Велешанец, до смрт, претепал сограѓанин во казино


По преземени мерки и активности и координација на СВР Велес, СВР Струмица и Основното јавно обвинителство Велес, на 14.07.2022 во 22.45 часот на место викано „Стара Мрдаја“ во Стар Дојран, полициски службеници од ОВР Гевгелија го лишиле од слобода Г.Ш.(43) од Велес. Тој се сомничи дека на 09.07.2022 во казино во Велес го нападнал и […]

Мартин Костовски: Бараа расправа, а сега палат хартии, свират, врескаат…


Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со месеци бараа дебата за францускиот предлог, а кога тој стигна овде во Собранието и кога треба да усвоиме заклучоци, тие не дозволуваат ниту да се дебатира по него, изјави денеска на прес конференција во Собранието, пратеникот на СДСМ Мартин Костовски, додавајќи дека последните случувања во собраниската сала покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ е […]

Топлотниот бран лошо влијае врз квалитетот на воздухот во Европа


Топлотниот бран во Европа предизвикува влошување на квалитетот на воздухот, особено во градовите, изјави денеска на прес-конференција во Женева претставникот на Светската метеоролошка организација (СМО), Лоренцо Лабрадор. – Воздухот што не се движи не дозволува да се распрснуваат атмосферските загадувачи, вклучително и штетните честички, рече Лабрадор. Тој посочи дека атмосферските загадувачи го намалуваат квалитетот на воздухот и се штетни за здравјето на луѓето.

Бензините поевтини за три денари, дизелот со иста цена


 Цената на бензините од полноќ се намалува за три денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажните цени на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство остануваат непроменети. Според тоа, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 102,5 денари за литар, а Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 104,5 денари за литар. Цената на […]

Млади математичари од државава освоија четири медали на Интернационална математичка олимпијада


Шест млади математичари од државава освоија два сребрени, два бронзени медали, како и пофалници на 63. Интернационална математичка олимпијада (ИМО 2022). Како што информираше Сојузот на математичари, Никола Спировски и Дамјан Давков од македонската репрезентација освоија сребрени медали, Блаже Суклевски и Јан Стојановски бронзени, додека Алексиј Тасиќ и Јасна Илиева добија пофалници. Водач на тимот […]

Бугарско ВМРО гневно по говорот на Урсула фон дер Лајен


„Зошто молчите Борисов, Петков, Василев, Карадаи, Бојкикев-Иванов? Ја продадовте Бугарија! Скандалозно е!“, напишаа од ВМРО во својот став. Реакцијата дојде како одговор на вчерашниот говор на претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, пред Собранието во Скопје. Таа од највисоката позиција во ЕУ го призна македонскиот јазик и идентитет на позадината на повеќеилјадните протести против документот што […]

Во сообраќајка во тетовско Слатино загина 19 годишник


 Во сообраќајна несреќа во тетовско Слатино животот го загуби 19 годишнно момче од Теарце. Несреќата се случила околу 17 часот. – На локален пат во тетовско Слатино се случила сообраќајна несреќа во која учествувал мотоцикл што го управувал 19 годишник од тетовско Теарце и трактор со приколка без регистерски ознаки што го управувал 60 годишен […]

Маричиќ за „Блиц“: Францускиот предлог ги задоволува сите наши забелешки


Со изменетиот, пречистен, дополнет француски предлог, го добивме она за што се бориме со години – чиста формулација на македонскиот јазик, без никакви фусноти, ѕвездички или објаснувања, што за нас беше најважно во зачувувањето на нашите национални интереси, вели вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ во ексклузивно интервју за белградски „Блиц“. – Успеавме да […]

Центар иницира измена на Законот за градежно земјиште: Место со 30 да треба 70 отсто сопственост за дооформување земјиште


На вчерашната 12-та седница на Советот на Општина Центар, покрај останатите точки, градоначалникот Горан Герасимовски до советниците поднесе предлог иницијатива за измена и дополнување на постоечкиот Закон за градежно земјиште. Општина Центар преку анализа на законското решение, а во рамките на овластувањата со што врши работи за располагање со градежното земјиште, до Министерството за транспорт […]

Дујовски: Одбивањето на предлог-рамката ќе предизвика ретроградни процеси


 Одбивањето на францускиот предлог ќе значи ретроградни процеси коишто можат да не оддалечат и повторно да не остават сами. Во таа ситуација членството во НАТО може да помогне, но сигурно нема да ја гарантира безбедноста на начин како што тоа ќе биде со полноправното членство на нашата држава во ЕУ, изјави деканот на Факултетот за […]

Спасовски: Убивањето животни нема да се толерира, постапката со ЗОО да заврши до крај


Полициските службеници вчера во Зоолошката градина во Скопје се соочија со слика која не доликува на ниту еден граѓанин, а камоли на институција која се занимава со одгледување животни, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, за вчерашниот настан во Зоолошката градина во Скопје, каде беа заклани 12 коњи и една мазга за да се […]

Шилегов: Дали било однапред планирано Зоолошка да стане кланица?


Екс-градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов се осврна на скандалот со Зоолошката градина во Скопје каде вчера таму беа затекнати неколку вработени како касапат коњи. Поради тоа МВР лиши од слобода 5 лица, четворица вработени и едно надворешно лице, а против нив и директорот на Скопје ЗОО, Кристојан Стаменов,  поднесе кривични пријави. „Во буџетот на Град […]

Рекордно поскапување во Хрватска


Потрошувачките цени во Хрватска во јуни пораснале за 12,1 отсто во однос на истиот месец лани, што е највисока стапка на инфлација откако Државниот завод за статистика (ДЗС) ги чува овие податоци, а најмногу е последица на поскапувањето на горивата и храната. Цените на стоките и услугите за лична потрошувачка, мерени преку индексот на потрошувачките цени, пораснале за 1,1 […]

Голоб: Преку енергетска солидарност и синергија до зима без рестрикции


Словенечкиот премиер Роберт Голоб изјави дека енергетската солидарност и изнаоѓање синергија е единствениот начин Европската унија да избегне редукции во текот на престојната зима, а недостигот од руски гас да се компензира преку намалување на негово трошење за производство на електрична енергија. Голоб за телевизијата „ПОП-ТВ“ изјави дека петтина од целата потрошувачка на гас во […]

Шумски пожар во источниот дел на областа Атика, превентивно евакуирана населба


 Кусо по 11 часот по локално време, избувна шумски пожар во општина Саронида што се наоѓа во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, а превентивно се евакуирани жителите на една населба, јави дописничката на МИА од Атина. Силниот ветер создава дополнителни проблеми,  бидејќи го отежнува гаснењето, но и брзо го шири пожарот. […]

Супер намалување на стилските парчиња во продавниците на Fashion Group!


Месец јули знае да биде посебен по многу работи, а дефинитивно една од нив се и сезонските намалувања што со себе секогаш носат толку многу шик парчиња. Како и секоја летна сезона, така и оваа, Fashion Group и официјално ги стартува деновите на летните попусти во сите ваши омилени брендови. Вистинските обожаватели на брендовите на […]

Со популизам не се гради изгорениот дом „Копанки“ на Пелистер


  БИТОЛА – И по девет и пол години од големиот пожар, планинарскиот дом „Копанки“ на Пелистер, никако да се изгради. Битолските партии и политичари, „Копанки“ го третираат како фетиш, па нема избори тој да не влезе во барабанот за привлекување на гласовите на битолчани. Па така, како политичко ветување и на последните локални избори, […]

Вонредна инспекциска контрола на АХВ во ЗОО во Скопје, месото од закланите коњи ќе се уништи


Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), вчера попладне спровеле вонреден инспекциски надзор во Зоолошката градина на Град Скопје, по добиената информација од Министерството за внатрешни работи (МВР) и медиумите дека таму нелегално се заклани десеттина коњи, чие месо ќе се користи за исхрана на дивите животни. – Со контролата, утврдено е дека […]

Истекува рок за поднесување апликации за закуп на земјоделско земјиште над три хектари


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) потсетува дека на 21 јули истекува рокот на кој земјоделците може да аплицираат за двата јавни огласи за закуп на земјоделско земјиште над три хектари со намена за подигнување на долгогодишни насади и производство на сточна храна. Како што информираат оттаму, преку овие два јавни огласи на располагање […]

Синџирот на „Старбакс“ во Русија ќе добие нови сопственици, Руси


  Рускиот угостител и основач на Pinskiy&Co Антон Пински, раперот Тимати (Тимур Јунусов) и компанијата „Синдика“ на сенаторот Арсен Каноков ќе станат нови сопственици на бизниси на американскиот синџир кафеа „Старбакс“ во Русија. Тоа го изјавил Пински за „Форбс“. Бизнисменот не ги откри условите на договорот, само рече дека дал понуда за откуп во март. […]