Моментот кога е застрелан Шинзо Абе (Видео)
Шефот на итната помош во Универзитетската болница „Нара“ Хидетада Фукушима изјави дека поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе задобил две рани во предниот дел од вратот. Тој реше дека се обиделе да извршат трансфузија на крв, но на крајот не успеале да го запрат крварењето. Тој немал витални знаци на живот кога бил донесен во болницата со хеликоптер.
Неколку моменти по пукањето, членовите на обезбедувањето на Абе соборија човек на земја неколку метри метри зад поранешниот премиер. Осомничениот бил облечен во сива кошула, светло кафени панталони и сива тренерка. Неговото лице беше делумно заматено со хируршка маска. Тој наводно не се обидел да побегне пред да биде приведен на местото на настанот.
Полицијата го идентификуваше осомничениот како Тецуја Јамагами, 41-годишен жител на Нара. Според извештаите на локалните медиуми, полицијата соопшти дека оружјето за кое се смета дека било употребено во нападот било рачно изработено. На фотографијата се прикажани два цилиндрични метални делови кои се чини дека биле силно врзани со црна лента оставени на патот во близина на местото на настанот.
