МОН: Одземени ингеренциите на општина Тетово за именување и разрешување директор во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“


Министерството за образование и наука денеска соопшти дека го одзема вршењето на работите на општина Тетово за именување и разрешување на директор на Средното општинско училиште Гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ – Општина Тетово затоа што и покрај укажувањата и преземените мерки и активности од Државниот просветен инспекторат не обезбедила извршување на работите кои со закон се […]

Бензините поевтинуваат за 2 до 2,5 денари, цената на дизелот останува иста


Од ноќеска на полноќ бензините ќе поевтинат, а цената на дизелот, мазутот и Екстра лесното масло за домаќинство останува иста, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). ЕУРОСУПЕР БС-95 поевтинува за 2,5 денари и литар ќе чини 98,50 денари, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за два денара и ќе изнесува 101 […]

Бројките одат вртоглаво нагоре – нови 792 случаи на ковид, 44 отсто од примероците


  Од ден во ден бројките на нови инфекции со Ковид-19 добиваат сѐ поголеми размери. Подваријантата на Омикрон се шири без запирање. Бројот на активни случаи изнесува веќе 3.595. Министерството за здравство објави дека се регистрирани 792 нови случаи на ковид од направени 1.774 тестови, што изнесува дури 44 отсто од примероците. Најмногу нови случаи […]

Жени авторки доминираат на 43. ИФФК „Браќа Манаки“ од 20 до 27 август во Битола


  Најновото 43-то издание на  Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ ќе се одржува од 20 до 27 август во Битола. Ова издание е подолго од претходните две или ќе се одвива вкупно осум дена, соопшти на денешната прес-конференција директорот на ИФФК „Браќа Манаки“, Симеон Мони Дамевски. – Фестивалот ќе изобилува со програми, натпреварувачки, […]

Британец освои 195 милиони фунти на лото


Британец освоил рекорден џек-пот од 195 милиони фунти на лотаријата „Евромилионс“ (EuroMillions). Ова е најголемата добивка во историјата на лотаријата, а претходниот рекорд беше 184 милиони фунти – од мај оваа година, објави операторот „Камелот“. Добитните броеви на извлекувањето вчеравечер беа 6, 23, 27, 40, 41, 2 и 12. Извлекувањето на „Евромилионс“ се одржува двапати […]

Измамена кавадарчанка, лажен јавен обвинител и одзел 12 илјади денари


Измамена е кавадарчанка, на коај лажен јавен обвинител и одзел 12 илјади денари, информираа денеска од СВР Велес. Оттаму појаснија дека станува збор за 62-годишна жена која случајот вчера го пријавила во полиција. -Според пријавеното, лицето ѝ се јавило, се претставило дека е јавен обвинител од Скопје и дека против нејзиниот син наводно се водела […]

Банките во еврозоната ги заострија условите за кредитирање


Банките во еврозоната ги заострија условите за кредитирање на домаќинствата и компаниите во вториот квартал поради големата неизвесност и растот на цените, покажа истражувањето на Европската централна банка (ЕЦБ). Значително се заострија условите за одобрување станбени кредити во периодот од април до јуни, наведуваат банките во анкетата на ЕЦБ. Умерено се заострени условите за потрошувачки […]

Во Хрватска починаа уште 12 пациенти со Ковид-19


Во Хрватска денеска забележани се 2.239 нови случаи на зараза со корона вирус, а починаа 12 пациенти. На болничко лекување се 560 лица, а од нив на респиратор се 16 пациени Бројот на активни случаи заразени со корона вирус во Хрватска денеска се вкупно 10.376.

ММФ: Прекинот на испораки на руски гас тешко би ја погодило централна Европа


Суспендирањето на испораките на руски гас тешко ќе ги погоди економиите во Централна и Источна Европа, додека алтернативните извори на снабдување и течниот гас ќе го ублажат ударот, се наведува во студијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Намалените испораки на руски гас веќе влијаат на економскиот раст во Европа, но последиците од целосното затворање би […]

Реконструкција на покривот на детската градинка во општина Илинден


Во детската градинка ,,Гоце Делчев” во општина Илинден во тек е реконструкција на покривот. Во градинката се вршат градежни работи, односно промена на салонитните табли со поставување на пластицифиран лим на површина од 542 метри квадратни. Увид во работните активности на градинката денеска направи градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски кој истакна дека целта е […]

Сопранот Марија Јелиќ и Оркестарот од Нови Сад на „Охридско лето“- волшебен амбиент на „Долни Сарај“


Извонредниот глас на сопранот Марија Јелиќ од Србија  синоќа  одекна на сцената „Долни Сарај“, а прекрасниот амбиент беше надополнет со врвните музичари од Оркестарот на Операта на Српскиот народен театар од Нови Сад, Србија раководени од аргентинскиот диригент Луис Горелик. Солистката на вечерта Марија Јелиќ која има и македонско потекло, фестивалската публика имаше можност да […]

Шумски пожари во Италија, стотици евакуирани, експлозија на резервоари со гас


  Пожарникарите во Тоскана, Италија, денеска се борат со шумски пожар поради кој се евакуриани стотици жители, а кој предизвика експлозија на резервоари со гас, а во северна Италија чадот од пожарите го присили државниот бродоградител „Финкантиери“ да ја затвори фабриката во која има 3.000 вработени. Шумските пожари избија оваа недела во неколку делови на […]

Двајца битолчани осомничени за крадењето бакарни цевки во струшкиот Завод за нефрологија


Двајца битолчани се осомничени за крадењето бакарни цевки од централниот довод за медицински гас во Специјалната болница за нефрологија во мај годинава, соопшти денеска СВР – Охрид. Одделението за внатрешни работи – Струга поднело кривична пријава против Ѓ.В. (29) и Б.В. (23), двајцата од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела […]

Бухова: Немам контакти со Жан Митрев, во болницата се направени три редовни и девет вонредни инспекциски надзори


  Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) Иринка Сотирова Бухова тврди дека нема, ниту претходно, во изминатите 22 месеца, имала контакти со Жан Митрев. -И ДСЗИ и лично мене не интересира кој е тој што од институцијата контактирал со Жан Митрев. Најодговорно тврдам дека не во последните 22 месеца додека траела студијата, туку […]

Уапсени 18 конгресмени на протестот во Вашингтон против забраната на абортусот


  Неколку истакнати демократски членови на Конгресот беа уапсени во средата за време на протестот за поддршка на правата за абортус пред врховниот суд, како последица на историското поништување на законот Роу против Вејд минатиот месец. Политичарите се собраа пред американскиот Капитол пред да маршираат до зградата на судот, извикувајќи „наши тела, наш избор“ и […]

По најавите ва високи температури, екипи на Црвениот крст ќе патролираат низ Скопје


По најавите за екстремно високи температури кои ќе го зафатат градот Скопје и околината, 30 обучени волонтери со возила на Црвениот крст ќе бидат на терен и ќе патролираат на најфекфентните локации во градот – автобуски постојки, амбуланти, пазари… во текот на работните денови во периодот од 21 до 28 јули. На овие локации, како […]

Варијантите на Омикрон и Делта со различни симптоми на Ковид, покажа студија


  Англија– Главните симптоми на варијантата Omicron COVID-19 може да се разликуваат од симптомите што беа вообичаени на почетокот на пандемијата. Омикрон, исто така, може да биде помалку тежок од варијантата Делта, вели студија од Велика Британија.  Луѓето со Омикрон често пријавуваат болки во грлото и рапав глас, кои не биле толку распространети во случаите […]

И вработените во Општина Гази Баба со 2.800 денари повисоки плати


Вработените во општина Гази Баба ќе добијат повисоки плати за 2800 денари.   „Утрово заедно со преставници на Синдикалната организација во општина Гази Баба потпишавме измена на Колективниот договор со што ќе се изврши линеарно зголемување на платата на вработените во општинската администрација и вработените во ЈКП Гази Баба за 2800 денари. Високата инфлација, ценовниот […]

Почнува традиционалното „На зајдисонце“ во Трпејца


    Со изложба на слики од уметникот Мајкл Клос од Канада и настапот на бендот „8balls“, денеска почнува 11. издание на Културно-забавната манифестација „На зајдисонце“ во Трпејца, во организација на здружението „За Трпејца со љубов“. Според организаторот, годинашната манифестација, што ќе се одржува до 28 јули ќе понуди низа интересни содржини со кои ќе […]

Силен земјотрес го потресе Крит


Земјотрес со јачина од 4,5 степени го погоди денеска грчкиот остров Крит. Како што соопшти Атинскиот геодинамички институт, епицентарот на земјотресот бил седум километри северозападно од градот Аркалохори во регионот на Ираклион. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 13,6 километри, пренесува „Екатимерини“. Во септември 2021 година, Аркалохори беше погоден од земјотрес со јачина од […]