Ист Гејт Мол со две станици за полнење на електрични автомобили, донација од ПроКредит Банка


Паркингот на Ист Гејт Мол од денес претставува уште една точка каде што граѓаните ќе можат да ги полнат своите електрични и хибридни автомобили. Полначите се наоѓаат на првото ниво на паркинг, во виолетовата зона на јужниот влез на паркингот. Посетителите ќе можат непречено да ги користат полначите, а струјата за нив е бесплатна. Предноста […]

Драган Ѓоргев: 15 отсто од смртноста кај населението се должи на аерозагадувањето


Од ефектите на аерозагадувањето во Битола, утврдивме дека 15 отсто од смртноста кај населението се должи на аерозагадувањето, изјави професорот д-р Драган Ѓоргев од Институтот за јавно здравје на меѓународна конференција во Битола. Според Ѓоргев, потребни се конкретни мерки затоа што новите препораки за заштита од аерозагадување на Светската здравствена организација се построги. -Од ефектите […]

Македонија и Косово ќе ја официјализираат соработката во делот на безбедноста на храната и здравствената заштита на животните


Со потпишување меморандум за соработка Северна Македонија и Косово ќе ја официјализираат воспоставената билатерална соработка на полето на безбедноста на храната и здравствената заштита на животните. Ова го договорија на денешната средба во Приштина директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски и неговиот косовски колега, директор на Агенцијата за храна и ветеринарство на […]

Средба на Пендаровски со Бишваџит Банерџи, поранешен шеф на мисијата на ММФ за Македонија


Претседателот Стево Пендаровски денеска се сретна со Бишваџит Банерџи, експерт од областа на меѓународната монетарна политика, поранешен шеф на мисијата на ММФ, кој престојува во посета на државата по повод одбележувањето на 30 годишнината од монетарното осамостојување. Како што соопштија од Кабинетот на претседателот, јубилејот бил повод и за отворање на изложбата „В/редности и вредности“ […]

„Прототема“: Ќерка на македонски политичар и инфлуенсерка уапсена за шверц со дрога на Миконос


  Позната инфлуeнсерка од Северна Македонија и ќерка на политичар од соседната земја е едно од уапсените лица на Миконос за учество во злосторничка организација која продавала кокаин и екстази на грчкиот остров Миконос, пишува грчкиот весник „Прототема“.   Девојката која уште е опишана и како русокоса со многу следбеници на Инстаграм и чија мајка […]

Несреќа на Скијатос – сериозно повредена жена која снимала полетување на авион


Грција- Несреќа се случи на аеродромот во Скијатос каде туристите и локалните жители се собираат да го гледаат полетувањето на авионите. Туристката (61) сакала да го снима авионот додека полетува, но издувните гасови ја собориле и ја фрлиле во морето. Како што може да се види на видеото, жената била на патот покрај морето, на […]

Моментот кога е застрелан Шинзо Абе (Видео)


  Шефот на итната помош во Универзитетската болница „Нара“ Хидетада Фукушима изјави дека поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе задобил две рани во предниот дел од вратот. Тој реше дека се обиделе да извршат трансфузија на крв, но на крајот не успеале да го запрат крварењето. Тој немал витални знаци на живот кога бил донесен во […]

(Фото, видео) Чудесната приказна за македонските банкноти: обележјата на македонските пари изложени во Музејот на НБ


Златната маска од Горна порта и златните обетки со гулабици од Охридско, мермерното торзо на божицата Изида, тетовската Менада, монетите на Јустин II и многу други артефакти и нивни приказни, од денес во следните шест месеци, ќе ја раскажуваат приказната за македонските банкноти во новоотворената, времена музејска поставка во Музејот на Народната банка. На свеченото отворање на изложбата, […]

Џафери: В понеделник би можело да се знае кога ќе се расправа за францускиот предлог


На редовната понеделничка координација во Собранието ќе се разговара за тоа кога би можело да се одржи пленарната седница за Информацијата за содржината на предлог – преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европска Унија, предложена од страна на Претседателството на Франција со Советот на Европска Унија на 30 јуни 2022 година. […]

Блинкен до Лавров: Украина не е ваша земја, украинското жито не е ваше жито


Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров го напушти министерскиот состанок на Групата Г-20 додека германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок од говорницата ја критикуваше Москва заради војната во Украина. Министрите за надворешни работи на државите-членки на групата Г-20 на состанокот што се одржува на островот Бали демонстрираа длабоки несогласувања по однос војната во Украина, како […]

Тешка сообраќајка на автопатот Охрид-Кичево, повеќе лица повредени


На 07.07.2022 околу 14.25 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај с.Песочан, охридско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат панда“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.Х.(31) од Скопје и патничко возило „пежо 306“, со српски национални ознаки, управувано од Љ.Б.(71) од Охрид. Во несреќата возачот Љ.Б. и […]

Од идната недела прием на странки во Општина Центар секој вторник и четврток од 9 до 11 часот


Општина Центар ги информира граѓаните дека од понеделник (11.7.2022) се менува саатницата за отворениот ден за прием на странки во општината. Наместо како што беше досега, секој вторник и четврток од 13:00 – 15:00 часот, отсега секторите ќе примаат странки од 9:00 часот наутро до 11:00 часот. Промената се врши со цел да се излезе […]

Внимавајте каде паркирате почнаа засилени контроли


Ја известуваме јавноста дека ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, ги засилува контролите за непрописно паркираните возила, поради што упатува апел до корисниците да внимаваат на правилата за паркирање на своите возила, со што не би се соочиле со несакани санкции т.е. поставување блокатор на тркало или отстранување со пајак службата.  Имено, изминатата недела утврдени се […]

На Миконос уапсени тројца македонски државјани – шверцери на дрога


Тројца државјани на Северна Македонија, двајца мажи на возраст од 34 и 35 години и 21-годишна девојка, во средата биле уапсени на грчкиот остров Миконос, под обвинение за трговија со дрога, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчката полиција соопштија дека по темелна полициска истрага, било „разбиено јадрото на мрежа на странски државјани кои […]

Платини и Блатер ослободени од вина за финансиски измами


  Швајцарија– Ослободителна пресуда за поранешните челни луѓе на ФИФА и на УЕФА, Сеп Блатер и Мишел Платини, по обвиненијата за финансиски измами донесе денеска судот во швајцарскиот град Белинцона. Обвинението ги товареше за неовластена исплата на сума од два милиони швајцарски франци на сметката на Платини од касата на ФИФА, извршена во 2011 година. […]

ЕК: Одлуката за ревидираниот француски предлог е суверена одлука на Македонија


Европската комисија преку својата портпаролка за проширување порача дека се следи процесот во Северна Македонија за предлог преговарачката рамка на француското претседателство, јави дописничката на МИА од Брисел. На новинарско прашање на редовниот брифинг за медиуми во Европската Комисија за францускиот предлог и процесот на преговори со Северна Македонија, портпаролката за проширување, Ана Писонеро изјави […]

Лидерите на Отворен Балкан: Нашата соработка е конкретна, за силен економски регион подготвен за членство во ЕУ


Нашата соработка е конкретна, за силен економски регион подготвен за членство во Европската Унија, констатираа премиерот Димитар Ковачевски, претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Албанија, Еди Рама на денешниот онлајн состанок посветен на интензивирање на соработката за заедничко надминување на потешкотиите околу снабдувањето со храна и енергија, како и за заедничко справување со можни пожари […]

Тупанчески: Граѓанскиот законик претставува сериозен предизвик во однос на законодавната агенда


Во Клубот на пратеници денеска се одржа конститутивна седница на Работната група за изработка на Граѓанскиот законик на Република Северна Македонија, што, според министерот за правда Никола Тупанчески, претставува сериозен предизвик во однос на законодавната агенда и на тоа „што се нарекува кодификација на едно законодавство кое што до скоро, а и во моментот, според […]

Следниот викенд Галичка свадба, Илчо Димитров и Елена Дураковска годинашни младенци


Илчо Димитров (28) и Елена Дураковска (24)  годинава се зет и невеста на 48. издание на Галичката свадба, која ќе се одржи следниот викенд, од 15 до 17 јули во Галичник, на планината Бистра. Карактеристично за годинешната манифестација е што покрај нив, во црквата „Свети Апостол Павле” во ист ден ќе бидат венчани и Искра […]

Главниот рабин во Москва даде оставка поради војната во Украина


  Главниот рабин во Москва потврди дека ја напуштил Русија и се повлече од функцијата, велејќи дека ако продолжи во тоа би ја загрозил московската еврејска заедница. Пинкас Голдсмит, кој исто така ја предводи Конференцијата на европските рабини, објави изјава во која вели: „Како што се одвиваше страшната војна против Украина во последните неколку месеци, […]