Русите палат житни полиња во окупираните украински територии


Украински функционер ги обвини руските сили за палење на житните полиња во окупираниот југоисточен регион Запорожје.

Олег Николенко, портпарол на украинското министерство за надворешни работи, објави фотографии од големо поле со жито во пламен.

„Сетете се на овие слики секојпат кога Русите ќе речат дека се грижат за глобалната сигурност на храна. Милиони луѓе ширум светот се соочуваат со глад – затоа што Русија покрена брутална војна против Украина“, напиа тој.

Украина е најголем извозник на житарици и хуманитарните агенции предупредуваат дека во земјите од Африка, на Блискиот исток и на други места се заканува разорна глад, поради немање храна, ако до нив не стигант залихите.