Стопанска банка АД – Скопје е прогласена за најдобра банка во земјава од страна на „Еуромани“


Стопанска банка АД – Скопје е прогласена за најдобра банка во земјава на престижните награди #EuromoneyAwardsforExcellence, 2022! Euromoney magazine, соопштија од банката.
Прогласување на најдобрите банки се одржа на гала вечера во Лондoн каде што на претставниците на Стопанска банка им беше врачено признанието кое е едно од најзначајните во светската банкарска индустрија.

Свечената статуетка за најдобра банка во име на Стопанска банка ја примија Илиас Пападопулос, Сениор директор за управување со кредитен ризик и Дејан Крстевски, Директор на секторот за мали компании, кои беа дел од свечениот настан во Лондон.

– Тоа што Стопанска банка е годинашен добитник на престижната награда Euromoney Awards for Excellence претставува потврда за нашата континуирана работа, надградба и посветеност кон нашите клиенти, нашите вработени и кон заедницата, дури и во услови на предизвиците кои ги донесе пандемијата.

Исклучително сме горди на целиот наш тим кој со своето посветено залагање континуирано придонесува за позитивните резултати на Банката, но и бескрајно сме им благодарни на нашите клиенти за долгогодишната доверба.

-Покрај тоа што ни претставува гордост, оваа награда за нас е и заложба да продолжиме заедно кон уште поголеми успеси – вели Диомидис Николетопулос, Генерален извршен директор и Претседател на Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје.