Супермесечина над Њујорк
Полната Месечина во овој јули е особено сјајна и голема- што впрочем можеше да се забележи и над облакодерите на Њујорк. Имено ова е најголемата Супермесечина во 2022 година.
„Ноќните птици“ односно љубителите на ноќните забави во американската метропола беа наградени со прекрасна глетка. Тие можеа над облакодерите на Њујорк да ја видат типичната за јули Супермесечина. Станува збор за наголемата полна Месечина на годината, со оглед дека месечината деновиве е особено блиску до Земјата. (ДВ)