Бајрам Бегај на 24 јули и официјално станува шеф на албанската држава


Новоизбраниот претседател на Албанија, Бајрам Бегај на 24 јули и официјално ќе ја преземе функцијата, кога ќе даде свечена заклетва на посебна седница на Парламентот, јави дописничката на МИА од Тирана. За денот на одржување на седницата се договорија координаторите на пратеничките групи. По пленарната седница, Бегај ќе замине во претседателската резиденција каде се очекува […]

Одбиено тужбеното барање на Камчев за оштетното побарување од Боки-13 и Катица Јанева


Основниот суд Скопје 2 го одби тужбеното барање на Орце Камчев за оштетното побарување од Бојан Јовановски – Боки 13 и Катица Јанева за случајот „Рекет“. Како што стои во соопштението од Основниот Граѓански суд, со пресуда тужбеното барање е одбиено како неосновано. При објавата, судијата – претседател на советот во образложение на ваквата одлука […]

Грција со два авиона ѝ помага на Франција во гаснењето на шумските пожари


Два авиона од типот Канадер испрати Грција во Франција за да помогнат во гаснењето на големите шумски пожари во југозападниот дел на земјата, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за климатска криза и цивилна заштита на Грција соопштија дека земјата веднаш одговорила на барањето за помош на француските власти, испратено преку Европскиот механизам […]

Поранешниот директор на „Отворена Русија“, Андреј Пивоваров, осуден на четири години затвор


  Окружниот суд Ленински во Краснодар, Русија, го осуди Андреј Пивоваров, поранешен извршен директор на „Отворена Русија“, на четири години во казнена колонија, пренесува Интерфакс. Пивоваров беше прогласен за виновен според кривичниот член за активности на „непожелна организација“ (член 284.1 од Кривичниот законик на Руската Федерација). Исто така, осум години му е забрането да се […]

Производителите на помфрит одбиваат да го снабдуваат наследникот на „Мекдоналдс“ во Русија


  МОСКВА – Шефот на компанијата што сега го води поранешниот синџир на ресторани на „Мекдоналдс“ во Русија изјави за ТВ РБЦ дека производителите на помфрит одбиваат да испорачаат на земјата и предупреди дека обидите за зголемување на домашната преработка е преполна со тешкотии. „Мекдоналдс“ ја напушти Русија по реакцијата на Западот против воената кампања […]

Шефот на „Визер“ предупредува: Проблемите со патувањето допрва ќе следат


  Нема брзо решение за проблемите на воздухопловната индустрија, вели извршниот директор на „Визер“, Јожеф Варади. Шефот на унгарската авиокомпанија рече дека воздухопловната индустрија и владите ја потцениле брзината на закрепнување од Ковид-19 и во интервју за „Политико“ тврдеше дека „неверојатно некорисните“ штрајкови на работниците ги влошиле проблемите. Бројот на летови низ Европа значително се […]

Три земји на ЕУ добиваат 433 милиони евра за помош на украинските мигранти


  Белгија– Белгија, Италија и Луксембург ќе добијат 433,79 милиони евра преку РЕакт-ЕУ за да им се помогне на Украинците кои се наоѓаат во овие земји, јави дописничката на МИА од Брисел. Помошта за украинските мигранти во Белгија изнесува 33,4 милиони евра за да им се помогне да се интегрираат на пазарот на трудот и […]

Нема нови Ковид-мерки, за 79,9 отсто зголемен бројот на нови случаи


Комисијата за заразни болести, на денешниот состанок ја разгледа актуелната епидемиолошка состојба во земјата и констатирано е дека има зголемување на бројот на нови случаи со Ковид. Согласно методологијата за одредување на ризикот од Ковид-19 се зема предвид и процентот на хоспитализирани случаи, процентот на слободни болнички кревети, како и бројот на тешко болни и […]

Нови 504 случаи со Ковид-19, пријавени две починати лица


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.385 тестови, а регистрирани се нови 504 случаи на Ковид-19: Скопје – 264, Битола – 38, Велес – 30, Куманово – 26, Прилеп – 25, Кавадарци – 19, Тетово и Струмица – по 15, Струга – 11, […]

Изложба на македонски и бугарски уметници во Ловеч


Во организација на Културно-информативниот центар на Северна Македонија во Софија во соработка со уметничката галерија „Проф. Теофан Сокеров“, синоќа во бугарскиот град Ловеч беше отворена изложба под наслов: „Слобода?!“, на која се претставени дела на 15 современи македонски и бугарски уметници, јави дописникот на МИА од Софија. Како што информира Втората програма на Бугарското национално […]

Разрешениот директор на ЗОО Скопје смета дека не е „убиец“ на животни, ќе докажува дека е невин


Кристијан Стаменов, директорот на ЗОО Скопје, кој вчера по скандалот со закланите коњи беше разрешен од функција, денеска на прес-конференција рече дека не е убиец и ќе ја докаже својата невиност пред институциите. -Постапката е одраз на правилно спроведување на заштитата на животните. Запазени се сите законски процедури – изјави тој, додавајќи дека и во […]

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ ја направи Фон дер Лајен нацист!


СДСМ  ја оцени како скандалозна квалификацијата искажана од собраниската говорница од страна на пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ со која таа направи паралела межу претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен и нацистите. Инаку Лајен е од европските народни партии каде што е и ВМРО-ДПМНЕ, а нејзината партија во Германија редовно ја помага нашата опозициска партија.   […]

Инфлацијата во Бугарија стигна до 16,9 отсто


  Поскапувањето на стоките и услугите во Бугарија продолжи и во првиот месец од летото. Годишната инфлација заклучно со јуни годинава достигна 16,9%, измерена во однос на истиот месец лани. Од почетокот на годината растот на цените е веќе 10,1%, а во однос на претходниот месец е 0,9%, покажуваат официјалните податоци на Националниот статистички институт. […]

Стопанска банка АД – Скопје е прогласена за најдобра банка во земјава од страна на „Еуромани“


Стопанска банка АД – Скопје е прогласена за најдобра банка во земјава на престижните награди #EuromoneyAwardsforExcellence, 2022! Euromoney magazine, соопштија од банката. Прогласување на најдобрите банки се одржа на гала вечера во Лондoн каде што на претставниците на Стопанска банка им беше врачено признанието кое е едно од најзначајните во светската банкарска индустрија. Свечената статуетка […]

Дмитриј Рогозин отпуштен како шеф на „Роскосмос“


  Дмитриј Рогозин е разрешен од функцијата шеф на „Роскосмос“. На негово место беше назначен Јуриј Борисов, кој претходно беше вицепремиер на Руската Федерација. Релевантните декрети потпишани од рускиот претседател Владимир Путин се објавени на веб-страницата на Кремљ. Сѐ уште не е објавено новото назначување на Рогозин. Борисов (65) работи како вицепремиер од мај 2018 […]

Менаџерката на Скопје без осет за менаџери


  Осум месеци по стапувањето на функцијата градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска, мака мачи да го одржи предизборното ветување дека директори на јавни претпријатија во главниот град ќе се бираат на конкурс и спорeд соодветни квалификации, а не по партиски образец. Скандал до скандал се нижат за директорите на јавните претпријатија во Скопје, па […]

ЕУ додели грант од 137,9 милиони евра за железничката пруга што ја поврзува Тирана со Подгорица


Европската унија, во рамките на економскиот план и вложувања во Западен Балкан, со 137,9 милиони евра ќе ги финансира работите за рехабилитација на железничката пруга што ја поврзува Тирана со Подгорица. Веста ја соопшти делегацијата на Европската Унија во Албанија, која наведува дека оваа инвестиција во форма на грант од ЕУ ќе започне во третиот […]

Од вувузелите, навредите и заканите расправата во Собранието стана бесмислена


  Она што требаше да биде соочување на аргументи, па и можно усогласување на консензуални заклучоци на Собранието што треба да ѝ бидат доставени на Владата околу француско-европскиот предлог за кревање на бугарското вето, се претвори во заглушувачка еднострана „дискусија“. Поради жестокиот звук на вувузелите и свирчињата од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на телевизискиот пренос можеа […]

Падна „крофна-мафијата“ во Грција: За нив евро, за продавачите 50 центи


Грчката полиција успеала да ги уапси сите членови на криминалната организација позната како „крофна-мафија“, која дејствувала на плажите на Халкидики, пренесе Макфакс. Уапсени се 12 лица на возраст од 17 до 52 години, заедно со водачот на групата, 39-годишен Грк, јавуваат грчките медиуми. Тие се уапсени за кривични дела злосторничка организација, изнуда, трговија со луѓе, […]

Вонредна состојба во Велика Британија поради високите температури


 Британската национална метеоролошка служба денеска прогласи вонредна состојба и издаде предупредување за екстремни горештини за делови во земјата во понеделник и во вторник. Се тврди дека температурите може да бидат рекордни. – Вонредни, можеби рекордни, температури се веројатни во понеделник, а потоа и во вторник, соопшти службата на својот сајт. Во Велика Британија „веројатно и […]