусираме нашите политики поврзани со енергијата на здрава и чиста животна средина, како и енергетска независност. Владата на Република Северна […]

Во мај годинава 323 одобренија за градење, од кои 45 проценти во високоградбата


Во мај годинава се издадени 323 одобренија за градење, што е за 7,7 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика. Полошкиот е регионот каде во мај годинава се издадени најмногу одобренија за градење – 87, по што следат Југоисточниот со 61 и Скопскиот со 51. Во […]