Државата не му дозволува на 10-годишно силувано девојче во САД да абортира


Дваесет и седумгодишен маж во американската сојузна држава Охајо обвинет е дека силувал 10-годишно девојче, кое пак, заради најновата одлуката на Врховниот суд во својата сојузна држава, не може да абортира, пренесува Би-би-си.

Силувачот Хершон Фуентес вчера се појави на суд во градот Колумбос. Американскиот претседател Џо Бајден зборуваше во Белата куќа за овој случај.

Инаку, милиони жени го изгубија правото на абортус по одлуката на Врховниот суд во САД во мај. Во говорот минатиот петок во кој ја осуди пресудата, претседателот Бајден покрена извештај за случајот на ова дете, налутено велејчи: „Замислете да сте тоа девојче!“.

Му се заканува доживотна робија

Неколку часа по одлуката на Врховниот суд, законодавците во Охајо забранија абортус по шест недели бременост, без разлика дали се работи за жртви на силување или инцест. Според локалните медиуми, детето било трудно шест недели и три дена. Обвинетиот признал дека го силувал девојчето, а тоа го потврди и ДНК анализата.

Фуентес е државјанин на Гватемала и е илегално во САД, пренесе Фокс њус, цитирајќи непознат извор. Ако биде осуден, му се заканува доживотна робија. Случајот прв пат е претставен пред јавноста на 1 јули со неколку детали во IndyStar. Додека другите медиуми се обидуваа да ја потврдат приказната, истакнати републиканци почнаа да ја доведуваат во прашање нејзината вистинитост.

Меѓу скептиците беше и конгресменот Џим Џордан, републиканец од Охајо, кој на Твитер објави дека приказната е лага. Твитот неодамна беше избришан.