Планови на ЕУ: Греење само до 19 степени


  Со оглед на можната гасна криза, економијата и потрошувачите би можеле да се соочат со значителни мерки за заштеда на енергија. Нацртот за план за вонредни состојби на Европската комисија предвидува јавните згради, канцелариите и комерцијалните објекти да се загреваат до максимум 19 степени од есен, како што објави ДПА, која тврди дека го […]

Виртуелно може да ја облечете инаугуративната тоалета на Мишел Обама


САД- Ако сонувате да се облекувате како Мишел Обама, сега е вашата шанса – барем онлајн. Џејсон Ву ќе го објави својот прв NFT во форма на дигитално нослива копија од инаугуративната балска тоалета на поранешната прва дама во 2009 година. Додека оригиналната креација од свила и органза од слонова коска се наоѓа во Националниот […]

Пајак-службата отстранува возила од тревници во Аеродром


Инспекциските служби на Општина Аеродром почнаа голема акција за отстранување на возилата кои се непрописно паркирани и ослободување на патеките, тревниците и плочниците. За отстранување на возилата, Општината ангажира пајак-служба, а несовесните возачи добиваат парични казни. Целта на оваа акција е да се отстранат возилата од местата кои не се наменети за паркирање, со што […]

Летни попусти и голема летна распродажба во Скопје Сити Мол!


Секоја година јавноста со нетрпение ги очекува големи летни попусти! Оваа година Skopje City Mall и брендовите обезбедија повторно високи попусти односно навистина ”жешки летни” цени за своите посетители. Во месец Јули во Скопје Сити Мол започнуваат најголемите попусти и промоции кои продавниците ќе ги понудат на летните колекции. „Месец Јули е секогаш атрактивен за […]

Доаѓа „Кентаур“, подваријанта на коронавирусот која се шири многу брзо


Виролозите изразија загриженост за појавата на уште еден субваријантен омикрон-сој на новиот коронавирус кој брзо се шири во Индија, а веќе пристигна и во Велика Британија. Предупредувањето дојде откако британските пратеници повикаа на двоен напор за да се убедат речиси три милиони возрасни лица во Англија кои сè уште не примиле ниту една доза од […]

Од утре, жичарницата и трите автобуски линии до Водно продолжуваат со работа


Од утре, петок (15.07.2022 година) жичарницата и трите автобуски линии до Средно Водно ќе продолжат со вообичаена работа. Согласно Одлуката за работно време за Жичарницата, таа работи секој ден, освен понеделник и секој последен вторник во месецот, од 10 до 20 часот, при што во период од 19-19.30 часот е последно возење од долу кон […]

Авиокомпанијата „SAS“ губи дневно 13 милиони долари, пилотите штрајкуваат веќе 11 дена


Пилотите во авиокомпанијата „SAS“ штрајкуваат веќе 11 дена, а со штрајкот се засегнати стотици илјади туристи, пред се оние од скандинавските земји. Претставниците на работодачавот и на синдикатите во текот на вчерашниот ден ги продолжија преговорите по новиот колективен договор што беа прекинати на 4 јули, но не успеаја да ги надминат несогласувањата. Се очекува […]

Почната е постапката за екстрадиција на хрватскиот државјанин Иванагиќ


 Почната е постапка за екстрадиција на хрватскиот државјанин Даниел Иванагиќ, информираа денеска од Министерството за правда. Иванагиќ се води како коспоственик на консултантското друштво „Интерхолдинг“, кое се споменува во случајот со притворањето на поранешниот генерален секретар на Владата Мухамед Зекири и „Македонска пошта“. – Добиено е известување од ИНТЕРПОЛ Скопје дека Иванагиќ е лишен од […]

„Панасоник“ гради фабрика за батерии за електромобили во САД


Јапонската корпорација „Панасоник“ планира во американската сојузната држава Канзас, да изгради уште една фабрика за производство на батерии за електрични автомобили. Проектот вреди четири милијарди долари, објави „Волстрит журнал“. Според наводите, компанијата веќе станува една од најголемите во областа на производството на батерии. Отворањето на погонот се очекува да отвори до 4.000 работни места. „Панасоник“, […]

Луј Витон и Најк ги имаат најочекуваните патики за 2022 – удобност со допир на луксуз


САД- Патиките како резултат на соработката на Луј Витон и Најк Ер Форс 1 на Вирџил Аблох треба да бидат промовирани следната недела. Првите девет бои на најочекуваните патики во 2022 година ќе бидат промовирани во вторник, на 19 јули, според белешката на веб-страницата на модната куќа.  Оваа година е 40-тиот роденден на Air Force […]

Митреска: Централните банки забрзано работат на истражувања за воведување дигитални валути


Во глобални рамки, централните банки забрзано работат на истражување за воведување сопствени дигитални валути. Во следниот период, централните банки веројатно ќе му се посветат на развојот на целокупниот екосистем потребен за поддршка на националните дигитални валути. Народната банка им се приклучува на овие трендови преку веќе најавените првични активности за истражување на потребата и можностите […]

Високо станува регионален тениски центар – Ѓоковиќ тука ги полни батериите


  Босна– Неодамна крунисаниот шампион на Вимблдон Новак Ѓоковиќ во средата пристигна во Босна за да ги отвори тениските терени во „пирамидалниот парк“ што редовно го посетува за да ги наполни батериите. Тениската ѕвезда, позната по своите духовни интереси за новото време, го сака ридскиот град Високо, каде што илјадници луѓе секоја година се собираат […]

Скапоцен накит + ѕвезди – во Париз промовирани најновите колекции


Франција– Никол Кидман и Ким Кардашијан можеби се најдоа на насловните страници чекорејќи по пистата на најновата модна колекција на Баленсијага, но тие беа далеку од единствените ѕвезди што се појавија на настаните за мода и накит во Париз минатата недела. Додека презентациите со висока мода имаат тенденција да го заземаат лавовскиот дел од насловите, […]

Министерот Спасовски апелира за мирен протест и свесност и одговорност во постапките


  И денеска како и сите изминати денови откако почнаа ненајавените протести, упатувам апел за практикување на мирен протест како дел од дијалогот, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил. Тој наведува дека дијалогот продолжува на денешните собраниски седници на кои е најавено обраќање на претседателката на Европската комисија, Урсула фон […]

Шести ден продолжува потрагата по исчезнатото момче на Халкидики


  Крајбрежната служба на Грција и спасувачките екипи и денеска, шести ден по ред, ја продолжуваат потрагата по исчезнатиот македонски државјанин на Халкидики, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за надворешни работи на Северна Македонија синоќа соопштија дека „како и досега во потрагата ќе бидат вклучени неколку брода на грчката крајбрежна стража, хеликоптер, […]

Вечерва завршува „Синедејс“ – премиера на „Нема да си сама“ на Столевски


Со доделување на наградите и проекција на филмот „Нема да си сама“ на македонско-австралискиот режисер Горан Столевски, во МКЦ Парк вечер во 21 часот ќе заврши 21. Фестивалот на европски филм „Синадејс“. Во изминатите осум дена на различни локации низ Скопје беа прикажани 50 филмови во повеќе селекции, од кои натпреварувачки се – Официјалната и […]

Супермесечина над Њујорк


Полната Месечина во овој јули е особено сјајна и голема- што впрочем можеше да се забележи и над облакодерите на Њујорк. Имено ова е најголемата Супермесечина во 2022 година. „Ноќните птици“ односно љубителите на ноќните забави во американската метропола беа наградени со прекрасна глетка. Тие можеа над облакодерите на Њујорк да ја видат типичната за […]

Од утрово затворена улицата пред Собранието


Улица „11 Октомври“ утрово веќе е затворена за сообраќај откако за во 12 часот денеска е најавен протест пред Собранието. Затворени се улиците од крстосницата кај Црвен крст до деловниот центар „Палома бјанка“. Може да се забележи засилено присуство на полицијата во паркот Жена борец, околу Зелено пазарче, на Кејот и на плоштадот „Македонија“. Пред […]

Ковачевски ќе се обрати на седницата на која ќе се расправа за Информацијата за предлог преговарачката рамка


Претседателот на Владата Димитар Ковачевски денеска ќе се обрати на 81-та седница на Собранието на која ќе се расправа за Информацијата за содржината на Предлог преговарачката рамка за пристапните преговори со Европската Унија, предложена од страна на Претседателството на Франција со Советот на Европската Унија. Ковачевски во интервју за МИА вчера изјави дека од пратениците […]

Киев: Русија врши „екоцид“ во Украина


Војната во Украина уништува шуми, ги загадува ораниците што се полни со мини, а и водата е загадена, предупреди украинскиот министер за животна средина Руслан Стрилец. Тој во обраќањето пред учесниците на неформалниот состанок на ЕУ во Прага, која претседава со Унијата, рече дека руската инвазија уништила три ​​милиони хектари украински шуми. Според него, во Украина […]