Гасот во Бугарија поскапува 30 отсто


 

Бугарската државна компанија „Булгаргас“ потврди дека гасот ќе поскапи во јули.

Новата цена ќе биде 186,47 бугарски лева (95,25 евра) по мегават час(MWh), пренесе Biznis.rs.

Во бугарскиот парламент одржана е седница од затворен тип. а во текот на заседавањето пратениците разговарале со премиерот Кирил Петков и со министерот за енергетика Александар Николаев за безбедноста на испорака на гас.

Деталите од седниците не се откриваат, но многу парламентарци подоцна констатираа дека доколку има гас, неговата цена ќе биде повисока.

Ден порано, извршниот директор на компанијата Људмил Јоцев на десниа на комисијата за енергетика предложи од јули цената на гасот да се зголеми за 31,5 отсто. Тој истакна дека Бугарија е обезбедена со гас за јули и за август, но призна дела засега нема одговор за септември, октомври и ноември.

Според него, преговорите со „Гаспром“ постојано се водат, покрај прекинот на испорака на енергентот кон крајот на април. Смета дека обновувањето на испорака на гас од Русија зависи од политичарите.