Руски ракети го погодија центарот на украинска Виница, најмалку 20 загинати


  Најмалку 20 лица, меѓу кои три деца, загинаа, а десетици други се повредени во ракетен напад врз градот Виница во централна Украина. Ова го соопшти заменик-шефот на Кабинетот на претседателот на Украина, Кирило Тимошенко. Повеќе од 90 лица побарале лекарска помош. Според украинската полиција, три руски ракети погодиле деловна зграда. Покрај тоа, Офицерскиот дом […]

Ковачевски: Македонскиот јазик во ЕУ ќе биде еднаков со сите европски јазици


– Нашата земја е пред многу важна одлука за нејзината иднина и остварување на уште една стратешка цел, отворање на преговорите со Европската Унија со зачуван и обезбеден македонски јазик во Европската Унија, што значи конечно затворање на сите идентитетски прашања. Европскиот предлог е важен чекор со кој ќе се надмине блокадата и кој ќе […]

Зетот на градоначалникот на Подградец одгледувал марихуана во охридското село Оровник


Зетот на градоначалникот на албанскиот град Подградец одгледувал марихуана во селото Оровник-Охрид, јави Ора њуз телевизија. Медиумот додава дека македонската полиција открила 3.000 садници марихуана, 100 литри масло од канабис и 600 килограми сува марихуана. -Фабриката за марихуана била регистрирана како подружница на фирмата „Гринего 2018“ од струшкото село Дрслајца, но немала дозвола за производство на марихуана, […]

Државата не му дозволува на 10-годишно силувано девојче во САД да абортира


Дваесет и седумгодишен маж во американската сојузна држава Охајо обвинет е дека силувал 10-годишно девојче, кое пак, заради најновата одлуката на Врховниот суд во својата сојузна држава, не може да абортира, пренесува Би-би-си. Силувачот Хершон Фуентес вчера се појави на суд во градот Колумбос. Американскиот претседател Џо Бајден зборуваше во Белата куќа за овој случај. […]

Фон дер Лајен дочекана со аплаузи, тропања и извици за предавници


Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, беше дочекана бурно во македонското Собрание додека ги уверуваше пратениците дека македонскиот јазик е наш јазик и дека одлуката што треба да ја направиме е одлучувачка за нашата иднина. „Конечно сме на прагот на одлучувачки чекор во евроинтеграцијата. Покажавте витален капацитет да го промените вашето општество, воспоставивте […]

Кејт Брнз: Предлогот го штити интересот на Македонија во преговорите со ЕУ


    ВАШИНГТОН – Кога се работи за пристапувањето во ЕУ тоа е разговор кој треба да го водат Северна Македонија и Унијата, а Вашингтон отсекогаш го поддржувал пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ, порача во интервју за МИА, американската амбасадорка Кејт Мари Брнз и изрази надеж дека францускиот предлог ќе биде компромис што ќе ги […]

Македонските кошаркари ги дознаа противниците во претквалификациите за ЕП 2025


Македонската машка сениорска кошаркарска репрезентација ќе игра во групата Д во претквалификациите за пласман на Европското првенство во 2025 година, заедно со селекциите на Словачка, Данска и Норвешка, одлучи денешната жрепка во Минхен. Стартот на претквалификациите во трите групи е закажан за крајот на август, а завршните натпревари ќе се одиграат во февруари идната година. Пласман во квалификациите за ЕП 2025 ќе […]

Лисабон е најсреќниот град на светот


Компанијата за патувања IVisa направила истражување за тоа кои се најсреќните градови на светот. За да дојдат до рангирањето, земале во предвид пет критериуми: очекуван животен век, број на сончеви часови, работно време, трошоци на живот и љубезност на локалното население. Првото место според наведените критериуми го зазема Лисабон. Главниот град на Португалија годишно има […]

Околу тристотини приврзаници на Левица ја дочекаа Дер Лајен пред Собранието


Околу тристотини приврзаници на Левица и подготвија добредојде на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен извикувајќи „Никогаш Северна“, додека во заднина се слушаа револуционерни македонски песни.  Засега нема инциденти а нема ни голема тензија, но  Собранието сепак е обезбедено со голем број специјалци и борбени возила.  Внатре во Собранието пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се […]

Фон дер Лајен и Ковачевски: Европскиот предлог не го загрозува македонскиот идентитет и јазик


  Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и премиерот Димитар Ковачевски на нивната денешна средба се согласиле дека дека со европскиот предлог не се загрозува на ниту еден начин идентитетот, културата, историјата и македонскиот јазик. И дека одлуките кои се носат сега ја гарантираат иднината на земјата, соопшти владината прес-служба.  На нивната тет-а-тет […]

Лара Трпческа и Ирина Давидовска на детскиот Евросонг во декември во Ерменија


Според јавната објава на „Evrovision Macedonia“ избрани се нашите претставници на овогодинешното издание на Детската Евровизија. Во јавното известување од таму ги  известија граѓаните на Република Северна Македонија дека Јавниот радиодифузен сервис Македонска радио телевизија донесе конечна одлука и ги избра Лара Трпческа, ќерката на славниот пијанист Симон Трпчевски, и Ирина Давидовска за претставници на нашата […]

Мнозинството ги објави своите предлог-заклучоци


  Јован Митрески, координаторот на пратеничката група на СДСМ, денеска ги објави предлог заклучоците на владејачкото мнозинство за заштита на културните, идентитетските, историските и јазичните посебности на македонскиот народ за време на преговорите со ЕУ, доколку биде усвоена преговарачката рамка. Митрески рече дека е дојдено време за одлука. Еве ги заклучоците:  „Водејќи се од врвните […]

Викендов зголемена облачност, в недела попладне дожд


Времето денеска е претежно сончево и потопло со слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 34 степени. УВ-индексот е 9. Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), за време на викендот наместа ќе има зголемена облачност. В сабота температурата насекаде ќе биде […]

Фон дер Лајен кај Пендаровски: Прифаќањето на францускиот предлог ќе значи деблокада


  Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен. На средбата беше разговарано за актуелните политички состојби во земјава и процесите поврзани со европските интеграции. Претседателката на Европската комисија, Фон дер Лајен потврди дека со првата меѓувладина конференција којашто треба да се одржи набрзо, доколку биде прифатен предлогот за […]

Брашното во Австрија поскапе за 129 отсто, путерот за 76 проценти


Цените на основните намирници во Австрија и понатаму растат, соопшти Работничката комора. Најевтиното брашно на годишно ниво поскапе за 129 отсто, путерот за 76, а јајцата за 47 проценти. „Бројките се алармантни“, укажа Работничката комора. Анализа на цени во седум супермаркети и дисконти покажа дека за најевтино брашно, за килограм во јуни минатата година се […]

И ГЕРБ не направи влада


ГЕРБ-СДС му го врати мандатот на претседателот на Бугарија, Румен Радев. Претседателката на пратеничката група на ГЕРБ-СДС, Десислава Атанасова, прочита писмен став дека нема да го остварат правото на истражувачки мандат за формирање влада во 47. Народно собрание и нема да предложат премиер. Радев најави дека утре ќе ги свика сите бугарски парламентарни партии на […]

Клуб од Саудиска Арабија му нуди рекорден договор на Роналдо


  Шпанија– Напаѓачот на Манчестер јунајтед и португалски репрезентативец Кристијано Роналдо би можел кариерата да ја продолжи во засега неименуван клуб од Саудиска Арабија, а целиот трансфер би бил вреден 300 милиони евра, го пренесува денеска шпанскиот весник „АС“ пишувањето на дел од португалските медиуми. Роналдо изрази желба да го напушти Манчестер јунајтед бидејќи е незадоволен од […]

Османи- Фон дер Лајен: Посетата доаѓа во вистинско време


  Министерот за надворешни работи Бујар Османи оствари средба со Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, на самиот старт на нејзината посета на Скопје. „Оваа посета доаѓа во вистинско време, при самото заокружување на широкиот консултативен процес за предлогот на Француското претседателство и вашето денешно обраќање во Собранието го сметаме за значаен придонес […]

Гори во Шпанија, ќе биде критично во Франција и во Велика Британија


Топлотниот бран што ја зафати Југозападна Европа, веројатно ќе го достигне својот максимум денеска во Шпанија. Високите температури веќе ги разгоруваат шумските пожари на Пиринејскиот Полуостров и во Франција. Се очекува денеска да биде најтоплиот ден од овој топлотен бран, според државната метеоролошка агенција на Шпанија, АЕМЕТ. Како што соопшти АЕМЕТ, долините околу трите големи […]